Фотографија / Мртва природа

Блесни во неонско светло

Истакни се со овие совети за одлични неонски фотографии.

Одлични неонски фотографии направени со Galaxy S9

Од Хонгконг до Лолапалуза, неонското светло е во тренд и се чини дека трендот ќе потрае. Неонските светла не се само уметност што привлекува внимание туку и уверлив начин да се пофалиш е со твоите слики од патување или да го оживееш твојот портрет. Ова се нашите најдобри совети како да снимиш неонска фотографија.

Фотографирање неонски знак
TIP

Фотографијата изгледа малку затемнета? Сликајте во Про режим за да го намалите ISO за посветли фотографии.

1

Прикажи се во вистинско светло

Сеедно дали сакаш да привлечеш повеќе внимание на Tinder или на LinkedIn, неонското светло околу портретот ќе го направи точно тоа. Постави се така што светлото од знакот да биде или директно покрај тебе или зад тебе, во зависност од тоа колку светлина сакаш да има на снимката.  Додека повеќето професионални камери се доста комплицирани кога станува збор за отвор и брзина на затворање со цел точно да се долови слабата светлина, двојниот отвор на Samsung Galaxy S9+ автоматски се прилагодува. Треба само да ја насочиш камерата и да сликаш.

TIP

Фотографијата изгледа малку затемнета? Сликајте во Про режим за да го намалите ISO за посветли фотографии.

фотографирањето неонско светло на професионално
2

Одбери најдобар агол

Кај фотографирањето неонско светло на професионално ниво, најважно е светлината да се сними од најдобриот агол за да свети најубаво. Експериментирај со аглите – пробај да клекнеш или качи се на стол за да го видиш неонскиот знак од сосема друг агол.

Одлични неонски фотографии направени со Galaxy S9
3

Пробај замаглување

Неонските светла се одлични за природни портрети со боке ефект. Најважно е да запомниш дека колку си поблизу до субјектот, толку подобар боке ефект ќе добиеш.

Што ти треба за да блеснеш

Без разлика дали си нови на Instagram или вистинска ѕвезда, камерата на твојот телефон може да биде пресудна за твоите содржини. Двојниот отвор на уредите Samsung Galaxy им помага на твоите фотографии направени во слаба светлина да се истакнат и да сјаат.

Прочитај ги овие приказни следно