Интерактивен екран WAC

LH65WACWLGCXEN

  • Android 11 оперативен систем
  • Режим на повеќекратен екран
  • Моќно споделување на екранот

Одбери Големина

Неограничени можности за учење

Серијата WAC на интерактивни екрани на Samsung овозможува динамично и интересно искуство наменето за училниците од иднината. Новиот начин на користење и компатибилноста им овозможуваат на наставниците да користат образовни апликации и функции што ги оптимизираат часовите и го прават учењето позабавно за учениците.

Учете на попаметен начин со добропознатиот UX

Android OS

Серијата WAC е производ заснован врз Android OS и нуди интуитивен и практичен начин на користење за корисниците. Благодарение на неговата извонредна компатибилност со Android уредите, наставниците предаваат на подобар начин, а уредот е попрактичен за употреба поради можноста за приспособување на почетниот екран со често користени апликации.

* Сликите од UX може минимално да се разликуваат од реалните слики од UX.

Прикажете повеќе екрани истовремено

Лесен мултитаскинг

Разновидните опции на екранот, вклучувајќи ги функциите за поделен екран и повеќе прозорци им овозможуваат на наставниците со леснотија да прикажат и да читаат од повеќе прозорци во исто време на серијата WAC. Поради оваа флексибилност, едукаторите имаат практичен пристап до сите потребни информации за создавање средина на учење што ќе ги ангажира сите ученици.

Паметно, безжично споделување од повеќе уреди

Моќно споделување екран

Корисниците истовремено можат да споделат до девет екрани за максимално да бидат продуктивни во реално време. Оваа функција им овозможува на сите ученици да бидат вклучени и ангажирани, со оглед на тоа што содржината може да се сподели на големиот екран од поединечни уреди и обратно. Може да се користи на IOS, Mac, Windows, Android или Chrome OS.

* Споделувањето екран е достапно на уреди што ги имаат следниве услови:** Windows 10 и понови верзии / Mac OS X 10.11 и понови верзии / Chrome 38 и понови верзии / Andriod 5.1 и понови верзии / iOS 10.0 и понови верзии

Осмислете поинтерактивни часови со паметни апликации

паметни апликации за час

На лентата од почетниот екран можат да се додадат важни апликации и алатки за полесен пристап. Паметните апликации, како што се тајмерите и штопериците, им овозможуваат на наставниците да бидат креативни за време на нивните часови со цел да се направи попријатна средина на учење.

Подобра интеракција со првокласен мулти-допир

Мулти-допир до 40 точки на допир

Повеќе корисници можат да пишуваат и цртаат на таблата истовремено, благодарение на напредните способности за мулти-допир на екранот. Можни се до 40 точки на допир во исто време, овозможувајќи им на голем број ученици и наставници да соработуваат и да учат заедно на едноставен и забавен начин.

Сменете го пенкалото без да ги менувате поставките

Двојно пенкало

Со функцијата двојно пенкало можат да се користат две различни алатки за пишување во исто време. Благодарение на двостраниот врв на пенкалото, корисниците со леснотија можат да менуваат од една во друга боја на предниот и задниот дел од пенкалото – без да ги менуваат поставките или да го нарушуваат текот на часот.

Часовите почнуваат брзо со USB-C

3-во-1 USB-C приклучок

Поврзаноста е подобрена со поврзување 3-во-1 USB-C, овозможувајќи пресликување на екранот, контрола на допир и полнење на надворешен уред (макс. 65 W). Едукаторите можат едноставно да се поврзат со приклучокот за USB Type-C, што им овозможува да испорачуваат интерактивни и забавни лекции без никаква мака.

* Споредено со WMA(Flip 3) модели.

Пристапна содржина за одделенија со најразлична големина

Поврзување HDMI Out

Со функцијата HDMI out, содржината на екранот од таблата може да се сподели на друг поголем екран во училницата. Оваа функција им овозможува на наставниците да создадат интерактивно искуство за учениците во живо и тие лесно да можат да ги гледаат содржините на екранот, без разлика на големината на училницата или местото каде што седат.

* „HDMI out“ поддржува FHD/UHD 60 Hz

Спецификации

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО