Galaxy S9 | S9+
Телефон. Потполно нов.- Полноќно црна (currently selected)
- Корално сина (currently selected)
- Виолетова (currently selected)
Телефон, Сосема нов.

Како што линијата што го разделува деловното од приватното станува сѐ потенка, потребен ни е мобилен работен простор што е доволно флексибилен за двата света: Galaxy S9 и S9+. Дизајнот, напредната камера и Samsung DeX ти овозможуваат да работиш попаметно, а практичните сигурносни мерки ја чуваат безбедноста на твоите податоци.
Неверојатен екран со непрекинат поглед.
Уживај во погледот на дисплејот Infinity што те остава без здив и ти овозможува да гледаш повеќе свои документи и податоци на екранот. Визуелните пречки се сведени на минимум и ти овозможуваат да останеш фокусиран на својата работа. И со унапредената видливост на отворено, може да ги видиш сите живописни детали на екранот, дури и при силна дневна светлина.
*Дисплеј Infinity: целосно фронтално стакло од раб до раб без маска.

Камера за снимање при слабо осветлување и за супер забавени снимки.
Забележи јасни детали во услови на слабо осветлување и снимај супер забавени снимки со иновативната камера на Galaxy S9 и S9+. Правењето фотографии никогаш не било полесно благодарејќи на двојната бленда што се приспособува на опкружувањето со цел да произведе фотографии што оставаат
без здив при секакво осветлување.
*Двојната бленда ги поддржува режимите F1.5 и F2.4. Инсталирана на задната камера (S9)/задната широка камера (Ѕ9+).
*Супер забавената снимка поддржува само резолуција HD. Оваа опција е ограничена на 20 кадри по снимка со околу 0,2 секунди снимка и 6 секунди репродукција за секоја снимка.
*Провери колку слободен простор имаш пред употреба.

Доживување на работа на персонален компјутер што патува со тебе.
Кога си на службен пат или работиш од дома, сега лесно може да ги користиш и уредуваш своите документи на уште поголем екран. Ако го поврзеш својот Galaxy S9 или S9+ на Samsung DeX станица и монитор, може да го користиш својот телефон како тастатура и табла чувствителна на допир за постигнување искуство на работа на десктоп компјутер преку телефон.
*Се препорачува употреба на оригиналниот кабел HDMI и полначот со подлога Samsung DeX станицата.
*Samsung DeX станицата, мониторот и дополнителната опрема се продаваат посебно.
*Достапно на избрани мобилни телефони Samsung со Андроид 8.0+.










Платформа за безбедност со повеќеслојна заштита.
Заштити ги своите податоци со одбранбената безбедност што ја обезбедува Samsung Knox 3.1. Интегриран и во хардверот и во софтверот, Samsung Knox постојано го проверува интегритетот на Galaxy S9 и S9+ апаратите со цел да забележи неовластени измени и да преземе неопходни мерки.
*Комплетниот список на сертификатот Samsung Knox може да го најдеш на www.samsungknox.com.

Метод за отклучување направен токму за тебе.
Лесно пристапи до својот телефон со употреба на погодни методи за проверка на идентитетот. Препознавањето лица и скенирањето на око работат заедно со цел да овозможат интелигентно скенирање, благодарејќи на кое едноставно може да го отклучиш Galaxy S9 и S9+ во различни работни опкружувања.
*Прецизноста на паметното скенирање може да се разликува во зависност од условите на окружувањето.

Отклучи го телефонот со поглед, клик, шаблон или PIN. Избери една од неколку едноставни опции со цел твојот телефон да остане заклучен додека не ти биде потребен.
-
Ирис
-
Препознавање
на лица -
Отпечаток
од прст -
Шаблон
-
Лозинка
-
PIN