Забава

Барајќи волшебни тајни во
уметноста - Дел II

Преобрази обичен простор во визуелна оаза со исцелителна уметност на зајдисонце.

Семејство кое седи слободно на карпите, се сообразува со убавината на природата гледајќи зајдисонце на далечна планина. Семејство кое седи слободно на карпите, се сообразува со убавината на природата гледајќи зајдисонце на далечна планина.

Лесно е да се заплеткаме во нашите секојдневни животи. Во овие моменти, уметноста инспирирана од природата може да има релаксирачки ефект на нашите очи и души. Едно од најголемите ремек-дела на мајката-природа, зајдисонцето, е уникатно прекрасна глетка за гледање. Ниското сонце го краси небото со златни нијанси и носи топол и спокоен сјај на сè што допира. Зајдисонцето може да трае само неколку минливи моменти на ден, но можеш да уживаш во неговата убавина во секое време кога сакаш, преку уметничките дела на уметниците кои кои се обидоа да го фатат неговиот раскош.

The Frame, телевизор Samsung на студиски статив, прикажува слика на зајдисонце на плажа од Џозеф Малор Вилијам Тарнер, што се вклопува во ентериерот на дневната соба и надворешниот пејсаж на зајдисонце на море. The Frame, телевизор Samsung на студиски статив, прикажува слика на зајдисонце на плажа од Џозеф Малор Вилијам Тарнер, што се вклопува во ентериерот на дневната соба и надворешниот пејсаж на зајдисонце на море.
На ѕидот, „Таму и повторно назад I“ на Никол Рене Рајан, прикажана преку Уметничкиот режим на The Frame, виси во хармонија со зајдисонце на океан над прозорецот на дневната соба. На ѕидот, „Таму и повторно назад I“ на Никол Рене Рајан, прикажана преку Уметничкиот режим на The Frame, виси во хармонија со зајдисонце на океан над прозорецот на дневната соба.

- Таму и повторно назад I (2016), Никол Рене Рајан

Низ очите на гледачот

Ден по ден, ветерот и облаците танцуваат со портокаловата светлина на сонцето што заоѓа за да направат непредвидлив, небесен пејсаж. Нестварните, контрастни бои кои се вртат низ небото, го прават зајдисонцето омилена муза на многу уметници. Отворена за бесконечни толкувања во рацете на уметникот, уметноста на зајдисонцето не само што нуди слика на природата, туку и одраз на емоциите на нејзиниот творец.

„Уметноста ја мие прашината на секојдневието од душата“.

- Pablo Picasso

Уметничкото дело на Јинсеок Ли, „Хоризонт 2“ кое, прикажано на Samsung The Frame, виси на ѕидот во пријатната дневна соба, носи емоционална стабилност. Уметничкото дело на Јинсеок Ли, „Хоризонт 2“ кое, прикажано на Samsung The Frame, виси на ѕидот во пријатната дневна соба, носи емоционална стабилност.

- Хоризонт 2, Јинсеок Ли

Жена се одмора со шолја кафе седејќи на каучот и Samsung The Frame, што е телевизор со Уметнички режим, прикажува уметничко дело „Por do Sol na Lagoa Gaiva“ од Аракем Алкантара и тоа дава прочистување на умот. Жена се одмора со шолја кафе седејќи на каучот и Samsung The Frame, што е телевизор со Уметнички режим, прикажува уметничко дело „Por do Sol na Lagoa Gaiva“ од Аракем Алкантара и тоа дава прочистување на умот.

Уживање во спокојниот сјај на хоризонтот

Дали некогаш сте ја виделе жолтата сончева светлина расеана и рефлектирана низ бесконечниот хоризонт при зајдисонцето? Спектакуларно и исцелително, нежно нè потсетува на пространоста на просторот и времето и може повторно да нè врати во нормала кога ќе ја изгубиме перспективата. Ова може да биде причината зошто одразот на зајдисонцето на водата привлекува толку многу уметници. Восхит на зајдисонце пресликан во водите на Езерото Гаиба во Јужна Америка или во Норвешко море од плажите на Лофотенските Острови.

The Frame ја прикажува „Покривот на Париз“ на СЕРЖ РАМЕЛИ кориистејќи го Уметничкиот режим на Samsung. The Frame ја прикажува „Покривот на Париз“ на СЕРЖ РАМЕЛИ кориистејќи го Уметничкиот режим на Samsung.

