Отпакувај и откриј

Отпакувај ги новите екрани за кои нè инспирираше ти.
Откриј нови животни стилови.

Огромна насмеана кутија во градот. Девојка гледа во кутија со израз на изненадување на лицето.

Иднината на екраните

Нацртај ја својата фантазија.

Џиновска раја во огромен океан е прикажана на екрани кои ги покриваат ѕидовите на целата просторија. Човек стои во просторијата и му се восхитува на животното како да е во океанот заедно со него. Џиновска раја во огромен океан е прикажана на екрани кои ги покриваат ѕидовите на целата просторија. Човек стои во просторијата и му се восхитува на животното како да е во океанот заедно со него.

Екрани насекаде,
екрани за сите

Дознајте како Samsung испорачува вредност што го надминува екранот со размислување за одржливото производство и потрошувачка.

* Компатибилно со избрани телевизори Samsung. Проверете ја спецификацијата на телевизорот Samsung.
* Далечинскиот управувач SolarCell содржи околу 24 % рециклирана содржина.

Neo QLED prikazuje realistično kakovost slike z umetniško modro sliko na zaslonu. Neo QLED prikazuje realistično kakovost slike z umetniško modro sliko na zaslonu.

Neo QLED

Големината никогаш не завршува, туку се развива.

Технологија Quantum Matrix

Моќниот развој на Neo QLED доаѓа со технологијата Quantum Matrix. Таа прецизно го контролира ексклузивниот нов Quantum Mini LED на Samsung и најточно досега ги изразува црните нијанси, белите нијанси и секоја нијанса меѓу нив. На тој начин создава одлични детали и во темните и во светлите области.

Neo Quantum Processor

Без разлика што гледате на Neo QLED, моќниот процесор на Samsung знае како да го подобри тоа. Алгоритмите на длабинско учење се оптимизираат според вашите услови на гледање, подобрувајќи ја содржината. А со Neo QLED 8K, сликата во 8K управувана од ВИ се комплетира со 16 повеќемоделски неврални мрежи.

Quantum HDR

Quantum HDR го поставува новиот стандард за извонредни детали и бистрина. Уживајте во богата, прецизна боја и подлабок контраст со јасни детали. Динамичното мапирање на бои на HDR10+ ги прилагодува бојата и контрастот сцена по сцена, овозможувајќи ви да ги забележите дури и најмалите нијанси.

Звук за следење предмети

Динамичкиот звук го следи секое движење од сите агли на екранот. Со специјално наменетите звучници за насочување на звукот нагоре и странично, реалниот 3Д-звук ве става во центарот на дејството.

*Опсегот на светлината на Quantum HDR се заснова на интерни стандарди и е предмет на промена според условите или спецификациите на гледањето.

Поглед одозгора на тенкиот и елегантен дизајн на Neo QLED. Поглед одозгора на тенкиот и елегантен дизајн на Neo QLED.

*Опсегот на светлината на Quantum HDR се заснова на интерни стандарди и е предмет на промена според условите или спецификациите на гледањето.

MICRO LED во домашно кино прикажува танчер кој танцува на замаглена вода. MICRO LED во домашно кино прикажува танчер кој танцува на замаглена вода.

MICRO LED

Роден да биде неспоредлив.

Технологија MICRO LED

MICRO LED е неоргански, самоемитирачки LED роден за да го промени светот на екраните. Самостојно создавајќи ги светлината и бојата, MICRO LED дава реална боја и контраст, со оптимална бистрина во секоја сцена. Откријте фантастични детали на нашиот најголем екран што ги надминува вашите најголеми очекувања.

Монолитен дизајн

Величествен дизајн што поставува граница во однос на минатото. Исклучителниот минималистички дизајн нуди беспрекорно искуство од каде и да гледате. Екранот Infinity ги надминува сите ограничувања, елиминирајќи ги сите визуелни пречки.

Звук на арена

Прецизно поставен за максимален ефект, звучникот со целосен опсег дава живописен, вистински звук за целосно да ве внесе во сцената. Следењето предмети и чистотата на говорот прават повеќедимензионално звучно опкружување што ве носи на патување, каде и да оди приказната.

