Забава

Зад сцената со Вемпс

Ѕирнете во сетот на „Would You“ со Music Galaxy Thursday.

Посакајте му добредојде на најновиот состав во Music Galaxy Thursday … Британската поп-рок сензација Вемпс. Формиран во 2012 година, и со над 900 милиони прегледи на YouTube, Вемпс е првиот бенд којшто настапил како главна ѕвезда на лондонската Арена О2 пет години по ред. Во 2018 година, бендот беше на 25. место на листата на глобални изведувачи, а нивниот албум од 2020 г. „Cherry Blossom“ дебитираше на 1. место на британските топ-листи.

Снимајќи за #SamsungMGT, добивме можност да појдеме зад сцената и да се подружиме со бендот на снимањето на нивниот најнов музички видеоспот „Would You“. Со момците претставувајќи го фантастичниот Galaxy Z Flip 5G – којшто влезе и во музичкиот видеоспот.

Долгоочекуваниот најнов сингл на бендот „Would You“ излезе на почетокот од овој месец. Песната во стил на зрел и свеж електричен поп има подеднакво супер видео. Сторијата ја следи животната приказна на еден пар и во неа гледаме како секоја мала одлука на тој пат има големо влијание врз нивните животи.

Видеото, главно снимано во источен Лондон, е прекрасно изработено и филмски снимено. Надреалната приказна започнува така што Бред го отвора Galaxy Z Flip 5G и овој уникатен паметен телефон се појавува во текот на целата бурна љубовна врска.

Погледнете што снимивме зад сцената за да дознаете што прават момците кога не снимаат камерите…

Немате секој ден можност да се дружите на сет со еден од најголемите машки бендови во моментов. И додека правевме селфија со Galaxy Z Flip 5G, научивме што е потребно за да се создаде импресивен музички видеоспот. Ексклузивен поглед на целиот процес од перспектива на режисерот – од почеток до крај.

Зад сцената со Вемпс, само на Music Galaxy Thursday Зад сцената со Вемпс, само на Music Galaxy Thursday

Сакате уште? Погледнете го целиот музички видеоспот тука.

Добијте повеќе од Music Galaxy Thursday

Следете ги нашите канали на социјалните мрежи за најнови неделни изданија и изненадувања.
Откривајте повеќе работи за вашите омилени изведувачи и запознавајте нови надежни таленти.
Само пребарајте #SamsungMGT.

Следно, прочитај ги овие приказни