NZ5000H Вградена плоча за готвење со Flex зона, 7,2 kW

NZ5000H Вградена плоча за готвење со Flex зона, 7,2 kW

NZ64H57479K/EO

Одбери боја

Боја :

Одбери вид на рамка

Готви повеќе јадења заедно

Индукциската плоча за готвење NZ5000 на Samsung има флексибилна зона, којашто е голема и отворена површина на плочата со правоаголна форма, посебно дизајнирана за готвење повеќе јадења. На неа може да ставаш лонци и тави со различни форми и големини оддеднаш и е доволно флексибилна за користење со големи садови за готвење. Па така, таа го олеснува готвењето на големите, семејни јадења.

Упатство за инсталација

Само загреј ги тавите однапред

Функцијата „Спремна тава“ на индукциската плоча за готвење NZ5000 на Samsung овозможува брзо претходно загревање на садовите за готвење со еден едноставен допир. Наместо рачно да ги прилагодуваш температурите за претходно загревање и готвење, кога ја користиш функцијата „Спремна тава“, таа веднаш го засилува нивото на топлина за 50 секунди за брзо претходно загревање на тавата, а потоа автоматски ја намалува температурата на умерено ниво (ниво 9) што обично се користи за вообичаено готвење.

Моментална висока температура

Опцијата „Брз почеток“ на индукциската плоча за готвење NZ5000 на Samsung ги намалува чекорите и времето потребни за да започниш со готвење така што обезбедува моментална висока температура. Кога ќе се избере, зоната за готвење веднаш започнува да ја загрева храната на максимално ниво на температура од 15, што потоа може постепено да се намалува. Па така, нема ниту едно од вообичаените одложувања кога треба да го зголемиш нивото на моќност од 0, па нагоре.

Запирање со еден допир

Функцијата „Брзо запирање“ на индукциската плоча за готвење NZ5000 на Samsung моментално го намалува ризикот од несреќи. Веднаш може да ги исклучиш зоните за готвење со едноставен допир на прстот за да спречиш јадењето да претече од лонците или да загорат тавите. И ако треба да излезиш од кујната, функцијата „Брзо запирање“ ти овозможува безбедно да се одалечите, без да се грижите.

Постепена контрола

Индукциската плоча за готвење NZ5000 на Samsung има Лесен кориснички интерфејс, којшто ти покажува што треба да направиш при секој чекор, па така може да го насочиш начинот на готвење без напор. Исто како и повеќето системи за потрошувачи, операциите секогаш се движат логички одлево-надесно, така што никогаш нема да губиш време во барање на вистинските копчиња за да го завршиш следниот чекор.

Интуитивна контрола на температурата

Многу широката и интуитивна контрола со лизгање на индукциската плоча за готвење NZ5000 на Samsung овозможува брза и прецизна контрола на температурите за готвење. Едноставно може да го допреш и лизгаш прстот низ контролната табла со LED за да го поставиш или прилагодиш нивото на топлина за секоја зона за готвење со едно лесно движење. И затоа што е речиси двојно поголема од ширината на конвенционалните контроли, може да си многу прецизен при изборот на поставките.

Побезбедна за децата

За да се зголеми безбедноста на кујната, Детската брава ги спречува дури и најрешителните деца да ја активираат површината за готвење. Со едноставно допирање на копчето, контролната табла може целосно да се заклучи, така што е невозможно намерно или случајно вклучување на плочата за готвење, а со тоа се минимизира ризикот децата да си ги изгорат рачињата.

Автоматски побезбедна

Безбедносното исклучување ти обезбедува комплетно спокојство. Автоматски ја исклучува секоја од зоните за готвење доколку си оставил работи да се готват долго време или ако нема промена во начинот на работа по истекот на одреден период. Кога организираш забава за пријателите и семејството, шансите од скапи или опасни несреќи се помали.

Ефикасно користење на топлината

Вклучува индикатор за преостаната топлина со две фази, така што може безбедно и ефикасно да ја искористиш секоја преостаната топлина. Jасно ќе покаже „h“ ако зоната за готвење е потопла од 45 °C и сè уште може да се користи за готвење или „H“ ако е над 60 °C. Но, индикаторот ќе се исклучи кога е ладна и безбедна за допирање.

Спецификации

  • Број на рингли 4 EA
  • Нето (ШxВxД) 600X520X56 mm

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
  • Упатство за корисниците
    АЛБАНСКИ, ХРВАТСКИ, МАКЕДОНСКИ, СРПСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ
  • Упатство за корисниците
    АНГЛИСКИ, ПОЛСКИ
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промена.