Дизајн Infinity

Внеси се во својата работа, каде и да си.

Гледај повеќе од она што го работиш и лесно работи повеќе работи истовремено на дисплејот Infinity. Визуелните пречки ги сведовме на минимум и го направивме екранот подлабоко црн за да се вклопи со работ. А кога си некаде на терен, може да читаш документи или да гледаш видеоснимки без тешкотии затоа што е зголемен контрастот на екранот.

*Дисплеј Infinity: целосно фронтално стакло од раб до раб без рамка.

Погледот одблизу на Galaxy S9 и S9+ кој го прикажува дисплејот Infinity со семка од глуварче на екранот
Камера

Лесно направи детални фотографии и видеоснимки.

Кога правиш фотографии и видеоснимки за работа, тие треба да бидат јасни и остри. Камерата на апаратите Galaxy S9 и S9+ ти носи двојна бленда и намалување на заматеноста што ти помага да правиш одлични фотографии при слабо осветлување. Од друга страна, Супер забавената снимка ти овозможува да снимаш четирипати побавно, да ја забавиш реалноста за да не пропуштиш ниту еден детаљ.

*Двојната бленда ги поддржува режимите F1.5 и F2.4. Инсталирана на задната камера (S9)/задната широка камера (Ѕ9+).
*Супер забавената снимка поддржува само резолуција HD. Оваа опција е ограничена на 20 кадри по снимка со околу 0,2 секунди снимка и 6 секунди репродукција за секоја снимка.
*Провери колку слободен простор имаш пред употреба.

Samsung DeX

Понеси го доживувањето на работа на персонален компјутер со тебе.

Биди продуктивен во секое време и на секое место со новата Samsung DeX подлогата. Без оглед дали работиш кога си на пат или од дома, подлогата ти овозможува да го користиш својот Galaxy S9 или S9+ како тастатура и табла чувствителна на допир, што значи дека ти е потребен само монитор за богато искуство на работа на персонален компјутер. Подлогата има посебен GUI со елементи, како што се контекстуални менија и функции за повлекување и пуштање, па може да ја провериш е-поштата, да креираш и уредуваш документи и многу повеќе.

*Се препорачува употреба на оригиналниот кабел HDMI и полначот со подлога Samsung DeX.
*Samsung DeX подлогата, мониторот и дополнителната опрема се продаваат посебно.
*Достапно на избрани мобилни телефони Samsung со Андроид 8.0+.

Фотографија на лице што работи на маса на Galaxy S9 или S9+ со подлога Samsung DeX поврзана на монитор Samsung
Мултитаскинг

Ефикасност без тешкотии.

Поедностави го својот мобилен работен простор со отворање на две апликации истовремено со опциите на Galaxy S9 или S9+ за мултитаскинг. Поврзи две апликации што често ги користиш заедно и постави ги на почетниот екран за брз пристап. Ако се случи нешто да работиш токму кога ќе ти стигне порака, едноставно повлечи ги известувањата надолу и одговори без да излезеш од апликацијата.

*Опциите за мултитаскинг и спојување на апликации се достапни за избрани Андроид апликации со можност за работа на повеќе прозорци. Овие апликации може да се пронајдат на листата апликации на твојот телефон.
Samsung Knox 3.1

Заклучи ги своите податоци на секое ниво.

Сега може да работиш на кое било место, а твоите податоци и датотеки да останат заштитени. Платформата за одбранбена безбедност што ја обезбедува Samsung Knox е развиена од ниво на чип и почнува да работи веднаш кога ќе го вклучиш телефонот. Samsung Knox ти нуди повеќе нивоа на безбедност во реално време и ги чува твоите податоци во безбедна папка што само ти можеш да ја отвориш. Не само тоа, тој одделно ги чува твоите приватни и деловни работи.

*Садот Samsung Knox мора да се активира преку решение EMM.
*TIMA е Архитектура за мерење интегритет базирана врз TrustZone.

Два телефона Galaxy S9 или S9+ еден покрај друг, на едниот е прикажан екран со апликации, а на другиот екран на апликацијата Knox Workspace
Биометриска потврда

Пристапи до својот телефонот на лесен начин.

А кога мора да го отклучиш телефонот, сега лесно може да го направиш тоа со Интелигентно скенирање. Тоа е комбинација на препознавање на лице и скенирање на ирисот, што ти овозможува лесно да го отвориш својот телефон во различни опкружувања. Ако се наоѓаш на место каде што осветлувањето е слабо, се вклучува скенирање на ирисот да помогне при препознавање на лицето. Или ако си надвор на сончев ден, препознавањето на лицето го дополнува скенирањето на ирисот.

*Горната фотографија го прикажува GUI за скенирање на ирисот.
*Во ситуации кога е потребен побезбеден метод на отклучување, се препорачува скенирање на ирисот.
*Прецизноста на паметното скенирање може да се разликува во зависност од условите на окружувањето.
Преведување во живо

Пратете вести од цел свет.

Читај ги деловните документи на твоите партнери од цел свет без тешкотии или прочитај мени во ресторан во странство. Отвори ја својата камера, а опцијата Преведување во живо ќе ти покаже превод на текстот во реално време.

*Прецизноста зависи од различни фактори, како што се големината на текстот и дизајнот.
*Потребно е пријавување на сметката Samsung и мрежата (Wi-Fi или интернет-врска). Брзината на преведувањето може да се разликува во зависност од интернет-врската и од бројот на зборови. Оваа функција е ограничена на избраните јазици. Види го Деталниот список на јазици на http://www.samsung.com/global/galaxy/apps/bixby/vision/.

На екранот на апаратите Galaxy S9 или S9+ се гледа GUI за превод во живо со преведениот знак и непреведениот знак во заднина
Отпорност на вода и прав

Radite čak i u neočekivanim uslovima.

Продолжи да го користиш својот телефон дури и кога работиш во услови што не се идеални. Телефонот има степен на заштита IP68 за отпорност на вода и прав, па може да продолжиш со праќањето е-пошта или правењето фотографии дури и ако те фати дожд или ако надојде облак на прав.

*Степен на заштита IP68. Базирано врз пробните услови на потопување до длабочина од 1,5 m вода во текот на 30 минути. Измиј ги остатоците/исуши го ако е влажен.

Фотографија на човек како држи Galaxy S9 или S9+ на дожд
Gigabit LTE

Преземи ја содржината и врши стриминг со неверојатна брзина.

Ако не си во домет на безжичен интернет, не значи дека не си поврзан. Дури и кога користиш мобилни податоци, имаш можност за брз пристап до датотеките и документите како што е графика или 3Д слики и да користите апликации AR/VR. Причината е што Galaxy S9 и S9+ може да се поврзат со брзини LTE до 1,2Gbps.

*Реалната брзина може да се разликува во зависност од државата, провајдерот, мрежното опкружување, давателот на содржини и други релевантни фактори.
*Потребна е претплата на мобилни податоци. Може да настанат дополнителни трошоци.

*Реалната брзина може да се разликува во зависност од државата, провајдерот, мрежното опкружување, давателот на содржини и други релевантни фактори.
*Потребна е претплата на мобилни податоци. Може да настанат дополнителни трошоци.

Galaxy S9 или S9+ со прикажан GUI за преземање на екранот

Можност за проширување на меморијата

Погодни опции за складирање

Чувај ги важните документи и податоци на својот телефон без премислување. Galaxy S9 и S9+ ти нудат можност за проширување на меморијата до 400GB со картичка microSD.

*Картичката MicroSD се продава посебно.

Close-up image of Galaxy S9 or S9+ with SIM tray ejected and Samsung 256GB microSD card in place
Dual SIM

Два броја, еден телефон.

Вметни друга SIM-картичка за да имаш посебни броеви на телефони за работа и за приватни потреби на еден апарат. Или ако мора да се поврзеш додека си во странство, може да користиш странска SIM-картичка, и притоа да го задржиш својот локален број.

*SIM-картичката се продава посебно.
*Достапноста на услугата Dual SIM може да се разликува во зависност од државата, односно провајдерот.

*SIM-картичката се продава посебно.
*Достапноста на услугата Dual SIM може да се разликува во зависност од државата, односно провајдерот.

Извадено лежиште за SIM на кое се наоѓаат две SIM-картички

ПРЕТХОДНО

ПРЕГЛЕД

Откриј ги најважните карактеристики за напредните
можности што ти ги носи Galaxy S9 и S9+.

Galaxy S9 или S9+ од задна страна со семки од глуварче што летаат настрана