• Nekoliko Galaxy S10 telefona je položeno ravno i prikazano iz donjeg ugla. Svi su crni osim jednog u sredini, koji je prikazan sa prizmatičnom gradacijom na ekranu sa prekrivenim Galaxy S10 telefonom na vrhu i dva telefona sa obe strane.

Телефон од следната генерација - за следната генерација.

По 10 години исполнети со мобилни телефони што беа креатори на
трендовите, пристигнуваат моделите Galaxy S10e, S10 и S10+, подготвени за предизвиците во
различни стопански гранки.
Твојот работен ден нека биде попродуктивен со Samsung DeX. Користи
ултразвучно детектирање на отпечатокот на прстот вграден во дисплејот без рабови, а
врвна безбедност гарантира Samsung Knox.

Ти ги претставуваме моделите Galaxy S10e, S10 и S10+. Следна генерација на мобилната
технологија, продуктивност и безбедност, целосно смислена за
следната генерација на работењето.

Ненадминлива иновација во сите стопански гранки.

Пристигна следната генерација на работење. Секогаш отворена. Секогаш мобилна. Секогаш поврзана. Без оглед дали работиш на далечина, на терен или во канцеларија, моделите Galaxy S10e, S10 и S10+ помагаат работниот ден да помине непречено, дури и во време на најголем хаос во различни дејности и стопански гранки.

Запознај ја следната генерација Galaxy S10e, S10 и S10+, иновирана така што овозможува успех во следната генерација на работење.

Galaxy S10 во хоризонтален режим прикажан од агол од левата страна.

Продуктивност

Сега телефоните се најкорисни апарати за работа. Потребни ти се можности за средување на документите, за истовремено извршување на повеќе задачи и за размена на идеи додека си во движење. Сега може да направиш повеќе од претходно и тоа со помош на телефон. Моделите Galaxy S10e, S10 и S10+, поврзани со апаратот Samsung DeX и создадени со употреба на револуционерна технологија и дизајн, ти помагаат да бидеш во тек и фокусиран каде и да работиш.

SAMSUNG DEX

Мобилност во работата како и на компјутер.

Креирај канцеларија кога било и каде што ти е потребно. Поврзи ги Galaxy S10e, S10 и S10+ со кој било екран со помош на едноставниот кабел DeX или со адаптерот HDMI и твојот мобилен телефон ќе се претвори во мал лаптоп.

Наменетиот кориснички интерфејс, кој изгледа како на компјутер, овозможува повлекување, десен клик со глувчето и чукање, при што телефонот се користи како панел што е чувствителен на допир и тастатура. Пишувај белешки, гледај видеоснимки, уредувај ги презентациите - сѐ одеднаш. Моделите Galaxy S10e, S10 и S10+ поврзани на Samsung DeX се претвораат во вистински работни станици што работат како твојот лаптоп каде и да тргнеш.

*Се препорачува да се користи оригиналниот адаптер Samsung HDMI или кабел што е соодветен за Samsung DeX.
*Мониторот и дополнителната опрема се продаваат одвоено.
*Некои апликации можеби не се поддржани на апаратот Samsung DeX.
*Сликите на екраните се симулирани.

Слика на телефонот Galaxy S10 plus што е поврзан на монитор со кабел DeX и лице што го користи како touchpad за работа во табели.
ДИЗАЈН

Поголем работен простор за поголеми идеи.

Дисплејот Infinity-O обезбедува навистина непречено прикажување. Затоа е одличен за прикажување и за уредување на документи при движење и го олеснува извршувањето на повеќе задачи истовремено во различни апликации. Овој импресивен дисплеј со издржливо стакло Gorilla Glass 6 обезбедува подобар поглед на презентациите, фотографиите и на сѐ друго што ти е потребно за работа. Благодарејќи на скенерот за отпечаток на прст, кој е вграден во екранот, брзо и лесно се отклучува во различни работни опкружувања.

*Подразбирлива резолуција е Full HD+ и во Нагодувањата може да се смени во Quad HD+.
*Мерено дијагонално, големината на екранот на моделот Galaxy S10e изнесува 5,8 инчи/146,1 mm како целосен правоаголник, односно 5,6 инчи/142,7 mm кога се сметаат заоблените рабови; големината на екранот на моделот Galaxy S10 изнесува 6,1 инч/155,1 mm како целосен правоаголник, односно 6,0 инчи/151,7 mm кога се сметаат заоблените рабови, а големината на екранот на моделот Galaxy S10+ изнесува 6,4 инчи/163,5 mm како целосен правоаголник, односно 6,3 инчи/159,9 mm кога се сметаат заоблените рабови; реалната видлива површина е помала паради заоблените рабови и отворите за камерите.

ДИСПЛЕЈ

Дисплејот Dynamic AMOLED од следната генерација може да прикаже сѐ.

Екранот Dynamic AMOLED помага да видите јасно и на јака дневна светлина и на придушена светлина. Eye Comfort Display интелигентно ја блокира штетната сина светлина за да го намали напрегнувањето на очите, а притоа да не ги расипе боите на сликата. Cinema-Grade Display со функцијата HDR10+ користи динамично мапирање на боите за да прикаже реални бои и контрасти во секој кадар - дури и мрачен, па нема да пропуштиш ниеден детаљ.

*Глобално познатиот институт за сертификација TUV Rheinland им додели на екраните на моделите Galaxy S10e, S10 и S10+ Сертификат за пријатност на очи врз основа на способностите драстично да ги намалуваат штетните ефекти на сината светлина. Овој сертификат може да се најде на веб-страницата www.tuv.com со број 1419064785. Екраните на моделите Galaxy S10e, S10 и S10+ добија од здружението DCI-P3 (Digital Cinema Initiatives) награда за 100% палета на бои, што претставува вообичаен простор RGB на бои во дигиталната проекција на филмови во филмската индустрија.
ПОГОЛЕМ БРОЈ КАМЕРИ

Фати поширока слика.

Фати го секој детаљ така како што го гледаш, без оглед дали си на терен или во сала за состаноци. Galaxy S10+ има 3 задни и 2 предни камери што ти помагаат да снимиш веродостојни фотографии дури и во услови со слабо осветлување. Ако снимаш презентација во живо или во внатрешност на зграда, задната ултраширока камера од 16МР ќе ти овозможи да не пропуштиш ниеден детаљ. Професионални камери дополнети со интелигентниот NPU и функциите, како што е Оптимизирање на кадарот, која автоматски го препознава опкружувањето и ги оптимизира боите и нијансите. Освен тоа, може да снимаш и видеоснимки користејќи ги функцијата за суперминорно снимање и стабилноста на акционата камера на терен или снимката HDR10+ ти ги прикажува точните бои во секој кадар.

*3 задни и 2 предни камери се достапни на моделот Galaxy S10+. Длабинска камера RGB од 8 МР достапна е само кај моделот Galaxy Ѕ10+. Galaxy S10 има 3 задни и 1 предна камера, а Galaxy S10e има 2 задни и 1 предна камера.
*Кога се отвора апликацијата Камера, автоматски се вклучува оптимизацијата на кадарот; прецизноста на оптимизацијата на кадарот зависи од условите на снимањето, како што се присуството на повеќе објекти, нефокусираноста или движењето на објектите.
*Функцијата Суперминорно снимање е достапна само за време на снимање со ултрашироката камера во резолуцијата Full HD. Резултатите зависат од условите на снимањето, како што се присуството на повеќе објекти, нефокусираноста или движењето на објектите.
*Снимањето во форматот HDR10+ моментно е во фаза на бета-тестирање. Квалитетот може да варира во зависност од платформата за делење и од средината за репродукција; бојата HDR10+ е достапна само кај поддржаните апарати или платформи.
*Снимањето на видеоснимки 4К (UHD) не е временски ограничено, но може да се прекине во зависност од состојбата на мобилниот телефон (прегревање, останата меморија, ниво на батерија итн.).

