Забава / Домашна забава

Маскирај го твојот QLED-телевизор со амбиентален начин на работење

Телевизор што се вклопува во просторот

Семејство јаде на трпезариска маса. Зад семејството, на ѕидот виси QLED-телевизор со вклучен режим за информации. Со режимот за прикажување на информации, QLED-телевизорот во амбиентален начин на работење се претвора во табла за временска прогноза во кујната.

QLED-телевизорите на Samsung од 2018 година се многу повеќе од телевизори, тие се дел од твојот стил на живот и тоа не само кога се вклучени. Збогувај се со празниот црн екран што не се вклопува во ентериерот што внимателно си го избрал/ла. Без разлика дали сакаш да гледаш прекрасни уметнички дела, наслови на вести или фотографии, амбиенталниот начин на работење ќе ја трансформира дневната соба на едноставен начин.

За некои функции на амбиенталниот начин на работење потребен е компатибилен телефон со Android или iOS и доволно простор околу телевизорот за да може да функционира; ефектите ќе бидат различни на комплексни дезени на ѕидови, шеми и/или необични бои.

Благодарение на резолуцијата 4К и HDR-технологијата, QLED-телевизорот идеално ќе се вклопи во твојот ѕид, исто како камелеон.
1

Комплетирај го уредувањето на домот

Домот го уредуваш по сопствен вкус и телевизорот треба да се вклопува во тоа уредување, без разлика дали е вклучен или во мирување. Повеќето телевизори имаат црн екран во мирување, што е силен контраст со твојот ентериер. Со амбиенталниот начин на работа, QLED-телевизорите го прикажуваат она што ти ќе го избереш, па може да одлучиш како да уживаш во телевизорот, дури и кога не гледаш телевизија.
не е применливо

QLED-телевизор е закачен на ѕид од цигли. Со амбиенталниот начин на работење, заднината на екранот се менува во истата боја и шема како ѕидот, па телевизорот извонредно се вклопува во опкружувањето.
Лого на амбиентален начин на работење на телевизор на Samsung
Опции за амбиентален начин на работење

Избери од три различни опции, па твојот QLED-телевизор ќе се адаптира на просторот токму како што сакаш

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
2

Едноставното естетско решение

Амбиенталниот начин на работење го менува екранот на твојот QLED-телевизор од црн во боја, исто како заштитник на екранот, па тој се вклопува со ѕидот кога не е вклучен. Сензорите на телевизорот се приспособуваат на различните услови на светлина за да заштедат енергија и ќе го исклучат после зададено време. Активирај го со едно притискање на копчето на твојот паметен далечински управувач, ти треба само SmartThings за да го поставиш.

Лого на амбиентален начин на работење на телевизор на Samsung
Опции за амбиентален начин на работење

Избери од три различни опции, па твојот QLED-телевизор ќе се адаптира на просторот токму како што сакаш

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
QLED-телевизор е закачен на ѕидот со вклучен амбиентален начин на работење.
Амбиенталниот начин на работење на QLED-телевизорите има различни опции, како што се временска прогноза, планински декор, семејни фотографии и подвижни фотографии. Може да се вклопи во околниот ентериер на домот без разлика дали е закачен на ѕид или ставен на држач
QLED-телевизорот може да ја имитира заднината во амбиентален начин на работење со само неколку чекори. Употреби ја апликацијата SmartThings за да го фотографираш ѕидот околу телевизорот и твојот телевизор ќе се исполни со слика од заднината.

Покажи го ѕидот на твојот екран и направи телевизорот да изгледа невидлив. Користи ја апликацијата SmartThings за да фотографираш една од трите области на ѕидот околу телевизорот и екранот ќе го исполни со бојата и текстурата на ѕидот од заднината.

QLED-телевизор виси на ѕид со вклучен режим на фотографии.
3

Пред тебе, а сепак сокриен

Кога QLED-телевизорот е вклучен, те воодушевува импресивната слика, но кога е исклучен, гледаш само тенка рамка којашто изгледа како едноставно да виси на ѕидот. Откако ќе го поставиш амбиенталниот начин на работење, ќе го видиш тенкиот дизајн што е во совршен склад со твојот простор. Освен тоа, со ѕидниот држач без процеп телевизорот е блиску до ѕидот, па изгледа поелегантно. Тоа значи дека твојот QLED-телевизор е тука за тебе кога ти треба, а го снемува кога не ти треба.

QLED телевизор е на маса со вклучен режим на фотографии и деца си играат во дневната соба. Амбиенталниот начин на работење на QLED-телевизорот не го имитира само ѕидот. Извлечи го најдоброто од него со овие три поставки. Режими на декорација, информација и фотографија.

Копирањето на бојата на ѕидот е само почеток. Искористи го најдоброто од aмбиенталниот начин на работење со овие три поставки:
Декорација: украси ги ѕидовите со елегантни уметнички дела.
Информација: биди во чекор со времето, временската прогноза или насловите на вестите.
Фотографија: создади дигитална рамка за слики со користење на мемориите од твојата фотогалерија.

Имаш уште можности да оставиш личен печат на твојот дом.

Потребен е само еден клик на One Remote Control за да го трансформираш екранот и твојот дом. А со лесно поставување на амбиенталниот начин на работење, ѕидот е твоето платно за сликање.

Трансформирај го екранот.

Елегантниот дизајн совршено се вклопува во твојот дом и нуди едноставно естетско решение за просторот.

Прочитајте ги овие приказни следно