4Vue

Кога сакате повеќе од еден поглед, MICRO LED има место за четири. Гледајте до четири сцени одеднаш од мноштво извори - вклучувајќи ги и портите HDMI - секој давајќи ви свое впечатливо доживување.

MICRO LED во големо фоаје прикажува реално дрво осветлено од излегувањето на сонцето на терен сличен на пустина. MICRO LED во големо фоаје прикажува реално дрво осветлено од излегувањето на сонцето на терен сличен на пустина.
The Frame е поделен на четири различни дела кои се совпаѓаат со ентериерот на четири различни простории. The Frame е поделен на четири различни дела кои се совпаѓаат со ентериерот на четири различни простории.

The Frame

Направи си телевизор каков што сакаш.

Модерен дизајн на Frame

Дизајнот на The Frame инспириран од минимализмот совршено се совпаѓа со твојот ентериер. Неговиот потенок, затегнат монохроматски финиш на задниот дел создава софистициран изглед од секој агол. Поврзи го невидливиот кабел за поврзување и откриј што е тоа што го прави The Frame модерно ремек дело—и кога е вклучен, и кога е исклучен.

Приспособлива рамка

Уживај во двете опции за стил на рамката. Модерниот стил за рамката доаѓа во бела, берија и кафеава боја, а новиот закосен стил за рамката доаѓа во бела и цигла црвена боја. Едноставното магнетско поставување ја олеснува замената на бои и стилови и полесно можеш да го откриеш вистинскиот изглед според твоето расположение.

Уметнички режим

Исклучи го the Frame и гледај како од неверојатен телевизор се претвора во приватна уметничка галерија, со само едно притскање на копче. Уметничкиот режим ти овозможува да ја изложиш личната уметничка колекција со неверојатна низа избрани креации—приспособени и контролирани онака како што ти сакаш.

100 % Color Volume со Quantum Dot

Технологијата Quantum Dot ја овозможува најсовршената слика досега. Со Color Volume 100 %, Quantum Dot ја претвора светлината во спектакуларна боја која останува совршена на секое ниво на светлина.

* Приспособливите рамки се продаваат посебно. Достапноста на боите и стиловите може да се разликува во зависност од регионот или големината на телевизорот.
* Компатибилноста на приспособливите рамки зависи од видот рамка. Модерниот вид е компатибилен со The Frame телевизори со екран од 43 до 75 инчи, додека Закосениот вид е компатибилен со моделите од 65 и 55 инчи.
* Уметничкиот режим (Услугата Smart) и GUI (Графички кориснички интерфејс) може да се разликуваат во зависност од моделот и регионот.
* 100 % Color Volume, измерена во режим на филм и во DCI-P3 простор на бои, сертифициран од VDE.

The Frame во уметнички режим опкружен со уметнички дела без рамки кои се достапни во Samsung Art Store. The Frame во уметнички режим опкружен со уметнички дела без рамки кои се достапни во Samsung Art Store.

* Приспособливите рамки се продаваат посебно. Достапноста на боите и стиловите може да се разликува во зависност од регионот или големината на телевизорот.
* Компатибилноста на приспособливите рамки зависи од видот рамка. Модерниот вид е компатибилен со The Frame телевизори со екран од 43 до 75 инчи, додека Закосениот вид е компатибилен со моделите од 65 и 55 инчи.
* Уметничкиот режим (Услугата Smart) и GUI (Графички кориснички интерфејс) може да се разликуваат во зависност од моделот и регионот.
* 100 % Color Volume, измерена во режим на филм и во DCI-P3 простор на бои, сертифициран од VDE.

My Shelf

Направи го ѕидот за телевизорот како што сакаш ти.

* Дизајнот на My shelf може да се разликува во зависност од големината на телевизорот.
The Frame прикажува разнобојна слика во детска соба со My Shelf. The Frame прикажува разнобојна слика во детска соба со My Shelf.
Маж и жена гледаат филм дома со The Premiere. Маж и жена гледаат филм дома со The Premiere.

The Premiere

Направи си лично кино во 4K со тројниот ласерски проектор.

Тројна ласерска технологија

Ултрасветла висока резолуција на екранот овозможена од врвна тројна ласерска технологија. The Premiere користи троен ласерски извор на светлина за драматично гледање на домашно кино, исто како да си во театар. Добиваш прецизна точност на бојата и неверојатен контраст на максимален простор од 130 инчи на екранот. The Premiere е првиот HDR10+ сертифициран проектор во светот за реалистично, живописно гледање.

Моќен звук

Со 40 вати од вграден 4,2-канален звук, добиваш неверојатен звук со филмски квалитет кој ќе одговара со неверојатно обземачкото визуелно доживување со The Premiere.

Минималистички дизајн

Сите моќни карактеристики кои ти требаат спакувани во компактна, фино обликувана форма којашто изгледа прекрасно од секој агол. А со врвниот финиш, одлично се вклопува во твојот ентериер, додавајќи елегантен минималистички допир.

Доживување со Smart TV

Може да имаш и одлично доживување со Smart услугата по којашто се познати Samsung телевизорите, со нивниот одличен кориснички интерфејс и искуство. А, за разлика од конвенционалните проектори со ламба, овој се одликува со моментално вклучување.

* Услугите Smart и GUI (Графички кориснички интерфејс) може да се разликуваат во зависност од моделот, регионот, јазикот, мобилните уреди или производот.
* За поставување на The Premiere потребна е корисничка сметка на Samsung.
* Реалното доживување на корисниците може да се разликува.
* Некои карактеристики и функции обезбедени од поврзаните уреди може да не се поддржани или се со ограничена употреба.

Споредба на истиот разнобоен пејзаж од остров.  HDR10+ сликата оддесно покажува посветла и поживописна слика. Споредба на истиот разнобоен пејзаж од остров.  HDR10+ сликата оддесно покажува посветла и поживописна слика.

* Услугите Smart и GUI (Графички кориснички интерфејс) може да се разликуваат во зависност од моделот, регионот, јазикот, мобилните уреди или производот.
* За поставување на The Premiere потребна е корисничка сметка на Samsung.
* Реалното доживување на корисниците може да се разликува.
* Некои карактеристики и функции обезбедени од поврзаните уреди може да не се поддржани или се со ограничена употреба.

Доживувањето на вистински звук со Samsung Soundbar-звучниците од Q-серијата е прикажано со тоа што огромен камион отскокнува од екранот во дневната просторија. Лого на Dolby Atmos и DTS:X. Доживувањето на вистински звук со Samsung Soundbar-звучниците од Q-серијата е прикажано со тоа што огромен камион отскокнува од екранот во дневната просторија. Лого на Dolby Atmos и DTS:X.

Samsung Soundbar-звучник од Q-серија

Перфектно изграден звук, во хармонија со QLED.

Dolby Atmos / DTS:X

Истражи ги длабочините на звукот со Dolby Atmos и DTS:X. Тие ти овозможуваат да го слушнеш секој посебен звук додека лебди околу тебе, токму онака како што звучи во реалниот живот.

Вистински 11.1.4-канален звук

Преку 11-те канали, 1 канал за нисокотонски звучник и 4 канали за движење на звукот нагоре, добиваш звук кој се движи и овозможува величествена забава. Совршен за твојот QLED телевизор. Биди едно со приказната додека звукот целосно те опкружува со помош на вистинскиот 11.1.4-канален звук.

Q-Symphony

Овој Soundbar-звучник се синхронизира со Samsung телевизорот и заедно создаваат богат звук. Го комбинира и подобрува звукот преку предните, страничните и оние кои го движат звукот нагоре на soundbar-звучникот, како и преку звучниците на телевизорот, овозможувајќи нова звучна димензија во која содржината ја доживуваш како никогаш претходно.

SpaceFit Sound+

Уживај во сензационален звук којшто се приспособува на внатрешните услови со Soundbar-звучникот. SpaceFit Sound+ го комбинира јасниот, обземачки звук на SpaceFit Sound и оптимизираниот ефект на бас на Auto EQ.

* Dolby Atmos и DTS:X се однесува на сите Soundbar-звучници од Q-серијата од 2021 година.
* Потребна е изворна содржина за Dolby Atmos и DTS:X.
* Карактеристиките може да не се компатибилни со сите телевизори на Samsung.
* Функциите може да се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот.
* За оваа функција е потребно само жично поврзување со телевизорот, не вклучува безжично поврзување со телевизорот.
* Q-Symphony е компатибилно со Samsung телевизори од 2021 година (AU7000 ↑ телевизори и понови модели).
* SpaceFit Sound+ е компатибилно со Samsung QLEDод 2021 година (Q70 ↑ и понови модели).

Samsung Q-series Soundbar усогласен со QLED TV. Лого на Dolby Atmos и DTS:X. Samsung Q-series Soundbar усогласен со QLED TV. Лого на Dolby Atmos и DTS:X.

* Dolby Atmos и DTS:X се однесува на сите Soundbar-звучници од Q-серијата од 2021 година.
* Потребна е изворна содржина за Dolby Atmos и DTS:X.
* Карактеристиките може да не се компатибилни со сите телевизори на Samsung.
* Функциите може да се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот.
* За оваа функција е потребно само жично поврзување со телевизорот, не вклучува безжично поврзување со телевизорот.
* Q-Symphony е компатибилно со Samsung телевизори од 2021 година (AU7000 ↑ телевизори и понови модели).
* SpaceFit Sound+ е компатибилно со Samsung QLEDод 2021 година (Q70 ↑ и понови модели).

Паметен монитор со графички кориснички интерфејс (GUI) на паметен телевизор е поставен на маса.art Monitor with the Smart TV GUI on a table. Паметен монитор со графички кориснички интерфејс (GUI) на паметен телевизор е поставен на маса.art Monitor with the Smart TV GUI on a table.

Паметен монитор

Работи, играј и учи без PC.

Првиот екран во светот кој може сѐ

Монитор за секој аспект од животот. Заврши ја работата без PC, со инсталиран Microsoft Office 365, или со далечински пристап до компјутерот во твојата канцеларија. Потоа префрли се на забава со вградениот систем за забава на едно место.

Мобилна поврзаност

Безжичниот DeX отклучува целосно искуство како на PC, без да си на PC. Користи ги апликациите за мобилна продуктивност, како на пример за видеоконференции, документи и прелистувачи, само преку твојот монитор и телефонот. За да гледаш слики или филмови на голем екран, само допри го со твојот телефон со користење на Tap View.

AirPlay 2

Со интегрираниот AirPlay 2, користи ги Apple уредите за да работиш и играш на голем екран. Подобри го својот работен тек поставувајќи ги својот MacBook и паметен монитор на поставка за безжичен двоен монитор. Кога треба да се опуштиш, со леснотија пуштај видеа, музика, фотографии и многу повеќе од твојот iPhone или iPad.

Апликации за Smart TV

Маратонското гледање серии штотуку стана полесно. Пристапи до еден куп апликации за забава, како што се Netflix, YouTube и HBO, без да го вклучиш твојот PC или лаптоп. Далечинскиот управувач и вградените звучници го поедноставуваат времето на опуштање.

* Прв монитор во светот што комбинира ОТТ услуга, мобилна поврзаност и способност за далечинско поврзување со PC.
* Безжичното поврзување со DeX е достапно само на моделите Galaxy Note20, TabS7, и Galaxy Z Fold2.
* Ограничено е на одредени апликации и може биде потребно е да се купи лиценца.
* Сликите на екранот се симулирани и служат исклучиво како пример.
* Достапноста на апликацијата може да се разликува во зависност од земјата.
* Потребна е претплата.
* Спецификациите на далечинскиот управувач може да се разликуваат во зависност од земјата.
* Не е вклучен ТВ-приемник.

Интелигентен монитор поделен на две различни поставки. На левата страна, екранот прикажува работно досие во канцеларија. На десната, екранот покажува содржина на медиум дома. Интелигентен монитор поделен на две различни поставки. На левата страна, екранот прикажува работно досие во канцеларија. На десната, екранот покажува содржина на медиум дома.

* Прв монитор во светот што комбинира ОТТ услуга, мобилна поврзаност и способност за далечинско поврзување со PC.
* Безжичното поврзување со DeX е достапно само на моделите Galaxy Note20, TabS7, и Galaxy Z Fold2.
* Ограничено е на одредени апликации и може биде потребно е да се купи лиценца.
* Сликите на екранот се симулирани и служат исклучиво како пример.
* Достапноста на апликацијата може да се разликува во зависност од земјата.
* Потребна е претплата.
* Спецификациите на далечинскиот управувач може да се разликуваат во зависност од земјата.
* Не е вклучен ТВ-приемник.

Инспирирајте се да направите повеќе со телевизорот

Телевизорите Samsung ви помагаат да откриете начини за да му дадете живот на вашето секојдневие.

Жена прави јога пред телевизорот во нејзината дневна соба. На екранот се прикажува видео на тренерот на левата страна и жената која го следи видеото на десната страна. Жена прави јога пред телевизорот во нејзината дневна соба. На екранот се прикажува видео на тренерот на левата страна и жената која го следи видеото на десната страна.
Домашен тренинг

Користете го вашиот телевизор како личен тренер за да ги усовршите вежбите и следете ја вашата статистиката за поздрав живот.

Маж работи од својата домашна канцеларија со повеќе работни датотеки отворени на екранот на неговиот телевизор. Маж работи од својата домашна канцеларија со повеќе работни датотеки отворени на екранот на неговиот телевизор.
Работете од дома

Пристапете му на вашиот канцелариски компјутер од далечина од вашиот телевизор и користете го големиот екран за да вршите повеќе задачи со леснотија.

Двајца луѓе седат на нивниот кауч и се подготвуваат да играат игра со возење поставувајќи ги своите претпочитани параметри на Лентата за игри. Двајца луѓе седат на нивниот кауч и се подготвуваат да играат игра со возење поставувајќи ги своите претпочитани параметри на Лентата за игри.
Играње игри

Играјте на поголем, поширок, побрз екран што ќе ги зголеми вашите шанси за победа.

Маж во неговата дневна соба го гледа Универзалниот водич на неговиот телевизор, а каналите се организирани според неговите претпочитани параметри и навиките за гледање. Маж во неговата дневна соба го гледа Универзалниот водич на неговиот телевизор, а каналите се организирани според неговите претпочитани параметри и навиките за гледање.
Домашна забава

Уживајте во слободата на наоѓањето на вашата омилена содржина од стотиците бесплатни канали.

Жена одговара на видеоповик додека готви. Видеото за готвење што го гледа е на левата страна на екранот на нејзиниот телевизор, а видеоповикот е прикажан на десната страна. Жена одговара на видеоповик додека готви. Видеото за готвење што го гледа е на левата страна на екранот на нејзиниот телевизор, а видеоповикот е прикажан на десната страна.
Повеќекратен поглед

Поделете го екранот во повеќе погледи, така што ќе можете да гледате, да работите и да разговарате преку видео на еден екран.

Маж и жена упатуваат видеоповик до група пријатели на телевизорот и разговараат со нив во нивната дневна соба. Маж и жена упатуваат видеоповик до група пријатели на телевизорот и разговараат со нив во нивната дневна соба.
Видеоповик

Поврзете се со вашето семејство и пријатели преку видеоповици на големиот екран.

* Сликите се симулирани само за илустрација.
* Компатибилно со избрани телевизори Samsung. Проверете ја спецификацијата на телевизорот Samsung.
* Компатибилните уреди може да се разликуваат во зависност од секоја функција.
* Конзолата за играње, интернет-камерата и другите додатоци се продаваат посебно.
* Вистинското корисничко искуство може да се разликува.
* Секоја функција може да се разликува во зависност од моделот на телевизорот, операторот, мрежното опкружување или мобилниот апарат.
* Секој уред мора да е поврзан со Wi-Fi или друга безжична мрежа.