Два телефона Galaxy S10 plus. Еден е прикажан одзади прикажувајќи ја тројната задна камера што вклучува 12 МР Телефото Камера, 12 МР Широкоаголна камера и 16МР Ултраширока камера. Вториот телефон е прикажан однапред прикажувајќи ја двојната предна камера што е составена од 10МР Селфи камера и 8МР Длабинска камера.
НАВИКИ BIXBY

Телефон што е подготвен за твојот бизнис.

Galaxy S10e, S10 и S10+ се приспособуваат на твојот живот. Започни го работниот ден со седнување во автомобил, пуштање музика и со гледање како Мапите го одредуваат патот до канцеларијата. Апликациите за е-пошта и календар нека те пречекаат на работа во вид кратенка на заклучениот екран. Кога ќе пристигнеш во канцеларија, телефонот може автоматски да се префрли на канцелариски нагодувања, на пример, да вклучи вибрирање и Wi-Fi. Mоделите Galaxy S10e, S10 и S10+ ги учат твоите навики и предлагаат апликации што може да ти го олеснат работниот ден или може да изработиш сопствени приспособени навики што ќе бидат подготвени тогаш кога ќе посакаш.

*Достапноста зависи од државата или од регионот.
Galaxy S10 plus ставен на задниот дел прикажан од благ долен агол без екран и со илустриран приказ на хардверот.

Перформанси

Нашиот деловен живот е поинтензивен од кога било. За да успееш, потребен ти е соодветен телефон што може да одржи чекор со твојот бизнис. Galaxy S10e, S10 и S10+ е идеален сопатник што ќе ти го подобри работниот ден. Со силната целодневна батерија и интелигентниот систем што го оптимизира телефонот апликациите се отвораат побрзо и поекономично, така што сега може за пократко време да сработиш повеќе.

НАПОЈУВАЊЕ

Наполни ја батеријата и комуницирај на целосно нов начин.

Galaxy S10+ се истакнува со батерија со капацитет до 4100 mAh со која ќе може да работиш колку и да ти е густ распоредот. Батеријата е толку силна што функционира како безжичен полнач и го дели напонот со кој било апарат со поддршка за Qi, како што е твојот паметен часовник. Кога на телефонот му е потребно полнење, функцијата за брзо безжично полнење Fast Wireless Charging 2.0 ќе го врати телефонот во живот побрзо отколку претходните модели на телефони Galaxy ако ја користиш подлогата Samsung Duo за безжично полнење.

*Батеријата со капацитет од 4100 mAh е достапна кај моделот Galaxy S10+. Моделот Galaxy S10 има батерија со капацитет 3400 mAh (типично), а моделот Galaxy S10е има батерија со капацитет 3100 mAh (типично).
*Tипичната вредност е тестирана во независна лабораторија. Типичната вредност е проценетата средна вредност, земајќи ги предвид отстапувањата во капацитетот на батериите меѓу батериите тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет изнесува 3000 mAh за Galaxy S10e, 3300 mAh за Galaxy S10 и 4000 mAh за Galaxy S10+. Вистинското времетраење на батеријата зависи од мрежното опкружувањето, образецот на употреба и од други фактори.
*Ограничено на мобилните телефони на компанијата Samsung или на другите производители со безжично полнење од видот WPC Qi, како што се Galaxy S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5 и преносливите апарати, како што се Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Можеби нема да работи заедно со одредена дополнителна опрема, капаци и со други апарати на производителот. Може да влијае врз примањето на повиците или услугите за пренесување на податоците, во зависност од мрежната средина.
ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ

Навистина интелигентен мобилен телефон.