- Покривот на Париз (2016), СЕРЖ РАМЕЛИ

Жена ужива во уметничкото дело „Зајдисонце над Гондола“ од СЕРЖ РАМЕЛИ преку Уметничкиот режим на Samsung The Frame и удобно си ги средува мислите пред да ги запише во тетратка. Жена ужива во уметничкото дело „Зајдисонце над Гондола“ од СЕРЖ РАМЕЛИ преку Уметничкиот режим на Samsung The Frame и удобно си ги средува мислите пред да ги запише во тетратка.
Samsung The Frame  го прикажува уметничкото дело Улица во Париз, дождлив ден (1877) од Густав Кајлебот во Продавницата за уметнички дела. Samsung The Frame  го прикажува уметничкото дело Улица во Париз, дождлив ден (1877) од Густав Кајлебот во Продавницата за уметнички дела.
Продавница за уметнички дела
Уредувај ја твојата персонализирана колекција со дела од Уметничката продавница на The Frame.

Светскипознати зајдисонца

Иако зајдисонцето може да се види од секаде, има одредени места во светот кои се познати по своите величествени зајдисонца. На пример, не постои ништо слично како можноста да се види Париз, градот на светлината, искапен во топлиот, жолт и портокалов сјај на зајдисонцето. Богатите бои на зајдисонцето прават дури и најздодевните делови на градот да изгледаат нестварно. Некои би рекле дека Кулата Монпарнас е најдоброто место за гледање на зајдисонцето во Париз, со незаборавен панорамски поглед на градот од 360 степени.

Или патувај до брегот на Медитеранот, до градот за совршена разгледница Венеција. Земи гондола од Плоштадот Свети Марко и гледај како сонцето кое заоѓа го облекува градот и морето во розова магла. Некогаш прогласен за „најубава соба за цртање во Европа“ од Наполеон, Плоштадот Свети Марко во Венеција е едно од најубавите места во светот за гледање на зајдисонцето.

„Светлината постојано се менува и тоа ја менува атмосферата и убавината на нештата секоја минута“.

- Клод Моне

The Frame е обесен на ѕидот во дневната соба и ја прикажува „Стогови сено наутро, снежен ефект“ од Клод Моне. И жена гледа и ужива во слики на Моне, импресионистичка уметност користејќи ја убавината на светлината на зајдисонце. The Frame е обесен на ѕидот во дневната соба и ја прикажува „Стогови сено наутро, снежен ефект“ од Клод Моне. И жена гледа и ужива во слики на Моне, импресионистичка уметност користејќи ја убавината на светлината на зајдисонце.

- Стогови сено наутро, снежен ефект (1266 - 1290), Клод Моне

Сјајните светла на зајдисонцето

Клод Моне, основач на француското импресионистичко сликарство, ги проучувал ефектите на светлината сликајќи го истиот пејсаж во различно време. Импресионистите биле фасцинирани од начинот на кој се менувале боите кога одразуваат светлина во различни периоди од денот, особено за време на зајдисонцето. Сјајот на зајдисонцето создава живописни пејсажи кои инспирираат безброј уметници и сонувачи кои гледаат кон небото. Оваа волшебна инспирација можете да ја доживеете во секое време од денот дома, сослика на зајдисонце од Продавница за уметнички дела прикажана токму на The Frame.

На белиот ѕид, Бели водени лилјани (1899) од Клод Моне, прикажана преку Уметничкиот режим на Samsung The Frame, виси на ѕид во хармонија со спокоен бел ентериер на дневната соба. На белиот ѕид, Бели водени лилјани (1899) од Клод Моне, прикажана преку Уметничкиот режим на Samsung The Frame, виси на ѕид во хармонија со спокоен бел ентериер на дневната соба.

* Сликите се симулирани само за илустрација. Спецификациите на изгледот, дизајнот и GIU (графичкиот кориснички интерфејс) коишто не влијаат врз изведбата на производот подлежат на промена без претходно известување.
* Продавницата за уметнички дела можеби не е достапна во некои земји.
* Уметничките дела во Продавницата за уметнички дела подлежат на промена без претходно известување.
*** Уметничкиот режим (Паметна услуга) и GUI (графичкиот кориснички интерфејс) може да се разликуваат според земјата и регионот.
* Потребна е претплата за Продавницата за уметнички дела.
* Студискиот статив се продава одделно.

Опушти се со исцелителни погледи на The Frame

Опушти се со фотографија или слика на твојот омилен пејсаж.

Прочитај ги и овие приказни