Здравје и благосостојба

Како до подобар сон?

Заспивај побрзо

Покрај сите нешта кои ни се случуваат во животот и сите нешта кои ни го одземаат вниманието, последно нешто што ни паѓа на ум е да спиеме. Навечер додека лежиш в кревет секогаш ти текнува дека треба да испратиш некоја е-пошта, да изгледаш некоја епизода на Netflix или да слушаш некој подкаст. И пред да се свестиш, веќе мора да станеш на првиот утрински зрак за да го правиш истото одново.

А, недостатокот на сон е сериозен проблем и може да предизвика многу ментални и физички проблеми, од зголемена телесна тежина до зголемен ризик од срцеви заболувања и депресија. И не само тоа, докажано е дека добриот сон ја подобрува концентрацијата, продуктивноста и спортскиот перформанс.

Па, наместо да броиш овци секоја вечер, најдовме пет начини со кои паметниот телефон Galaxy може да ти помогне да спиеш како бебе.

1

Види ја шемата

Апликацијата Samsung Health е одличен начин да ги следиш сите аспекти од твоето здравје, од активност до исхрана. Но, една од неговите помалку познати карактеристики е онаа за следење на спиењето која можеш да ја користиш за да следиш навиките за спиење во текот на долг временски период.

Со градење на долгорочен преглед на навиките за спиење може да разбереш што ти влијае негативно и позитивно на подолг рок за да може да постапуваш според тоа.

2

Се чувствуваш тажно?

Ако го вклучиш филтерот за сина светлина на Galaxy S10+ се менува бојата на дисплејот така што ја намалува сината светлина, а тоа значи помал замор на очи и подобар сон. За да го смениш траењето и јачината на ефектот оди во поставки > дисплеј > филтер за сина светлина.

3

Колку е длабок твојот сон?

Ако го поврзеш смарт телефонот со твојот Galaxy Watch Active, карактеристиката за следење на спиењето на Samsung Health апликацијата може дури да мери дури и движења, како на пример, квалитет на твојата РЕМ фаза т.е. рапидно движење на очите (РЕМ) при спиењето.

Го прави ова мерејќи го срцевиот пулс, а можеш да го поставиш да мери на секои 10 минути за да ја штедиш батеријата, или пак може постојано да мери за да добиеш попрецизна слика. Потоа, кога ќе се разбудиш наутро, апликацијата Samsung Health ти дава детална анализа на РЕМ фазата од спиењето, така што можеш точно да видиш колку ти бил квалитетен сонот.

4

Смири се

Calm е апликација чијашто функција е објаснета во самото име. Давајќи ти одлични совети за медитација и благосостојба кои се одлично објаснети ти овозможува да го оставиш стресот настрана и да заминеш на порелаксирачко место. Апликацијата исто така може да се поврзе со апликацијата Samsung Health за да ти даде персонализирани совети за тоа како да го намалиш стресот, несоницата и анксиозноста врз основа на податоците. Дури и може да го мери нивото на стрес пред и по медитација, така што сега можеш да видиш колку е ефикасна.

5

Биди активен!

Доколку сметаш дека имаш премногу енергија навечер, еден од најдобрите начини да ја исфлиш таа енергија е да правиш чучнувања, стабилизатори (plank) или мртво кревање (deadlift), па така ќе спиеш како бебе.

Со Galaxy Watch може да ја следиш целата активност на едно место и да видиш колку напорно си вежбал, додека Galaxy Buds слушалките ти помагаат да останеш мотивиран со омилената музика дури и за време на најтешките и хаотични тренинзи кои можеш да ги замислиш.

Со Galaxy Watch Active, следи го својот пат до подобар сон

Прочитај ги и овие приказни