Работи попаметно на интелигентниот телефон. Во корисничкиот интерфејс на Galaxy S10e, S10 и S10+ е вградено машинско учење што го оптимизира твоето искуство врз основа на твоето однесување и саканите нагодувања. Тој однапред ги вчитува најчесто користените бизнис-апликации, помагајќи ти со тоа да работиш поефикасно. Исто така, тој ги учи твоите секојдневни навики и образци на употреба за да управува интелигентно со потрошувачката на батеријата - затворајќи ги апликациите што не ти се потребни. Освен тоа, адаптивниот режим за заштеда на енергија управува со потрошувачката на батеријата врз основа на предвидувањето за тој ден.

Слика од маж што работи ноќе со телефонот Galaxy S10 plus на кој е Прикажана иконата за батерија.
МОЌНИ ПЕРФОРМАНСИ

Перформанси на следната генерација за твојот бизнис.

Побрз и поинтелигентен процесор за мобилни телефони што ги стартува извонредните модели Galaxy S10e, S10 и S10+. Подобрувањата прават твојот телефон да работи ефикасно како тебе, а покрај тоа троши помалку енергија. Има поголем мемориски простор, па може да го чуваш бизнисот на дофат на рака не плашејќи се дека ќе останеш без меморија.

*Внатрешната меморија со големина од 1 ТВ е достапна само кај моделот Galaxy S10+.
*Големината на внатрешната меморија зависи од моделот и од државата, а големината на достапната внатрешна меморија зависи од однапред инсталираниот софтвер.
*Картичката MicroSD се продава одвоено. Достапноста зависи од државата и од производителот.

HYBRID SIM-КАРТИЧКА

Два света - еден телефон.

Кога си на службено патување, само вметни ја локалната SIM-картичка, а домашната линија ќе ти остане активна. Исто така, во еден телефон може да го користиш и својот службен и приватен број. Можностите за користење на две SIM-картички на моделите Galaxy S10e, S10 и S10+ овозможуваат лесно користење на две телефонски линии. Ако не ти се потребни две SIM-картички, вметни ја microSD-картичката во хибридното лежиште за да го зголемиш меморискиот простор.

*SIM-картичката се продава посебно. Достапноста на услугитDual SIM е зависи од државата или од оператерот.

Две слики на екранот Galaxy S10 plus прикажан отстрана. На бизнис-страната е жена што работи на телефонот Galaxy S10 plus во канцеларија. На приватната страна е истата жена облечена секојдневно што носи кафе и го користи својот Galaxy S10 plus.
МОЖНОСТИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ

Извонредни можности за поврзување на твојот бизнис.

Пристапи ѝ на врската со следната генерација со Galaxy S10e, S10 и S10+. Интелигентниот Wi-Fi достигнува поголеми брзини со Wi-Fi 6, поврзувајќи се сигурно и безбедно дури и на јавни мрежи во простори што се преполни со луѓе, како што се хотели или аеродроми. Кога си надвор од опсегот на Wi-Fi, незабележливо преминува на LTE што поддржува извонредни брзини на пренесување на податоци до 2,0 Gb/s.

*Достапноста на поддршка за Wi-Fi 6 зависи од државата или од регионот.
*Реалната брзина зависи од државата, операторот и од корисничката средина.
Galaxy S10 plus во хоризонтален режим прикажан од лев агол, со екран што е прикажан како да лебди над апаратот и со икона Ultrasonic - сензор за отпечаток на прст на екранот.

Безбедност

Затоа што работиш пофлексибилно и со повеќе соработници, безбедноста на податоците на компанијата никогаш не била поважна. Благодарејќи на напредното ултразвучно детектирање на отпечатокот на прст вграден директно во екранот и платформата Samsung Knox, се гарантира ненадмината безбедност. Може безбедно да споделуваш информации со колегите и со клиентите.

УЛТРАЗВУЧНО ДЕТЕКТИРАЊЕ НА ОТПЕЧАТОК НА ПРСТ

Ултрабезбедност под твоите прсти.

