Забава / Домашна забава

Серии на Netflix совршени за љубовен состанок дома

Нашиот избор на филмови, серии и стенд-ап комедии кои може да ги гледаш со твојот партнер.

Слика од серијата на Netflix „A series of unfortunate events“

Надвор е премногу ладно за да одиш на љубовен состанок? Не грижи се. Направи пуканки, стуткајте се заедно на каучот под ќебе и видете што е актуелно на Netflix. Од стенд-ап комедии до трилери, еве го нашиот избор на филмови кои може да ги гледате дома. Што ќе гледате?

Слика од серијата на Netflix „A series of unfortunate events“

A Series of Unfortunate Events (3. сезона)

Ако ти се допаднаа книгите, сигурно ќе ти се допадне и оваа адаптација. Серијата „A series of unfortunate events“ зборува за трагичната приказна на сирачињата Бодлер – Вајолет, Клаус и Сани – чијшто зол чичко, грофот Олаф, нема да застане во своите намери да го преземе нивното наследство. Откако ќе ги спречат сите негови подли планови и маски, младите сирачиња можеби конечно ќе ја откријат вистината за мистериозната смрт на нивните родители, откривајќи ги слоевите на една тајна организација. Нил Патрик Харис ја глуми улогата на злиот Гроф, а оваа трета и последна сезона е адаптација на четирите книги од најпродаваната серија на Лемони Сникет (псевдоним на американскиот писател Даниел Хендлер).

Изгледај ги маратонски сите три сезони на A Series of Unfortunate Events на Netflix.

Bird Box

Bird Box

Овој филм е за љубителите на страшни филмови. Откако натприродна сила ќе ја уништи светската популација, само едно нешто е сигурно: ако го видиш, ќе си го одземеш животот. Очајна да побегне од ова зло еднаш засекогаш, Малори (Сандра Булок) и нејзините две деца (крстени „Девојче“ и „Момче“) бегаат низ шумата и опасната река за да стигнат до единственото останато место што може да биде засолниште. За да преживеат мора два дена да се движат со затворени очи. Доживувајќи инстантен успех, Bird Box беше гледан во 80 милиони домови во месецот по неговото објавување минатата година. Погледни зошто е тоа така во овој напнат пост-апокалиптичен трилер на Сузан Бајер.

Гледај го Bird Boxна Netflix.

 Слика од шоуто на Netflix „Ellen DeGeneres: Relatable“

Ellen DeGeneres: Relatable

Сакаш да се изнасмееш? Во нејзината прва специјална емисија, по онаа од 2003 година, Елен Деџенерис го споделува патот до славата и ги раскажува сите емотивни и урнебесни лекции кои ги научила патем. Погледнете ја познатата емисија на Елен Деџенерис во која ќе можете да се поистоветите со неа, а која е снимена во Benaroya Hall во Сиетл.

Гледај ја Ellen DeGeneres: Relatable на Netflix.

Слика од филмот на Netflix „Roma“

Roma

Се сметате себе си за сезнајковци за филмови? Тогаш, сигурно и на двајцата ќе ви се допадне ова. Најличниот проект досега на режисерот и писател Алфонсо Куарон, кој има освоено Оскар („Gravity“, „Children of men“), е серијата „Roma“ која го следи животот на Клео (Јалица Апарисио), млада помошничка на едно семејство кое живее во населба за средната класа во Рома, Мексико сити. Тука, мексиканскиот автор се потсетува на своето минато за да создаде живописен и емоционален портрет на домашната неслога и социјалната хиерархија за време на политичките пресврти кои се случуваат во 70-те години на 20-от век. Серијата „Roma“, која има многу позитивни критики, веќе освои повеќе награди, меѓу кои и наградата за Најдобар филм на 72-то издание на наградите „BAFTA“, како и награда за Најдобар режисер на 76-то издание на наградите „Златен глобус“.

Гледајте ја Roma на Netflix.

Слика од филмот на Netflix „Sex Education“

Sex Education

Потсетете се на непријатностите кои ги дожувавте во адолесцентските години со оваа британска комедија. „Sex education“ го следи животот на Отис Милбурн, чуден средношколец кој е девица и живее со својата мајка, којашто е терапевт за секс. Откако во училиштето ќе откријат за неговиот домашен живот, Отис го користи своето стручно знаење за да добие подобар статус. Се здружува со „паметната и бунтовна“ девојка Мејв и создаваат таканаречена клиника за да им помогнат на соучениците со нивните чудни и неверојатни проблеми. Преку неговата анализа на тинејџерската сексуалност, Отис сфаќа дека можеби и нему му треба терапија.

Гледај го Sex Education на Netflix.

Слика од серијата на Netflix „Always a witch“

Always a Witch

Споделете ја вашата љубов кон вештерките и волшебниците со серијата „Always a witch“. Во 17-от век во Колумбија, Кармен – вештерка и робинка – треба да биде изгорена на клада поради тоа што извршила непростлив грев, се вљубила во белец. Пред да биде извршено погубувањето, волшебник по име Алдемар ѝ нуди спасение – способност да патува низ времето до место кадешто никој нема да верува дека е вештерка. Што е финтата? Нема да може да ги користи своите натприродни моќи. Таа се согласува и ја напушта 1646 година за да дојде во Колумбија во сегашноста, започнува нов живот, создава пријателства, па дури и почнува да студира. Но, не може толку лесно да побегне од своето минато и набрзо открива: еднаш вештерка, засекогаш вештерка.

Гледајте го Always a Witch на Netflix.

Може да се појават промени во сите наслови.
Фотографиите и видеата се користат со дозвола од Netflix.

Нека заживее Netflix со нашиот QLED 8K телевизор

Нурни во сите емисии, серии и филмови на Netflix благодарение на деталите и длабочината на нашиот QLED 8K TV.

Прочитај ги овие приказни следно