Пристапност на телевизори
Вид
Гласовен водич
Со гласовниот водич, телевизорот ви го чита текстот на екранот и ви дава вербални информации за избраната јачина на звукот и за тековниот канал, како и информации за програмата. Исто така, на глас го чита целиот текст прикажан во Електронскиот водич за програми (EPG). Гласовниот водич функционира за секое мени на телевизорот и може да ја прилагодите висината на тонот на водичов според вашите потреби.
Аудио опис
Аудио опис (АD) е услуга што ја нудат голем број телевизиски програми во Обединетото Кралство, со којашто се емитува дополнителен аудиозапис и се дава вербален опис на сцената заради полесно разбирање.
Висок контраст
Со режимот за висок контраст, телевизорот се конфигурира да ги прикажува сите менија со бел или жолт фонт врз непроѕирна, црна заднина. Тоа обезбедува максимален контраст и видливост на текстот и е особено корисно за лицата со оштетен вид.
Зголемување
Благодарение на зголемувањето, може да гледате важни елементи на екранот во зголемен, односно зумиран приказ.
Опис на копчињата
на далечинскиот управувач
Нова карактеристика со која телевизорот влегува во режим што ги опишува копчињата за да ви помогне максимално да уживате во доживувањето. Во овој режим, кога ќе притиснете некое копче на далечинскиот управувач, телевизорот ви помага опишувајќи ја функцијата на копчето. Со оваа карактеристика, корисниците со оштетен вид или слепите корисници брзо може да се информираат за положбата и функцијата на копчињата на далечинскиот управувач, без да го променат нормалното функционирање на телевизорот.
Опис на менијата на екранот
Ги опишува менијата на ТВ-екранот. Ако е овозможено, телевизорот ќе ги опишува структурата и карактеристиките на избраните менија.
Сива скала
Може да ја промените бојата на ТВ-екранот во црно-бела нијанса за да се изострат замаглените рабови што ги предизвикуваат боите.
Инверзија на бои
За полесно читање, може да користите обратни бои на текстот и заднината прикажани на ТВ-екранот.
SeeColors
Апликацијата SeeColors им овозможува на лицата со потешкотии во распознавање на боите да ја видат целата палета бои на екраните на телевизорите Samsung QLED.
Слух
Звук за повеќе уреди
Овозможува флексибилно конфигурирање на аудиосигналот од телевизорот кога се поврзани Bluetooth слушалки со телевизорот. Може да изберете звукот да се спроведува до повеќе уреди, на кои независно ќе се контролира јачината на звукот. Благодарение на оваа карактеристика, ако некој член на семејството има потешкотии со слухот и користи сопствени слушалки, звукот од звучниците на телевизорот нема да се исклучи.
Титлови
За речиси сите телевизиски програми во Обединетото Кралство се обезбедени титлови. Дијалогот визуелно се прикажува како текст на ТВ-екраните.
Зумиран дел за знаковен јазик
Автоматски го препознава и зголемува делот за знаковен јазик, наменет за лицата со оштетен слух. Може да го изберете делот за знаковен јазик и да го прилагодите зголемувањето. Гледачите со оштетен вид може да ја користат функцијава и за да зумираат одреден дел од екранот.
Физичка попреченост
Поставки за интервали на повторување за копчињата на далечинскиот управувач
За повторлива функција и за намалување на брзината, притиснете и задржете едно копче на далечинскиот управувач. Ова е корисно за намалување на брзината на повторливото менување на каналите/звукот или за намалување на брзината на движење низ ставките во хоризонтален или вертикален список.
Општо
Кратенки за пристапност
Кратенките за пристапност нудат едноставен пристап со еден клик до менито на екранот, којшто ви овозможува да го прегледувате или прилагодувате статусот на карактеристиките за пристапност на телевизорот. Повеќето карактеристики за пристапност на телевизорот може да ги активирате со притискањеи задржување на копчето или на Паметниот далечински управувач или преку Менито за пристапност во Поставките за системот.