Samsung ја предводи иднината на вештачката интелигенција и интернетот на нештата на IFA 2018

31 август – 5 септември 2018 година, City Cube, Берлин

Samsung ја предводи индустријата во Истражување и развој, 5G и Вештачка интелигенција за да ја контролира моќта на иновацијата и да ги охрабри луѓето да создадат подобра иднина со искуствата што ги посакуваат.

Предна фасада на зграда со логото на Samsung во горниот лев агол и слоганот „Направете го тоа што не можете“ истакнато најгоре, со ред на рекламни написи со логото на Samsung поставени лево од зградата. Предна фасада на зграда со логото на Samsung во горниот лев агол и слоганот „Направете го тоа што не можете“ истакнато најгоре, со ред на рекламни написи со логото на Samsung поставени лево од зградата.

Конференција за печат

Препознајте ги новите можности

четврток, 30 август 2018 година,
City Cube, Берлин
ХС Ким, претседател и главен извршен директор на Samsung Electronics

Нашата визија за свет од една милијарда поврзани и интелигентни уреди на Samsung продолжува да се остварува, но и да се развива истовремено со напредокот во вештачката интелигенција и интернетот на нештата и нивната растечка интеграција во секојдневието.

Samsung е предводник во иднината на вештачката интелигенција и интернетот на нештата со нашите огромни напори. Инвестиравме 14 милијарди долари во истражување и развој минатата година, а се обврзавме за понатамошна инвестиција од повеќе милијарди долари во текот на наредните три години во технологии од новата генерација, вклучувајќи ги вештачката интелигенција и интернетот на нештата и промовиравме нов оддел за истражување на клучните технологии за вештачка интелигенција, а ги регрутиравме и врвните светските експерти за вештачка интелигенција. За да овозможиме понатамошен напредок во оваа област, исто така ја предводевме глобалната иницијатива за да воспоставиме стандарди за 5G во индустријата.

Ги поместуваме границите на иновативноста и создаваме иновативни производи што ќе им овозможат на луѓето да си ги подобрат животите на начини што не можат да ги замислат, под слоганот „Направете тоа што не можете“.

ХС Ким, претседател и главен извршен директор на Samsung Electronics, зборува на Конференцијата за печат на Samsung на IFA 2018. ХС Ким, претседател и главен извршен директор на Samsung Electronics, зборува на Конференцијата за печат на Samsung на IFA 2018.
Настани на Samsung @ IFA 2018

Главни истакнати производи

QLED 8K TV

Совршена реалност

QLED 8K телевизор свртен нанапред, поставен пред поголем QLED 8K телевизор свртен под агол. QLED 8K телевизор свртен нанапред, поставен пред поголем QLED 8K телевизор свртен под агол.

*100% волумен на бојата измерен според DCI-P3 стандардот, заверен од VDE.

QuickDrive™

Перење за половина време, за потполна чистота.

Бела QuickDrive™ свртена нанапред Бела QuickDrive™ свртена нанапред

* Тестирано на Samsung WW8800M во споредба со WW8500K. Заштедува до 50 % од времето за памук (40 ℃, полупрограма) со изведба при перењето во рамките на ± 2 % според податоци од Intertek.
Времетраењето на циклусот може да се разликува во зависност од снабдувањето со вода и тежината/типот на алиштата.

Galaxy Note9

Новиот и екстремно моќен Note.

Одлево е Galaxy Note9 со океанскосина боја со задната страна свртена нагоре, а оддесно е Galaxy Note 9 со океанскосина боја со екранот свртен нагоре, додека пак жолт S Pen е поставен врз екранот. Одлево е Galaxy Note9 со океанскосина боја со задната страна свртена нагоре, а оддесно е Galaxy Note 9 со океанскосина боја со екранот свртен нагоре, додека пак жолт S Pen е поставен врз екранот.

'* Фактичката брзина може да се разликува според државата или операторот. Фактичката брзина може да се разликува според корисничката средина.
* Стандардна внатрешна меморија од 512 GB. Фактичкиот достапен простор за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.

Фотографии од настаните