• Galaxy Note 10 поставен врз Galaxy Note 10+, и двата поставени врз задната страна под агол со син S Pen поставен врз Galaxy Note 10. Секој од телефоните има графички приказ на екранот што се прелева, а на другата страна од телефоните е текстот Galaxy Note 10 | Note 10+.
Крупен кадар на Galaxy Note 10+ во режим на пејзаж со текст што вели SECURE преку екранот, со U заменето со логото на Samsung Knox.

Моќност на безбедноста на ниво на воена одбрана



Напредокот во технологијата Ви овозможува да бидете деноноќно поврзани, но таквата поврзаност доаѓа со поголем ризик од ранливост. Galaxy Note10 и Note10+ Ви помагаат да ги заштитите чувствителните податоци од злонамерни напади и штетен софтвер преку вградените механизми за одбрана. Заедно со професионалната техничка поддршка и опциите за претприемачки уред, опремени сте со сѐ што Ви е потребно од моментот на вклучувањето.

Samsung Knox

Дизајниран да го заштити вашиот бизнис

Платформата Samsung Knox е комплетно вградена во уредот, почнувајќи од чипот и обезбедува мобилна безбедност на ниво на воена одбрана за да ги заштити вашите податоци од разновидни закани, вклучително и штетен софтвер. Истовремено ви нуди и Secure Folder, посебна партиција каде може да ги изолирате чувствителните податоци.

ОДИ НА SAMSUNG KNOX
Илустрирана слика на Galaxy Note 10+ поставен во режим на пејзаж и гледан од страната на копчето за вклучување. Шест слоеви пловат над екранот за да ги претставуваат слоевите на заштита што ги обезбедува Samsung Knox: Hardware Root of Trust, TrustZone Architecture, Runtime Protection and Encryption, SE for Android, Management Framework и Container.
Лесно управување

Организациска контрола за уредите во и надвор од канцеларијата

Инсталирањето приспособена конфигурација на сите уреди од канцеларијата е олеснето со Knox Configure. За непрекинато управување со уредот, вклучително и со надградбите на верзијата на ОС, Knox Manage и E-FOTA нудат едноставни и безбедни начини за управување со Вашите корпоративни уреди без разлика каде се наоѓаат.

ОДИ НА РЕШЕНИЈА НА KNOX
Enterprise Technical Support

Премиум техничка поддршка за Вашиот бизнис

Мобилните уреди се од суштинска важност за вашиот бизнис и секој нивни дефект или неефикасност значи загуба во продуктивноста. Enterprise Technical Support Ви нуди директен пристап до нашиот тим на мобилни експерти за организации. Со поддршката на Ниво 3 за проблеми поврзани со хардверот и софтверот на Samsung , Вашиот бизнис може да си продолжи да работи.

*Enterprise Technical Support се продава посебно и нуди различни опции за поддршка.
*Контактирајте со тимот за продажба за повеќе информации за цените и достапноста.
*Enterprise Technical Support е достапна само во одредени земји. За детали, одете на www.samsungknox.com/en/enterprise-tech-support/available-countries

Enterprise Edition

Пакет со деловен телефон што нуди сѐ во едно

Galaxy Note10 Enterprise Edition нуди поддршка за сложените деловни потреби за ефикасност. Доаѓа со Knox Configure и Samsung E-FOTA на услугите MDM и ги поддржува Изданието за безбедносно одржување и Гарантираната достапност на пазарот. Пакетот со уредите од Enterprise Edition нуди деловна ефикасност со заштеда во цената и Ви помага лесно да воспоставите мобилен екосистем во организацијата.

*Enterprise Edition е достапно само за Galaxy Note10.
*Контактирајте со тимот за продажба за повеќе информации за цените и достапноста.

Два телефони Galaxy Note 10, еден гледан од задната, а друг од предната страна со апстрактна графика на екранот. Веднаш до телефонот гледан од задната страна има текст што вели Услуга, Knox Configure, E-FOTA на MDM. Веднаш до телефонот гледан од предната страна има текст што вели Услуга, Широки безбедносни лепенки, Гарантирана достапност на пазарот
Крупен кадар на врвот на син S Pen, прикажувајќи го сребреното копче.

Моќноста на продуктивноста

Како претприемач, способноста да работите отсекаде и во секое време е приоритет. Samsung DeX може да поддржува PC или Mac со еден USB-кабел за поврзување на Galaxy Note10 и Note10+, давајќи Ви пристап до датотеки и апликации со способност за истовремено извршување повеќе задачи. А можете и непречено да ги синхронизирате Вашите уреди преку сметката на Microsoft. Кога сте надвор од канцеларијата, екранот на Galaxy Note10 и Note10+ е зголемен за беспрекорен работен простор, а новото пенкало со унифициран дизајн S Pen ги претвора кликовите и гестовите во наредби за контролирање на Вашиот телефон. Сега секое место е Ваше работно место.

