Што е резолуција?

Резолуцијата се однесува на бројот на пиксели што може да ги прикаже еден екран. Колку е поголем бројот на пиксели што може да ги прикаже екранот, толку е подобар квалитетот на сликата. Основен Full HD има 1920 x 1080 пиксели (1080 p) и има построги стандарди, QHD (2560 x 1440 пиксели) и 4K UHD (3840 x 2160 пиксели).

Поголеми екрани, повисока резолуција

Густината на пикселите е уште еден фактор кога станува збор за квалитетот на сликата. За поголеми екрани е потребна повисока резолуција за да ја одржуваат истата густина на пиксели како помалите екрани со пониска резолуција. Мониторите со повисока резолуција овозможуваат појасни детали и повеќе простор на екранот.

Ти треба поширок екран?

Повеќето монитори се со сооднос на аспект 16:9 и се соодветни за гледање содржина и поголема продуктивност во работата. Меѓутоа, новите стандарди што вклучуваат 21:9 или дури и 32:9 нудат поширок приказ за подобар мултитаскинг и подобрена слика.

Избери монитор што ти одговара на стилот

Избери монитор што ќе ти помогне да го искористиш секој ден до максимум така што ќе се фокусираш на она што најмногу го користиш.

Дали си графички дизајнер или монтажер на видео материјали?

Избери голем екран со висока резолуција ако главно го користиш мониторот за да уредуваш содржина или работиш во областа на дизајн. Ултрависоката дефинција ќе ти помогне да создадеш префинети детали.

Сакаш да ги замениш двојните монитори?

Ако во моментов користиш повеќе монитори, но сакаш да го модернизираш работниот простор, разгледај го ултраширокиот монитор за непречен мултитаскинг и уредно поставување.

Се фокусираш на играта и содржината?

Ако сакаш да го подигнеш твоето доживување на забавата на повисоко ниво, избери поширок монитор со повисока резолуција. Заоблениот екран ќе го исполни твоето видно поле и ќе имаш чувство како целата содржина да те обзема.

Најди го совршениот монитор

Независно дали сакаш подобри услови за работа или да уживаш во нова содржина, портфолиото на монитори Samsung содржи разни монитори со различна резолуција и сооднос на аспект.

  • Резолуција

  • Сооднос на екран

Super Ultra-wide
  • 3440 X 1440
  • 21:9
Ultra WQHD
  • 3440 X 1440
  • 21:9
4K UHD
  • 3840 X 2160
  • 16:9
WQHD
  • 2560 X 1440
  • 16:9
FHD
  • 1920 X 1080
  • 16:9