Како да го користите преклопениот екран на Galaxy Z Flip

Допрете и повлечете со прстот за да го контролирате телефонот и да направите селфи, дури и кога е преклопен.  Преклопениот екран Ве известува веднаш, а контекстуалниот продолжеток ви овозможува со допир непречено да преминете до релевантните апликации откако ќе го отворите телефонот.

Брз увид во известувањата и одговарање на повиците без отворање на Galaxy Z Flip

Едноставно допрете и повлечете со прстот на преклопениот екран за да ги проверите системските предупредувања, известувањата за апликациите и пораките без да го отворате телефонот.

Ако е телефонот преклопен и заклучен, притиснете го  Странично копче или кликнете двапати на преклопениот екран за да се вклучи. Кога ќе допрете двапати на преклопениот екран, прво ќе се појават информациите за времето, датумот и батеријата 
 

Ако има известување за да отворите некоја апликација, лесно може да одите директно на неа. Допрете на известувањето на преклопениот екран, допрете уште еднаш, а потоа отворете го телефонот за да пристапите директно до избраната апликација.
 

Може да ја контролирате и апликацијата Spotify, но и други музички апликации од преклопениот екран.  Повлечете со прстот налево за да ја паузирате песната или да прескокнете на следната нумера.  

GIF-слика што покажува информации на преклопениот екран

Може да допрете на преклопениот екран и да повлечете надесно за да одговорите на повик или да повлечете налево за да го одбиете. Ако не користите слушалки или аудиогалантерија со Bluetooth, на преклопениот телефон ќе се активира звучникот кога ќе одговорите на повикот. Може да користите и Bixby за помош при јавувањето. Само кажете „Hi Bixby, call Mom.“ (Здраво Bixby, јави се кај мама)

 

Како да го поставите Bixby за да го користите кога ќе биде заклучен телефонот
 

Чекор 1. Отворете го телефонот и одете до Bixby Assistant Home.

Чекор 2. Отворете ја апликацијата, допрете на More options  (Повеќе опции) (три вертикални точки).

Чекор 3. Допрете  Settings (Поставувања), а потоа допрете го switch (прекинувач) веднаш до 'Use while phone locked (Користи при заклучен телефон). 

Брзо фотографирање без отворање на Galaxy Z Flip

Сликајте селфи со задната камера и гледајте на преклопениот екран без да го отворате.

За да ја активирате камерата кога е преклопен уредот, кликнете двапати на Страничното копче

Може да се фотографира со копчето за намалување на гласноста  и со гест со дланка.

Држење на телефонот в рака подготвен за сликање селфи
1 Странично копче: Допрете двапати за да ја активирате апликацијата за камерата
2 Volume key (Копче за гласност): Фотографирај
3 Икона за гест со дланка

Двоен преглед: И фотографот и субјектот може да го доживеат филмувањето

  • Двоен преглед: И фотографот и субјектот може да гледаат истовремено низ визирот со помош на копчето за опцијата On/Off (Вкл/Искл) на горната десна страна од менито во камерата.
слика на вклучен и исклучен двоен преглед
  • Индикатор за двоен преглед: Споделете ги информациите (тајмер, блиц, снимање) со субјектот за да може да се подготви, а фотографот да извади најдобра фотографија.
Слика на индикатори за двоен преглед

Благодариме за повратните информации