Револуционерниот скенер за отпечаток на прст е вграден е во дисплејот и праќа ултразвучни импулси за да го детектира отпечатокот од твојот прст ставен на стаклото, што значи дека практично е невозможно да го измамите. Се користи брзо и лесно, па може да им пристапиш на датотеките и да се фатите за работа за момент. Безбеден е и осигурува дека твоите чувствителни податоци нема да паднат во погрешни раце.

*Скенерот за ултразвучно детектирање на отпечатокот на прстот е достапен само кај моделите Galaxy S10 и S10+. Galaxy S10e има скенер за отпечаток на прст што се наоѓа во копчето за вклучување.
*Корисничкиот интерфејс на скенерот за отпечаток на прст е симулиран заради илустрација.

Прст што го допира екранот Infinity-O со симулирани виолетови пулсирања емитирани од сензорот Ultrasonic за отпечаток на прст.
SAMSUNG KNOX

Заштита на највисоко ниво за свет на отворена комуникација.

Samsung Knox обезбедува повеќеслојна заштита што е вградена во хардверот и во софтверот. Тој дури прави и посебна област во меморијата на телефонот заради чување на приватни и На службени податоци. Каде и да одиш и што и да правиш може да имаш доверба во тоа дека твоите службени податоци ќе останат безбедни со врвната заштита со која лесно се управува.

Слика на телефонот Galaxy S10 plus прикажана од агол на кој се наоѓаат копчето Bixby и копчето за регулирање на звукот. Екранот е свртен, тргнат за да се прикажат пет слоеви на Samsung Knox што се вградени во чипот. Меѓу телефонот и екранот е текст што ги опишува слоевите: Hardware Root of Trust, контејнер Knox, SE за Android, TIMA и верификација Samsung.
ЕДНОСТАВНО И ЛЕСНО УПРАВУВАЊЕ

Примени ја и управувај со палетата на свои апарати со леснотија.

Секоја компанија има сопствени очекувања од своите апарати, а со решенијата на Samsung Knox лесно се управува со апаратите на вработените за да се исполнат тие очекувања. Може дури и далечински да ги конфигурираш апаратите или да применуваш ажурирања без потреба од физичко поврзување со апаратот или негово рачно додавање.
Решенијата Samsung Knox ја зголемуваат твојата работна способност, од почетното конфигурирање на апаратот до непрекинатото управување со нив.

ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Техничка поддршка Samsung за корпорации.

Техничката поддршка за корпорации осигурува дека твојата компанија ќе биде опремена со неопходната стручност што ја обезбедуваат инженерите на Samsung за мобилни технологии. Нашите експерти се подготвени да спроведат проактивна процена, да обезбедат сигурна поддршка, да ракуваат со ескалации од различни видови и нивоа, како и да ги приспособат решенијата со единствените потреби на твојата организација.

ОДИ НА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Слика на маж и жена што седат на маса. Мажот држи Galaxy S10 plus во раката.
ENTERPRISE EDITION

Комплетно решение за мобилност на корпорациите

Galaxy S10e и S10 Enterprise Edition ги поддржуваат сложените потреби на корпоративните клиенти во поглед на ефикасноста. Со него пристигнуваат и услугите Knox Configure и Samsung E-FOTA и се обезбедува 4 години безбедносно одржување и 2 години гарантирана достапност на пазарот. Сега може да обезбедиш поттик за својот бизнис со комбинирање на моќното и едноставно управување со апаратите, поддршка во вид на приспособени партнерски решенија, можности за приспособување и врвна безбедност.

*Enterprise Edition е достапен само кај моделите Galaxy S10e и Galaxy S10.

Galaxy S10e се наоѓа пред телефонот Galaxy S10 и двата се прикажани од агол на кој се наоѓа копчето за вклучување. Двата телефона имаат призматична графика Ѕ10 на екранот. На Galaxy S10е страната е прикажан текст: Поддршка, Гарантирана достапност (2 години) и Сеопфатна безбедност на одржување (4 години).

Истражувај ги моделите Galaxy S10e, S10 и S10+ од следната генерација

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