Кои се новите карактеристики и надградби на One UI 4.1?

One UI 4.1 располага со ажурирања за Вашите омилени карактеристики и функции. Секој дел од надградбата е направен имајќи го предвид доживувањето на корисниците, вклучувајќи ги надградбите на корисничкиот интерфејс, нова карактеристика Паметна графичка контрола, ажурирања на уредувачот за галерија и фотографии, како и подобрувања за S Pen за да си ја зголемите продуктивноста.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Иновативна Паметна графичка контрола

Со воведувањето на Паметната графичка контрола, корисниците можат да работат со дури 7 Паметни графички контроли (вклучувајќи апликации од трети страни), коишто може да се гледаат со лизгање налево или надесно. Паметната ротација овозможува навремени и значајни информации преку анализирање на корисничкиот контекст и однесување, па автоматски ја прикажува најрелевантната графичка контрола.

До три графички контроли за преглед ја прикажуваат најрелевантната графичка контрола во зависност од сценариото на корисникот и автоматски ги прикажуваат или отфрлаат графичките контроли. На пример, ако имате настан од календарот во следните 30 минути, ќе се појави графичка контрола за претстоен настан со што го информира корисникот на настанот, го прикажува преостанатото време до настанот и дава релевантни информации. Графичката контрола за претстојниот настан автоматски ќе исчезне ако корисникот допре на графичката контрола за да го провери настанот или ако изминало времето за настанот.

Подобрено искуство со S Pen и Белешки

Преку внатрешно содејство во апликацијата за Samsung Notes, корисниците ќе можат да уредуваат белешка на еден уред и да користат друг уред за уредување, избирање или менување на поставките. Корисниците, исто така, ќе можат лесно да додаваат веб-врска и веб-страница со подобрувањето во Брза белешка.

Иако може да уживате во Воздушните наредби во претходно вчитаниот Стандарден режим, обидете се да го додадете Компактен режим за да користите Воздушна наредба без покривање на целиот екран.

Стандарден режим на S Pen во One UI 4.1 Стандарден режим на S Pen во One UI 4.1

Стандарден режим

Компактен режим на S Pen во One UI 4.1 Компактен режим на S Pen во One UI 4.1

Компактен режим

Галеријата е надградена во голема мера и вклучува еден куп нови карактеристики за уживање. Ќе можете да правите портрети со професионален квалитет користејќи алатки за дополнително подобрување и алатки врз база на ВИ, коишто се додадени за да си ги подобрите фотографиите.

Променете го ефектот на портрет
Применете го ефектот на портрет кај слики коишто не биле направени во режим на Портрет. Галеријата сега ги препознава портретите и дава можност за приспособување на ефектот во заднина.

Повторно осветлување на портретот
Корисниците ќе можат да постигнат студиски ефект со опцијата за додавање дополнително светло од сите насоки со помош на новододадената функција Круг за повторно осветлување. Корисниците ќе можат и да го приспособат интензитетот на дополнителното осветлување со помош на лентата за интензитет.

Повторно осветлување портрет на Galaxy S22

Направете 24-часовен временски интервал
Галеријата автоматски ги препознава сликите со небо или залез на сонце и може да создава видеа со 24-часовен временски интервал.

Режисерски поглед
Во One UI 4.1, апликацијата камера дава можност и да се спојат поделени видеа за Режисерски поглед, а тие може да се пуштаат заедно со различни типови погледи и да се спојат за да овозможат нова перспектива.

Подобрено Дополнително подобрување на фотографиите
Со помош на карактеристиката Enhanced Photo Remaster, ќе можете да го подобрувате квалитетот на фотографиите отстранувајќи рефлексии, сенки и друго. Дополнително подобрените фотографии ја заменуваат оригиналната слика и имаат ознака „Remastered“.

  • Подобрувач на стари избледени слики: Отстранете ги шумот и матните бои на старите избледени слики.
Подобрени стари избледени слики
  • Моаре-ефект: Отстранете ги шемите со линии кои се појавуваат кога правите фотографија од телевизор или монитор.
Со функцијата за моаре-ефект се отстрануваат шемите со линии што се појавуваат кога фотографирате екран

Новододадени Бришач на сенка и Бришач на рефлексија
Лесно избришете ги автоматски детектираните сенки и рефлексии со допир на копче.

За да го користите Бришач на предмети: од Галерија, одете на Уреди, притиснете на Повеќе опции (три вертикални точки) и можете да го најдете Бришач на предмети.

Бришачот со ВИ ги брише сенките од кутија со макарони

Разновидни предлози
Подобрениот Интелигентен асистент ќе препорача предлози за оптимизирање на фотографиите и ќе Ви помогне да произведете нова содржина со тоа што ќе креирате видео за истакнување на посебните моменти од вашите видеа.

Подобрено чистење
Карактеристиката за подобрено чистење помага за организирање на фотографиите и видеата. Се нудат предлози за да се отстранат големи видеоклипови од фотографии со движење или дупликат фотографии, па така ќе се ослободи простор во складот.

Реорганизиран изглед
За уште поневеројатно искуство во уредувањето, основниот изглед е реорганизиран за почист изглед. Копчињата Повеќе и Автоматско нагодување се поместени во долниот дел за подобро ракување со една рака, а расфрлани ставки за декорација се организирани во одделно мени Декорации.

Структура на централен фокус
Контролерот на скалата е сменет во централен фокус за полесна навигација и контрола на движењето со една рака.

Видеоколаж
Со Видеоколаж, корисниците ќе можат да креираат мешан колаж од слики и видеа.

Забелешка:

  • Може да се додаваат видеодатотеки до 4 FHD за да се креира колаж.

Недеструктивна структура за уредување видео
Слично на уредувачот на фотографии, Недеструктивната структура за уредување видео е поддржана од Уредувачот на видеа. Откако ќе го уредат видеото, корисниците може да го вратат во оригиналната верзија или да зачуваат копија од уреденото видео.

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации