Преземање мерки во врска со климата

Да дејствуваме сега за одржлива иднина без јаглерод диоксид

Клучна визуелна слика на страницата за Климатски промени

Климатските промени, кои барем делумно се предизвикани од големата потрошувачка на фосилни горива и глобалното загревање што настанало, претставуваат сериозен проблем што влијае врз целиот свет. Компанијата Samsung Electronics е свесна за фактот дека оваа криза е навистина реална и продолжува да вложува напори на повеќе фронтови. Тоа вклучува развој на енергетски ефикасни производи, инсталација на опрема со минимална емисија на гасови во стаклената градина и користење нова и обновлива енергија.

Ефектот во климатските промени 2020 KPI

Емисија на гасови во стаклената градина врз основа на интензитетот

Овој инфографикон ги содржи емисиите на гасови во стаклената градина врз основа на интензитетот за глобалните работни локации. Во 2006 година интензитетот на емисиите на гасови во стаклена градина бил 3,04 тони CO2e/100 милиони KRW. Цел ни е во 2020 година вредноста да биде 1,55 тони CO2e/100 милиони KRW.

Кумулативно намалување на емисиите на гасови во стаклената градина

Овој инфографикон го содржи намалувањето на гасови во стаклената градина во фазата на користење на производите. Од 2009 до 2016 година вкупната количина на гасови во стаклената градина во фазата на користење на производите е 188 милиони тони CO2. Таа вредност до 2020 година ќе достигне 250 милиони тони.

Фокусирани сме на реагирање на кризата во областа на климатските промени

Советот за гасови во стаклената градина се состанува четирипати годишно, со цел да се дефинира агендата за борба против климатските промени и да се ревидира ефектот. Учесниците ги разменуваат најновите информации за климатските промени, дефинираат детални акциски планови и ги ревидираат нивните постигнувања во текот на тримесечјето. Samsung Electronics воспостави систематски процес на управување, како што е прикажано во продолжение, со цел да се намалат емисиите на гасови во стаклената градина во текот на целиот работен век на нашите производи, вклучително производството, дистрибуцијата и употребата.

Стратегии и акциски планови за борба против климатските промени

Икона за намалување на емисиите на гасови во стаклената градина на работните локации

· Употреба на опрема за намалување на F-гасот во процесот на производство на полуспроводници
· Управување со проекти за намалување на потрошувачката на енергија, подобрување на енергетската ефикасност

Ikonica za proširenje upravljanja energijom na radnim lokacijama

· Поставување систем за управување со енергија на сите работни локации и одржување на сертификација (од 2013 година).
· Управување со трошоците и индикаторите за енергија за секоја работна локација

Икона за намалување на гасовите во стаклената градина во фазата на користење на производите

· Развој и претставување на енергетски исклучително ефикасни производи

Ikonica za upravljanje emisijama gasova staklene bašte u drugim fazama

Управување со емисиите на гасови во стаклената градина во рамките на логистиката на производите, службените патувања итн. (од 2009 година)

An icon for managing suppliers

· Надзор на емисиите на гасови во стаклената градина кај набавувачите (од 2012 година)

Развиваме свое управување со емисиите на сите нивоа

Решавањето проблеми бара прецизни информации. Со цел прецизно мерење и управување со нашите емисии на гасови во стаклената градина, ги категоризиравме во три делокруга што се дефинирани со протоколот за гасови во стаклената градина врз
основа на нивна близина на работење и операциите. Лоцирањето на точното место на емисиите на сите нивоа е основа за управување со гасовите во стаклената градина на оптимален начин. Делокруг 1 се однесува на гасовите во стаклената градина што се емитуваат кога се изработуваат производи на работните локации на компанијата Samsung Electronics, а индиректните емисии во Делокруг 2 се поврзани со купување енергија на работните локации за генерирање струја и пареа. Делокруг 3 ги покрива емисиите надвор од работните локации, како што се оние што потекнуваат од логистички активности, службени патувања, нашиот синџир на снабдување и користењето на нашите производи. Оваа анализа ја користиме за систематско управување со сите емисии, директни или индиректни, од нашите работни локации, при користењето на нашите производи и кај нашите набавувачи.

Овој инфографикон ги прикажува емисиите на гасови во стаклената градина во соодветниот делокруг. Делокруг 1 се однесува на директните емисии на гасовите во стаклената градина, Делокруг 2 се однесува на индиректните емисии од струја, пареа итн., а Делокруг 3 се однесува на сите други индиректни емисии, од логистика, набавувачи, користење на производите итн.
Делокруг 1 (директни емисии на гасови во стаклената градина) и Делокруг 2 (индиректни емисии од струја, пареа итн.)

· Месечни анализи на емисиите на глобалните работни локации врз основа на системот за управување со гасовите во стаклената градина
· Инсталирана опрема за разложување на гасовите во стаклената градина во производството на полуспроводници со стапка на разложување од 90% и повеќе
· Инсталирана опрема со висока ефикасност и конвертирано внатрешно осветлување во LED-осветлување на глобалните работни локации

Панорамска фотографија на работната локација на компанијата Samsung Electronics
Делокруг 3 (Сите други индиректни емисии, од логистика, набавувачи,
користењето на производите итн.)

∙ Спроведување на проекти за намалување на гасовите во стаклената градина со цел подобрување на енергетската ефикасност во областа на логистиката.
∙ Развој на проекти за намалување на гасовите во стаклената градина со помош на поголемите набавувачи на терен.
∙ Зголемување на користењето на видеоконференции, а намалување на бројот на прекуморски службени патувања.

Фотографија на камион за логиситика (Безбедносен камион на компанијата Samsung Electronics)
Намалување на емисиите на гасовите во стаклената градина
во фазата на користење производи
Намалување на емисиите на гасовите во стаклената градина во фазата на користење производи
Нацрт-процена
за последните две години.

* Единица: Милиони тони CO_22
* Опсег на собирање на податоците: Осум главни категории производи(мобилни телефони, лаптопи, телевизори, монитори, фрижидери, машини за перење, клима-уреди и печатачи)
* Собрано од 2009 година.

Користиме напредна технологија за да ја унапредиме енергетската ефикасност

Напредната технологија на компанијата Samsung Electronics продолжува да се развива паралелно со нашите напори за еколошки совесен и практичен животен стил. За да ја оствари својата цел компанијата Samsung двапати годишно организира групни состаноци на ниво на целата компанија, каде што се дискутира за еколошките аспекти на деловното работење. Овие состаноци на компанијата Samsung ѝ овозможуваат да сподели информации за еколошките барања и развојот на иновативни технологии со експертите од областа на екологијата во
деловните единици, како и за истражувањата во полето на еколошки совесните технологии за развој на високоенергетски ефикасни производи. Во 2017 година Samsung воведе производи со високоенергетски ефикасни технологии, како што се Quick Drive во машините за перење и исклучително ефикасни вентилатори во надворешните единици на клима-уредите, со што ја подобривме енергетската ефикасност за 36% во споредба со 2008 година. Овие
унапредувања доведоа до помала потрошувачка на енергија, пониски трошоци за потрошувачите и пониски емисии на гасови во стаклената градина.

Нацрт на енергетската ефикасност во фазата на користењето на производите. Во 2017 година просечната потрошувачка на енергија е намалена за 36%, а кумулативните емисии на гасовите во стаклената градина се намалени за 217 милиони тони во споредба со 2008 година.
Нацрт на потрошувачката на енергија и целите на работните локации на компанијата Samsung на глобално ниво. Во 2017 година компанијата Samsung заштеди 30,46 милијарди KRW на струја и 28,13 милијарди KRW на комуналии. Во рамките на ова намалување на потрошувачката, 22% е од струја, 12% HVAC, 18% управување и менаџмент, 10% компримиран воздух, 12% азотен генератор, 9% вода, 8% пареа, 1% гас и 8% се другите категории.

За поголем обем производство потребен е поголем број производствени погони, што значи поголема потрошувачка на енергија. Со цел да се постигне поефикасно производство и да се намали потрошувачката на енергија додека растат производствените капацитети, компанијата Samsung разви 24 стандарди за заштеда на енергија. Кога се работи за нови работни локации, развивме технологии за заштеда на енергија што се приспособени на условите на секоја работна локација и ги применивме од раните фази на процесот, со што се подобрува енергетската ефикасност. Како резултат на тоа, во 2017 година, покрај зголемувањето на производството, на прекуморските работни локации остваривме енергетска заштеда од 58,6 милијарди KRW, вклучително струја и комунални услуги.

Нацрт на потрошувачката на енергија и целите на работните локации на компанијата Samsung на глобално ниво. Во 2017 година компанијата Samsung заштеди 30,46 милијарди KRW на струја и 28,13 милијарди KRW на комуналии. Во рамките на ова намалување на потрошувачката, 22% е од струја, 12% HVAC, 18% управување и менаџмент, 10% компримиран воздух, 12% азотен генератор, 9% вода, 8% пареа, 1% гас и 8% се другите категории.

Во компанијата Samsung постојано ја прошируваме употребата на обновлива енергија.

Глобалните работни локации на нашата компанија и понатаму ќе ја прошируваат употребата на обновлива енергија со цел намалување на гасовите во стаклената градина и зачувување на животната средина. За да ја оствариме оваа цел, во Кореја инсталираме соларни панели на погодни места, како што се покриви на згради или паркинзи. Наша цел, исто така, е од земјите или од регионите каде што постои развиена инфраструктура на обновлива енергија, како што се САД, Европа или Кина, да купуваме 100% обновлива енергија што ни е потребна за фабриките, канцелариите и за деловните капацитети.

Употреба на обновлива енергија на глобалните работни локации

На тој начин до 2020 година ќе ја имаме истата количина енергија што во просек ја произведува една соларна електроцентрала со моќност од 3,1 GW.

Употреба на нова и обновлива енергија

На тој начин до 2020 година ќе ја имаме истата количина енергија што во
просек ја произведува една соларна електроцентрала со моќност од 3,1 GW.

Спроведуваме истражувања и проекти за приспособување кон климатските промени

За да најдеме начини, како компанија, да реагираме и да ги надминеме климатските промени, од 2015 година спроведуваме заедничка студија под назив CSR-активности за приспособување кон овие промени. Заедно со Училиштето за постдипломски студии во областа на животната средина на Националниот универзитет во Сеул, нашите истражувачи преземаат задачи во рамките на три теми: пристап до вода за пиење, енергетски ефикасни домови и образование за климатските промени.

Во рамките на проектот за вода за пиење, инсталиравме полутрајни објекти за вода за пиење на 10 локации во Виетнам, каде што немало постојан довод на вода за пиење. Како резултат на тоа, локалното население сега има пристап до вода за пиење и повеќе не мора да се грижи дека ќе остане без овој неопходен ресурс дури ни за време на најлошите суши. Во меѓувреме, нашите проекти за реновирање на домаќинствата за лица со ниски приходи се надградени врз тоа што го нарекуваме Градежен проект за унапредување на енергетската ефикасност на домовите. Овој проект им обезбедува на домаќинствата животна средина во која се штеди енергија, но и заштита од жешките лета и ладните зими со ниски трошоци. Студијата спроведена во 2017 година, која опфаќала 61 домаќинство, покажала дека потрошувачката на енергија по домаќинство во текот на годината е преполовена, што резултирало со пониски трошоци за енергија за лица со ниски приходи. Но, покрај економските, со ова се постигнуваат и други предности. На овој начин е намалена емисијата на гасови во стаклената градина
за 43 тони CO2 годишно.

На крајот на порталот Samsung Smart School развивме специјализирана образовна содржина за климатските промени и за наставниците и за учениците. Оваа содржина ја искористивме и кога организиравме предавања од 300 експерти во 11 основни училишта на кои присуствувале 2.200 деца. И токму преку вакви проекти се обидуваме да им помогнеме на идните генерации да ја сфатат сериозноста на климатските промени и колку е важно да се реши овој проблем.

Фотографија на фонтана со вода за пиење во предучилишна установа во Таи
Нашите еколошки совесни производи придонесуваат за здрава планета
Заднинска слика на страницата Еколошки совесни производи