27'' FHD Рамен монитор T35F

LF27T350FHRXEN

Одбери Големина

  • Гледај под секој агол
    IPS панел
  • Синхронизирана акција
    AMD Radeon FreeSync™
  • Беспрекорни, непречени слики
    Стапка на освежување од 75 Hz

Сеопфатен поглед

Минималистички дизајн, максимална концентрација. Дисплејот без рамка од 3 страни дава чиста и модерна естетика во секоја работна средина. Кога користиш поставување од повеќе монитори, дисплеите се совпаѓаат совршено така што речиси и нема празнина меѓу нив.

Гледај под секој агол

Седни каде било за целосно живописно доживување. Панелот IPS ја задржува живописноста и чистотата на боите во секој инч од екранот. Дури и на толку широк дисплеј, тоновите и нијансите изгледаат сосема прецизно од речиси секој агол, без избледување на боите.

Синхронизирана акција

Суперфлуидно доживување на забавата. AMD Radeon FreeSync™ ја синхронизира стапката на освежување на мониторот и графичката картичка и ги намалува сецкањата и кочењата на сликата. Гледај филмови и играј игри без пречки. Дури и сцените со брза акција изгледаат беспрекорни и непречени.

Беспрекорни, непречени слики

Сега сликата изгледа беспрекорно. Стапката на освежување од 75 Hz дава пофлуидни сцени. Независно дали ја гледаш твојата омилена ТВ серија, видео или играш видеоигра, забавата повеќе нема да доцни или да се заматува.

Поголема гејмерска моќ

Идеалните поставки за игра ти даваат моментална предност. Со оптималното поставување на боја и контраст, сликите стануваат поживописни, а непријателите можеш лесно да ги воочиш во мракот. Режимот на играње овозможува секоја игра да се гледа од едниот до другиот крај на екранот, токму како и секој нејзин детаљ.

Супериорна грижа за очите

Заштити ги очите и направи многу повеќе. Напредната технологија за заштита на видот го намалува заморот на очите и долготрајната работа на компјутерот е помалку напорна. Технологијата Flicker Free постојано го отстранува заморното и иритирачко треперење на екранот, додека режимот Eye Saver го намалува зрачењето на сина светлина. Очите се одморени и свежи многу подолго.

Вистинска разновидност

Поврзи се со повеќе уреди. Преку приклучоците D-sub и HDMI на мониторот, сега повеќе уреди може да се поврзат на него за да имаш целосна флексибилност. Сега, работното опкружување е уште попријатно со дополнителни можности за инпут.

Спецификации

  • Резолуција 1,920 x 1,080
  • Сооднос на слика 16:9
  • Осветлување (типично) 250cd/㎡
  • Статичен сооднос на контраст 1000:1(Типично)
  • Време на реакција (ms) 5 (GTG)
  • Стапка на кадар Макс. 75Hz

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
  • User Manual
    АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (европски), РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТУРСКИ
  • User Manual
    АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (европски), РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТУРСКИ
  • WEEE Guide
    АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (европски), РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО