Congratulations, your trade-in discount has been applied. smb
<%= title %> <% if (!!discountAmount) { %> <%= discountAmount %> <% } %> <% if (!!tradeInAmount && !!additionalDiscount) { %> <%= tradeInAmount %> <%= additionalDiscount %> <% } %>
<%= deviceSummary %>
<% if (quantityChangeable) { %>
Add Samsung Care+ for Business
Дознај повеќеYou love it, we cover it. Protection for your new Galaxy device from the people who know it best
Please select Samsung Care + for Business or "No Coverage"
-
<% options.forEach((option) => { %>
-
<% if(hasChildren) { %>
<% } else { %> <% } %>
<% }) %>
*All prices include insurance premium tax
Цртајте, пишувајте и инспирирајте нови идеи
Фаќање белешки со помош на режимот на пенкало
Samsung Flip им овозможува на корисниците непречено искуство на пишување како со пенкало на хартија, и тоа во многу разни бои, стилови и дебелини. Истовремено може да пишуваат до 4 лица, користејќи каков било предмет како алатка за пишување. Покрај тоа, корисниците може брзо да ги бришат цртежите со прст или лизгање со дланката.
Создаваме ремек-дела
Фаќање белешки со помош на режимот на четка
Во режимот на четка, Samsung Flip препознава широк спектар дебелини, гарантирајќи дека корисниците може да создаваат уметност со лесни движења на четката. Режимите за боење со водени и маслени бои овозможуваат разни стилови и текстури, додека, пак, Flip им нуди на корисниците полна палета на живописни бои, па дури и флексибилно мешање на боите.
Пишувајте на каква било заднина
Активирано бележење
Samsung Flip им овозможува на корисниците да пишуваат на каква било заднина. Со едноставно кликнување на копчето за нов слој на белешки, корисниците може кога било да уживаат во непречено пишување – секаде и на секоја содржина – без тоа да влијае врз првичниот слој.
Флексибилно уредување слики
Алатка за избирање и спојување
Носиме разновидност на таблата. Со Samsung Flip, корисниците може брзо и лесно да избираат, поместуваат, сечат, снимаат и уредуваат секакви слики. Секоја слика може да се спои за да се отвора со само еден клик на копчето, овозможувајќи да ја уредувате или избришете.
Одговара на сите деловни потреби
Разни опции за форми
Samsung Flip може да се користи за широк спектар деловни намени, овозможувајќи разновидни вградени шаблони. Може да го користите Flip како календар, организатор, бележник или табла со задачи. Samsung Flip совршено се вклопува во секоја деловна потреба, овозможувајќи им на корисниците да го користат екранот на разни приспособени начини.
Лесно управување и заштита на содржината
Лизгајте и заклучете
Samsung Flip има до 20 страници простор за пишување, овозможувајќи им на корисниците непречео да лизгаат низ страниците. Покрај тоа, Flip гарантира дека доверливите информации од состаноците ќе ги знаат само тие што треба. Засилениот систем за заклучување овозможува корисниците да ја заштитат чувствителната содржина од љубопитните погледи.
- * Незадолжителниот отвор за картичка мора да се купи одделно.
Синхронизирано гледање екран
Touch out
Функцијата touch out им овозможува на корисниците да ги синхронизираат личните уреди со Samsung Flip, овозможувајќи споделување и контрола на содржината во реално време. Сите промени направени на екранот на Flip може да се пресликаат на поврзаниот уред и обратно, со цел ефикасна соработка.
*Контролата touch out е достапна со поврзување преку USB кабел или Android мобилни уреди (од 2016 година или понова верзија) поврзани преку UIBC и Windows 10 компјутери.
Поврзете се, каде и да сте
Поддршка за далечинско поврзување со компјутер и Bluetooth
За поефикасни состаноци, Samsung Flip може далечински да се поврзе со компјутер, отстранувајќи ја потребата за дополнителни уреди во просторијата. Корисниците може да поврзат и тастатура, глувче на екранот, директно преку Bluetooth врска, овозможувајќи подобра продуктивност и соработка.
Споделување со голема публика
Споделување екран
Корисниците може да проектираат содржина на Samsung Flip на друг поголем дигитален екран во реално време, користејќи Wi-Fi мрежа или HDMI кабел. Дури и кога е поврзан со личен уред, екранот на Flip може да се сподели. Оваа функција е совршена за состаноци со многу учесници, испорачувајќи информации до поголема публика.
Беспрекорно испраќање на резиме од состаноците
Лесно споделување
По секој состанок, корисниците можe да споделуваат резимеа до сите присутни и колеги, отстранувајќи ја фрустрацијата што традиционално се поврзува со рачно напишаните белешки од состаноците. Важните разговори и содржини се складираат во Flip во реално време, а и лесно се споделуваат преку мобилни и дигитални канали.
Непречен стриминг со AirPlay 2
AirPlay 2
Со вградениот AirPlay 2 сега може на големиот екран да пренесувате во живо или да споделувате содржина од Apple уреди директно на телевизорот во салата и ќе имате беспрекорни презентации. Во различни деловни средини, репродуцирајте видеа, музика, фотографии и многу повеќе од iPhone, iPad и Mac на Samsung Flip за да го подобрите ангажманот на корисниците.
* Оваа услуга може да не е достапна при купувањето на овој производ и достапноста може да се разликува во зависност од регионот.* Сликите се симулирани само за илустрација.* Достапноста на карактеристиката и графичкиот кориснички интерфејс (GUI) може да се разликуваат во зависност од регионот. Проверете пред употреба.
* Оваа услуга може да не е достапна при купувањето на овој производ и достапноста може да се разликува во зависност од регионот.* Сликите се симулирани само за илустрација.* Достапноста на карактеристиката и графичкиот кориснички интерфејс (GUI) може да се разликуваат во зависност од регионот. Проверете пред употреба.
Прецизни слики со моќно работење
UHD екран и Tizen ОС
Samsung Flip ја прикажува содржината во јасен UHD квалитет на слика, без разлика каква е просторијата, создавајќи привлечно деловно опкружување. Поддржани од моќниот оперативен систем Tizen 5.0 за беспрекорно корисничко искуство, вградените сензори автоматски го активираат екранот кога ќе допрете на него.
Практично, оптимизирано управување
Подобрена практичност
Samsung Flip нуди мноштво подобрени способности, вклучувајќи безбедно безжично поврзување, автоматско ажурирање на фирмверот, LDAP синхронизација, безбедност на датотеки и далечинско управување – обезбедувајќи практично и продуктивно искуство при состаноци.
* Решението на Samsung за далечинско управување мора да се купи одделно.
Спецификации
-
Дисплеј 65"
-
Тип табела New Edge, 60 Hz
-
Резолуција 3.840 x 2.160
-
Висина на пиксели (ХxВ) 0,372 x 0,372 (mm)
-
Осветлување (типично) 350 cd/m2 (220 cd/m2 со стакло)
-
Сооднос на контраст 4.000:1
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Упатство за корисниците
- Верзија 00
- 55.66 MB
- 31/05/2024
АНГЛИСКИ, АЛБАНСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, казахстански, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, МАКЕДОНСКИ, монголски, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ, РОМАНСКИ, РУСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, УКРАИНСКИ, узбечки -
Quick Setup Guide
- Верзија 00
- 3.31 MB
- 06/08/2019
АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ, РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТУРСКИ