Samsung ја предводи иднината на вештачката интелигенција и интернетот на нештата на IFA 2018

31 август – 5 септември 2018 година, City Cube, Берлин

Samsung ја предводи индустријата во Истражување и развој, 5G и Вештачка интелигенција за да ја контролира моќта на иновацијата и да ги охрабри луѓето да создадат подобра иднина со искуствата што ги посакуваат.

Предна фасада на зграда со логото на Samsung во горниот лев агол и слоганот „Направете го тоа што не можете“ истакнато најгоре, со ред на рекламни написи со логото на Samsung поставени лево од зградата.

Конференција за печат

Препознајте ги новите можности

четврток, 30 август 2018 година,
City Cube, Берлин
ХС Ким, претседател и главен извршен директор на Samsung Electronics

Нашата визија за свет од една милијарда поврзани и интелигентни уреди на Samsung продолжува да се остварува, но и да се развива истовремено со напредокот во вештачката интелигенција и интернетот на нештата и нивната растечка интеграција во секојдневието.

Samsung е предводник во иднината на вештачката интелигенција и интернетот на нештата со нашите огромни напори. Инвестиравме 14 милијарди долари во истражување и развој минатата година, а се обврзавме за понатамошна инвестиција од повеќе милијарди долари во текот на наредните три години во технологии од новата генерација, вклучувајќи ги вештачката интелигенција и интернетот на нештата и промовиравме нов оддел за истражување на клучните технологии за вештачка интелигенција, а ги регрутиравме и врвните светските експерти за вештачка интелигенција. За да овозможиме понатамошен напредок во оваа област, исто така ја предводевме глобалната иницијатива за да воспоставиме стандарди за 5G во индустријата.

Ги поместуваме границите на иновативноста и создаваме иновативни производи што ќе им овозможат на луѓето да си ги подобрат животите на начини што не можат да ги замислат, под слоганот „Направете тоа што не можете“.

ХС Ким, претседател и главен извршен директор на Samsung Electronics, зборува на Конференцијата за печат на Samsung на IFA 2018.

Настани на Samsung @ IFA 2018

Фотографија од салата за време на конференцијата за печат.

Конференција за печат

- Визијата на Samsung и претставување на најновите производи
- 30 август, 11:00 ч. – 12:00 ч., City Cube Берлин, спрат 1

Готвач ги подготвува состојките во салата за време на настанот „Готварско шоу Club des Chef“.

Готварско шоу Club des Chef

- Рецепт за паметен живот: како да го збогатите секојдневниот живот со Club des Chefs и поврзан дом на Samsung
- 31 август, 14:00 ч. – 14:30 ч.

Фотографија од салата на „Сликарското шоу на господин Дудл“, а сцената и заднината се покриени со рачно нацртани цртежи.

Сликарско шоу на господин Дудл

- Сликарско шоу на господин Дудл со Galaxy Note9
- 31 август, 10:30 ч. – 11:30 ч.

Главните ликови од анимираното телевизиско шоу „Семеен човек“ стојат пред бела заднина, под зборовите „Doorways x Family Guy“

Искуство со проширена реалност #doorways

- Искуство со проширена реалност со поврзаното живеење на Samsung во куќата на „Семеен човек“
- 31 август – 5 септември, 10:00 ч. – 18:00 ч.

Главни истакнати производи

QLED 8K TV

Совршена реалност

QLED 8K телевизор свртен нанапред, поставен пред поголем QLED 8K телевизор свртен под агол.

Вистинска 8K резолуција

  • Влезете во новата ера на резолуцијата што носи нова димензија на реалност во вашата дневна соба на големите екрани

8K со технологија за зголемување на резолуцијата со вештачка интелигенција

  • Зголемете ги различните типови извори и резолуции во 8K преку машинско учење

Quantum Processor 8K

  • Со платформа на вештачка интелигенција, сопствениот процесор на Samsung не само што интелигентно го оптимизира квалитетот и звукот на сликата, туку и се поврзува со другите домашни уреди и овозможува нови телевизиски искуства
*100% волумен на бојата измерен според DCI-P3 стандардот, заверен од VDE.

QuickDrive™

Перење за половина време, за потполна чистота.

Бела QuickDrive™ свртена нанапред

Без компромиси

  • Исперете за половина време, без тоа да влијае врз ефикасноста на перењето. Циклусот „Супер брзина“ од 39 минути на QuickDrive™ е најбрзиот на пазарот.

Уникатен Q-Drum™

  • Технологија што прави сè да биде возможно. Q-Drum™ се состои од барабан и заднa плоча коишто ротираат засебно и испорачуваат двојно повеќе моќност за половина време.

Функции за паметна контрола

  • Преземете ја апликацијата за да управувате со перењето додека не сте дома. Програмирајте ја машината за перење да заврши до посакуваното време, најдете го оптималниот циклус за перење на вашите алишта, а може и да го надгледувате статусот на машината.
* Тестирано на Samsung WW8800M во споредба со WW8500K. Заштедува до 50 % од времето за памук (40 ℃, полупрограма) со изведба при перењето во рамките на ± 2 % според податоци од Intertek.
Времетраењето на циклусот може да се разликува во зависност од снабдувањето со вода и тежината/типот на алиштата.

Galaxy Note9

Новиот и екстремно моќен Note.

Одлево е Galaxy Note9 со океанскосина боја со задната страна свртена нагоре, а оддесно е Galaxy Note 9 со океанскосина боја со екранот свртен нагоре, додека пак жолт S Pen е поставен врз екранот.

Зголемена ефикасност

  • Со поголема батерија од 4.000 mAh, интегрирана Gigabit LTE и способност за Wi-Fi* и ненадминливи 512 GB внатрешен простор за складирање*, ќе имаш сè што ти треба за да работиш побрзо и повеќе со едно полнење.

S Pen со овозможен Bluetooth

  • Препознатливиот S Pen од серијата Note отсега доаѓа со способност за Bluetooth за да стане далечински управувач за твојот Galaxy Note9.

Интелигентна камера

  • Долови повеќе со камерата што слика чисти и јасни слики, дури и при слабо светло. А со новите интелигентни функции, како што се „Оптимизатор на сцени“ и „Откривање недостатоци“, отсега е полесно да направиш извонредна фотографија од кога било.
'* Фактичката брзина може да се разликува според државата или операторот. Фактичката брзина може да се разликува според корисничката средина.
* Стандардна внатрешна меморија од 512 GB. Фактичкиот достапен простор за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.

Фотографии од настаните