• Home /
  • Визија и принципи | Пристапност

Визија и принципи | Пристапност

пристапност за сите и корисничко доживување со еднакви придобивки за секого

Значајна иновација

„Технолошка иновација за сите“ е највисокиот идеал што им дава смисла и носи радост во нашите животи. Сите производи, услуги и содржини на Samsung се создадени според „пристап фокусиран на луѓето, којшто што препознава и прифаќа различности“.
Samsung воведува иновации во технологијата за да им биде достапна на сите корисници.

Принципи за пристапност на дизајнот

Разбирање

Се соживуваме и внимаваме на деталите за сите наши корисници

Во Samsung, секогаш се обидуваме да го поедноставиме интерфејсот на нашите производи, применувајќи разни истражувачки методологии за да го прилагодиме дизајнот според желбите и потребите на корисниците. Настојуваме да бидеме добри слушатели и вложуваме искрени напори за да ги разбереме сите корисници.

Сеопфатност

Урамнотеженост и еднаков дизајн за сите

Настојуваме да дизајнираме за сите корисници. Во Samsung, работиме на отстранување на дискриминацијата во технолошката индустрија и цврсто веруваме дека физичките или когнитивните нарушувања не треба да бидат пречка за ниеден корисник при користењето на нашите производи. Имаме строги насоки до кои се придржуваме. Уште од фазата на планирање на производите, се грижиме секој одделен производ да пружа холистичко доживување за сите корисници.

Доследност

Дизајн за доследно доживување со сите производи

Производите на Samsung нудат разни опционални функции за лицата со тешкотии во движењето. Благодарение на постојаното истражување и развој на дизајнот за пристапност, сите производи на Samsung имаат ист степен на функционалност за сите корисници.

Заедничко создавање

Дизајнираме заедно

Samsung располага со професионален тим стручњаци од разни области за да обезбеди систем за дизајнирање на услугите и производите со практични совети. Вработените со попреченост, истражувачките институти, заедниците и групите на истомисленици работат заедно за да овозможат попрактичен пристап при дизајнирањето. Воедно, спроведуваме и поддржуваме интерни натпревари, тежнеејќи да создадеме можности за натамошни иновации, не само за развој на производите, туку и за придонес во заедницата.