Samsung DeX

Отвора нов свет на работна површина на PC или Mac

Еден кабел го поврзува Вашиот телефон со вашиот PC или Mac и Ви овозможува да повлекувате и спуштате датотеки, да копирате и лепите и да вршите уредувања меѓу нив. Може дури и истовремено да извршувате повеќе задачи на Вашиот компјутер и на телефонот, што значи дека може да упатувате повици или да запишувате белешки со S Pen на мобилниот, дури и кога сте поврзани.

*Достапно само на Galaxy Note10 и Note10+ и бара преземање на апликација за компјутер..
*Samsung DeX за компјутер бара преземање на апликација за компјутер и работи на Windows 7, 10 и верзиите на Mac OS повисоки од 10.13. Одредени апликации може да не работат или може да бараат одделна лиценца (што се купува) од Samsung DeX.
*Заштитената содржина одDRM можеби нема правилно да се прикажува.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

*Достапно само на Galaxy Note10 и Note10+ и бара преземање на апликација за компјутер..
*Samsung DeX за компјутер бара преземање на апликација за компјутер и работи на Windows 7, 10 и верзиите на Mac OS повисоки од 10.13. Одредени апликации може да не работат или може да бараат одделна лиценца (што се купува) од Samsung DeX.
*Заштитената содржина одDRM можеби нема правилно да се прикажува.

Лаптоп на Samsung со табела и графикони на екранот и Galaxy Note 10+ поврзан преку USB-кабел со Потсетник за исклучен екран на екранот.
S Pen

S Pen е сега Ваш далечински управувач

Контролирајте го телефонот со притискање го копчето S Pen или со едноставни гестови. Може да се движите низ слајдови за презентација, да пуштате видеа, да ја контролирате јачината на звукот, да го приспособувате зумот на камерата или да снимите фотографија.

*S Pen како далечински управувач може да функционира на растојание од 10 метри од уредот, во зависност од опкружувањето.
*Поддршката за дејства во воздух може да се разликува во зависност од апликацијата.
Крупен кадар од рака што држи син S Pen. Жена стои пред екран за презентација и држи Galaxy Note 10+ и S Pen.
Infinity-O Display

Поголем екран, помалку прекини

Имате повеќе простор за истовремено извршување повеќе задачи на Galaxy Note10 и Note10+. За прв пат достапен во две големини, секој од екраните Infinity-O Display од 6,3 или 6,8 инчи е направен со технологијата Dynamic AMOLED за неверојатни детали, боја и контраст. И ја намалува штетната сина светлина без да ја жртвува бојата.

*Измерена дијагонално, големината на екранот на Galaxy Note10 е 6,3 инчи како целосен правоаголник и 6,2 инчи ако се одземат заоблените агли; големината на екранот на Galaxy Note10+ е 6,8 инчи како целосен правоаголник и 6,7 инчи ако се одземат заоблените агли; фактичката област за гледање е помала поради заоблените рабови и отворот за камерата.

*Измерена дијагонално, големината на екранот на Galaxy Note10 е 6,3 инчи како целосен правоаголник и 6,2 инчи ако се одземат заоблените агли; големината на екранот на Galaxy Note10+ е 6,8 инчи како целосен правоаголник и 6,7 инчи ако се одземат заоблените агли; фактичката област за гледање е помала поради заоблените рабови и отворот за камерата.

Раце држат Galaxy Note 10+ со линиски графикони на екранот, прикажувајќи го беспрекорниот приказ на Infinity-O Display.
Multi Device Experience

Само останете поврзани на вашиот Galaxy телефон преку Вашиот компјутер

Link to Windows ги синхронизира неодамнешните фотографии, пораки и известувања од Вашиот телефон на Вашиот PC. А отсликувањето на екранот Ви овозможува да продолжите да се фокусирате на работата на Вашиот PC, истовремено следејќи ги задачите на телефонот. Исто така, OneDrive дава поддршка за зачувување, заштитување, правење резервни копии, споделување и пристапување до датотеките од секаде и од секој Ваш уред.

*Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
*Компатибилноста и достапноста на функциите и карактеристиките може да се разликува во зависност од апликацијата.
*За активирање на „Link to Windows“, употребете ја апликацијата „Your Phone“ на Вашиот PC. „Your Phone“ е однапред инсталирана на Вашиот PC со Windows 10 1809 или понови верзии, а може да се преземе за Windows 10 1803 или понови верзии.

*Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
*Компатибилноста и достапноста на функциите и карактеристиките може да се разликува во зависност од апликацијата.
*За активирање на „Link to Windows“, употребете ја апликацијата „Your Phone“ на Вашиот PC. „Your Phone“ е однапред инсталирана на Вашиот PC со Windows 10 1809 или понови верзии, а може да се преземе за Windows 10 1803 или понови верзии.

Маж работи на лаптоп и држи Galaxy Note 10+. И лаптопот и телефонот имаат ист разговор со текстуални пораки на екранот, прикажувајќи како Link to Windows ги синхронизира пораките на вашиот PC.
Samsung Notes

Моментално го претвора ракописот во текст

Пишувајте со сопствениот ракопис, менувајќи ја бојата и дебелината на мастилото или избирајќи ги омилените стилови на пенкала во новата апликација Samsung Notes. Едноставно допрете за да ги претворите белешките од проектот во читлив текст што може да го копирате, лепите и споделувате. Без разлика дали сте на состанок или само сте добиле некаква идеја, S Pen Ви овозможува да пишувате на сѐ што гледате, онлајн и офлајн и моментално да го споделите.

*Достапноста на карактеристиката за извоз на текст може да се разликува во зависност од јазикот.
Се гледаат четири телефони Galaxy Note 10+ поставени со предната страна нагоре со најразлични употреби на „Белешки на Samsung“ на екраните и два сини S Pens. Едниот екран покажува скица од зграда, другиот покажува извоз на текст, следниот покажува белешка со графички кориснички интерфејс за зумирање преклопен врз неа и последниот телефон покажува пишување со менито за поставки за бои во заднина.
Долната половина на Galaxy Note 10+ виден во режим на пејзаж со апстрактна графика на екранот и малку замаглен да изгледа како да се движи брзо.

Моќноста на изведбата и брзината



Нашите животи ни поминуваат на телефон. А кога истиот тој телефон содржи податоци и за приватниот и за деловниот живот, тогаш тој треба да е доволно моќен и да може беспрекорно да се справи со нив. Galaxy Note10 и Note10+ се конструирани за изведба со неверојатна брзина, со моќен спој на процесор и RAM-меморија и огромен простор за складирање што ќе Ви овозможи сите важни датотеки да Ви бидат при рака. Вашиот свет го поврзува со неверојатно големи брзини и со батерија со надграден капацитет што трае преку целиот ден. Изграден комплетно одново за да им помогне на претприемачите да се движат напред.

*Фактичкото времетраење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените карактеристики и апликации, зачестеноста на повиците и пораките, бројот на полнењата и многу други фактори.

AP + Cкладирање

Изведба како на лаптоп, а не е лаптоп

Неверојатната комбинација од процесорот од 7 nm и до 12 GB RAM ја сработува работата истовремено со Вас. Дури е и доволно паметен за да ги научи Вашите мобилни навики и претходно да ги вчита апликациите што често ги користите, помагајќи Ви да работите поефикасно. Со проширлив простор за складирање до 1 TB со microSD картичка, може сите работи да си ги чувате при рака без да Ви снема простор.

*Фактичкиот достапен простор за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер. Проширување со MicroSD е достапно само на Galaxy Note10+ и Galaxy Note10+ 5G. MicroSD картичката се продава одделно. Достапноста на MicroSD картичката може да се разликува во зависност од земјата и производителот.
*12 GB RAM-меморија е достапна само на Galaxy Note10 5G, Galaxy Note10+ и Galaxy Note10+ 5G. Galaxy Note10 доаѓа со 8GB RAM. Капацитетот на RAM меморијата може да се разликува во зависност од моделот, бојата и земјата.

Power

Полнење за денот да Ви трае подолго

Со полнење на батеријата до 4300 mAh (вообичаено), Galaxy Note10+ трае колку и Вие. А кога ќе Ви притреба дополнување, приклучете го и знајте дека Super Fast Charging ќе го врати телефонот во живот за миг. Додека пак Wireless PowerShare Ви овозможува да му дадете од полнењето на некој друг или да ги наполните Вашите апарати за носење додека го полните телефонот

*Полнење од 4300 mAh (вообичаено) е достапно само на Galaxy Note10+. Galaxy Note10 е опремен со 3500 mAh (вообичаено).
*Вообичаената вредност е тестирана во лабораториски услови на трета страна. Вообичаената вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батериите меѓу тестираните примероци на батерии според стандардот IEC 61960. Номинален (минимум) капацитет е 3400 mAh за Galaxy Note10 и 4170 mAh за Galaxy Note10+. Фактичкото времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, шемите на користењето и други фактори.

Galaxy Note 10+ во средината на бројчаник со испружена сенка како да е сончев часовник.

Wireless PowerShare

Споделете го полнењето без кабли. Едноставно поставете го телефонот на колегата или Вашите Galaxy Buds на задната страна на Galaxy Note10 и Note10+ за да започнете обратно полнење.

*Ограничено на Samsung и другите брендови на паметни телефони со безжично полнење WPC Qi, како што се Galaxy Note10, Galaxy Note10+, Galaxy S 10e, Galaxy S10, Galaxy S10+, Galaxy S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note 9, Note 8, Note FE, Note 5 и апаратите за носење како што се Galaxy Watch Active 2, Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може нема да работи со одредени додатоци, маски или други уреди од брендот. Може да влијае врз приемот на повиците или интернет-услугите, во зависност од мрежната средина.

*Ограничено на Samsung и другите брендови на паметни телефони со безжично полнење WPC Qi, како што се Galaxy Note10, Galaxy Note10+, Galaxy S 10e, Galaxy S10, Galaxy S10+, Galaxy S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note 9, Note 8, Note FE, Note 5 и апаратите за носење како што се Galaxy Watch Active 2, Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може нема да работи со одредени додатоци, маски или други уреди од брендот. Може да влијае врз приемот на повиците или интернет-услугите, во зависност од мрежната средина.

Galaxy Note 10+ поставен со предната страна надолу со Galaxy Buds што се полнат врз него преку Wireless PowerShare.

Super Fast Charging

Батеријата со голем капацитет на Galaxy Note10 и Note10+ брзо се полни, обезбедувајќи 25 W напојување при 30-минутно полнење што трае цел ден.

*Проценето според просечната брзина на полнење на претходно издадената верзија на Galaxy Note10+ LTE со користење на полначот од кутијата заедно со корисничкиот профил на просечен/типичен корисник. Фактичкото времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, шемите на користењето и други фактори.

*Проценето според просечната брзина на полнење на претходно издадената верзија на Galaxy Note10+ LTE со користење на полначот од кутијата заедно со корисничкиот профил на просечен/типичен корисник. Фактичкото времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, шемите на користењето и други фактори.

Galaxy Note 10+ гледан од предната страна приклучен во USB-кабел од тип C со графичкиот кориснички интерфејс за полнење на екранот.
Connectivity

Пренесувајте онолку брзо колку што Ви е брз и работниот ден

Интелигентното Wi-Fi Ве поврзува побрзо, сигурно и безбедно дури и на јавни мрежи во места со голема гужва, како што се хотели или аеродроми. Ако не сте во дометот на Wi-Fi, се префрла на LTE без прекин, достигнувајќи брзини до 2,0 Gb/секунда, коишто овозможуваат брзи преземања и беспрекорни конференциски видеоповици.

*LTE 2,0 Gb/секунда е достапен само онаму каде што е поддржана Cat.20. Фактичката брзина може да се разлокува во зависност од земјата, операторот и корисничката средина.
*Побрз од претходните протоколи за Wi-Fi. Достапен само онаму каде што се поддржува Wi-Fi 6. Достапноста на поддршката за Wi-Fi 6 може да се разликува во зависност од земјата или регионот.

Жена држи Galaxy Note 10+. Се појавуваат известувања од „Управникот со преземања“ и прикажуваат две ставки што се преземаат.
Pro-grade Camera

Снимајте и уредувајте како професионалец

Снимајте ги деталите како што ги гледате, без разлика дали сте надвор на терен или во сала за состаноци. Системот на камерата на Galaxy Note10+ со пет професионални степени се приспособува на околината за точното осветлување, ја заштитува снимката при тресење со Super Steady и зумира за да ги сними звуците што сакате погласно да ги слушнете. Откако ќе завршите со снимањето, уредувајте со вградениот пакет за уредување, додавајќи музика, титлови или дури илустрации со S Pen.

*5 камери се достапни само на Galaxy Note10+. Galaxy Note10 има 4 камери: 1 предна и 3 задни.

Два телефони Galaxy Note 10+, еден гледан од предната, друг од задната страна. Galaxy Note 10+ гледан од предната страна под агол од три четвртини од страната на копчето за вклучување, прикажувајќи ја селфи камерата од 10 MP. На екранот има апстрактна графика. Galaxy Note 10+ гледан од задната страна, прикажувајќи го четворниот систем на камери, којшто ги вклучува камерата DepthVision, телефотокамерата од 12 MP, широкоаголната камера од 12 MP и ултрашироката камера од 16 MP.

Откријте ја моќноста од повисоко ниво на Note10 и Note10+.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