LS24E45KBSV/EN

Деловен монитор SE450 со висока продуктивност

Боја Црна

Јасен квалитет на сликата со брзо време на одговор

• Брзо време на одговор од 5 ms: Гледајте ги јасно и непречено дури и брзите движења на екранот, со помалку замаглување, треперење на сликата или двојна слика. • Резолуција Full HD: Обезбедува чист и јасен квалитет на слика со резолуција од 1920 x 1080, така што може јасно да ја гледате целата ваша содржина.

Јасен квалитет на сликата со брзо време на одговор

Не ги уморува очите за поудобно искуство при гледањето

• Режим на штедење на очите: За разлика од другите бои што се емитуваат од екраните, брановите должини со сина светлина имаат поголем стимулирачки ефект врз ретината и предизвикуваат замор на очите. Режимот на штедење на очите ја оптимизира удобноста при гледањето преку паметно намалување на емисиите на сина светлина со еден допир на копче. • Без треперење: Технологијата „Без треперење“ го намалува треперењето на екранот за поудобно искуство при гледањето.

Не ги уморува очите за поудобно искуство при гледањето

Заштедете енергија со енергетско-ефикасните карактеристики

• ПАМЕТНО еколошко штедење: SE450 ја намалува потрошувачката на енергија за 10%‡ без забележлива загуба во квалитетот на сликата благодарение на технологијата за еколошкото штедење којашто автоматски ја прилагодува осветленоста на црните делови на екранот додека истовремено ги прилагодува вредностите за ЦЗС-зголемување. • Еколошко исклучување (0,00 W): Прв во светот SE450 троши нула енергија (0,00 W) кога е исклучен режим, што е значително намалување во потрошувачката на енергија од 0,3W – 0,5W во споредба со вообичаените монитори. Ова пионерско откритие е сертифицирано од Intertek• Тајмер за исклучување плус: SE450 нуди поставка за тајмер за исклучување којашто автоматски го исклучува вашиот монитор после однапред определено време и поставка за еколошки тајмер којашто го исклучува мониторот после однапред определен период на неактивност, така намалувајќи ја потрошувачката на енергија.

Заштедете енергија со енергетско-ефикасните карактеристики

Еколошки материјали со сертификација Green Leaf од Intertek

• Рециклирана пластика: Сите деловни монитори на Samsung се направени од 30%‡ рециклирана пластика. • Без PVC: Механизмите и колата на мониторот се направени без PVC*, обезбедувајќи еколошки уред и намалувајќи го влијанието врз средината.• Амбалажа за додатоците: Samsung ја намали количината на LDPE** во амбалажата на додатоците од 100%‡ на 80%‡ со користење на еколошка шеќерна трска (20%‡) како алтернативен производствен материјал. Амбалажата на Samsung сега е сертифицирана од Vinçotte. *Некои кабли содржат PVC.**LDPE (полиетилен со мала густина): Термопластика изработена од мономер етилен.

Еколошки материјали со сертификација Green Leaf од Intertek

Професионален ергономски монитор за навистина професионални потреби

• Држач со прилагодување на висината: Ергономски дизајнираниот држач со прилагодување на висината ви овозможува флексибилно прилагодување на висината до 130 mm. • Навалување: Лесно и рамномерно навалете го екранот нанапред за 25° и наназад за 3° за удобно гледање.• Вртење: Брзо и лесно прилагодете го екранот налево или надесно до 45° за удобно гледање кога работите во групи.• Поддршка за VESA: Со поддршката за VESA 100 x 100, лесно може да го монтирате на секој ѕид.

Професионален ергономски монитор за навистина професионални потреби

Изборен монтажен линиски звучник со USB

Способноста за пристап до мултимедијална содржина на уредите од работното место станува сѐ поважна за бизнисите. Со цел да ја задоволи оваа потреба, Samsung SE450 ви нуди изборен монтажен линиски звучник со USB. Благодарение на системот за тивко монтирање, овој линиски звучник се прикачува на задната страна на мониторот за да ви ги обезбеди истите придобивки како и вграден звучник. Овој практичен додаток испорачува квалитетен звук (2,5 W), а притоа ви заштедува простор и ви овозможува подобра организација на работниот простор.

Изборен монтажен линиски звучник со USB

Основна поврзливост којашто одговара на секој работен простор

Без разлика на работната средина или потребите, мониторите на Samsung ви го обезбедуваат непреченото поврзување на кое сте навикнати. Тие се опремени со сите основни порти што ви се потребни за да ги извршите работите, вклучувајќи и DVI, D-sub, DP и HDMI-порти. *Спецификациите на портите може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и големината на екранот.

Основна поврзливост којашто одговара на секој работен простор
Спецификации
  • Дисплеј
    • Големина на екран 24 инчи
    • Активна големина на дисплеј (HxV) 531,36(H)x 298,89(V)
    • Сооднос на слика 16:9
    • Вид на панел TN
    • Светлина (стандардна) 250cd/m2
    • Светлина (минимална) 200cd/m2
    • Статичен сооднос на контраст 1000:1 (вообичаено)
    • Динамички сооднос на контрастот Mega ∞
    • Резолуција 1920x1080
    • Големина на пиксели (HxV) 0.27675(H) x 0.27675(V)
    • Време на одговор 5 ms
    • Агол на гледање (хоризонтален/вертикален) 170°/160°
    • Поддршка за боја 16.7M
    • Опсег на бои (NTSC 1976) 72%
    • Брзина на освежување 60 Hz
  • Општи карактеристики
    • Samsung MagicAngle Да
    • Samsung MagicBright Да
    • Samsung MagicUpscale Да
    • 0,00 W потрошувачка на електрична енергија Да
    • Režim Eye Saver Да
    • Flicker Free Да
    • Режим за игри Да
    • Големина на слика Да
    • Сертификат за Windows Windows 10
    • Smart Eco Saving Да
    • Off Timer Plus Да
  • Интерфејс
    • D-Sub 1 EA
    • DVI 1 EA
    • Dual Link DVI Не
    • Порт за дисплеј Не
    • Mini-Display влез Не
    • HDMI Не
    • USB екран Не
    • Аудио влез Не
    • Слушалки Не
    • USB Hub Не
  • Аудио
    • USB soundbar звучник (подготвен) Да
  • Услови за работа
    • Температура 10~40 ℃
    • Влажност 10~80 (некондензирачка)
  • Дизајн
    • Боја Црна
    • Вид на подлога HAS
    • HAS (подлога со можност за подесување) 130.0±2.0mm
    • Навалува -3°(±2.0°)~+25°(±2.0°)
    • Врти -45°(-2°,+0)~45°(0,+2°)
    • Ротира -1°(-2°,+0)~95.0°(0,+2°)
    • Монтажа на ѕид 100.0 x100.0
  • Еко
    • Без PVC (освен каблите на дополнителна опрема) Да
    • Рециклирана пластика 30%
  • Напојување
    • Напојување AC 100~240V
    • Потрошувачка на електрична енергија (DPMS) 0,3(вообичаено)
    • Потрошувачка на електрична енергија (исклучен режим) Помалку од 0,005(режим на 0 W)
    • Тип Внатрешно напојување
  • Димензии
    • Димензии на приемникот со подлога (ШxВxД) 565,4 x 486,8 x 224,0 (МАКС.), 565,4 x 356,8 x 224,0 (МИН.)
    • Димензии на приемникот без подлога (ШxВxД) 565.4 x 333.2 x 56.6 mm
    • Димензии на пакувањето (ШxВxД) 639 x 188 x 407 mm
  • Тежина
    • Тежина на комплетот со подлога 5.10 kg
    • Тежина на комплетот без подлога 3.40 kg
    • Тежина на пакувањето 6.62 kg
  • Дополнителна опрема
    • Кабли Кабел D-Sub, кабел DVI
    • Должина на кабелот за напојување 1.5 m
    • Останато Кратко упатство, CD за монтажа (прирачник)
  • Сертификација и усогласеност
    • Безбедност CB(EU): IEC60950-1, EN60950-1, cULus(САД, Канада): UL60950-1, KC (Кореја): K60950-1, PSB (Сингапур), Soncap (Нигерија), Kucas (Кувајт), SASO (Саудиска Арабија): IEC60950-1, CCC (Кина): GB4943-2011
    • EMC FCC(USA), IC (Канада): FCC дел 15 поддел B, CE (Европа): EN55022, EN55024, KCC (Кореја) KN22, KN24, C-tick (Австралија): AS/NZS3548 (CISPR22), CCC (Кина): GB9254-2008 GB17625.1-2012
  • Гаранција
    • Гаранција 3-годишна гаранција (Европа/ЗНД/Северна Америка)

Карактеристиките, спецификациите и визуелните прикази на производите се предмет на промена.

Мануелно преземање

Деловен монитор SE450 со висока продуктивност (LS24E45KBSV/EN)

Упатства

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(АНГЛИСКИ)

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(АНГЛИСКИ)

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(ХРВАТСКИ)

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(СРПСКИ)

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(АНГЛИСКИ)

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(АНГЛИСКИ)

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(ХРВАТСКИ)

2019.06.17

Упатство за корисниците вер. 1.0

(СРПСКИ)

2016.03.21

Апарат (инсталација) вер. 1.0

(мултиленгвиџ)