Фотографија / Мртва природа

Уметноста на
Foodstagram

Советите за фотографирање храна на Изабел Ченг се толку добри што може да ги изедеш.

Од Изабел Ченг @allons.y
Фотографии од храна на Изабел Ченг

Која е тајната на фотографиите од храна вредни за објавување на Instagram? Вежбање, трпение и одлична камера. Ве носам зад кулисите за да ги видите тајните на декоратерите на храна и да дознаете како да направите совршени фотографии со храна.

Фотографија од храна направена со Galaxy Note 8
Режим за храна на Galaxy Note 8
Режим за храна

Камерата на Galaxy Note 8 има вграден „Режим за храна“ којшто ги истакнува бојата и деталите на секое јадење.

Дознај повеќе

Атмосферата е најважна

Како декоратер на храна, најважната лекција што ја научив е дека луѓето реагираат на атмосферата што ја создавам исто колку и на храната. Инспирирајте се од она што е околу вас. Прикажете ги порцеланскиот сад за млеко и приборот за јадење или пак прекрасните подни плочки за да соберете различни елементи во фотографијата. Малите детали ќе го пополнат кадарот и ќе додадат атмосфера на сликата.

Режим за храна на Galaxy Note 8
Режим за храна

Камерата на Galaxy Note 8 има вграден „Режим за храна“ којшто ги истакнува бојата и деталите на секое јадење.

Дознај повеќе
Користење на решетката за да се подреди фотографирањето храна на Galaxy Note 8

Светли идеи за затемнето светло

Сите мои фотографии изгледаат како да се сликани на природно светло, но честопати се наоѓам во слабо осветлени или темни соби и се обидувам да направам совршена фотографија. Ако светлината не е совршена, секогаш ја вклучувам поставката „Про“ на мојот Galaxy Note 8. Двојниот отвор интуитивно ја користи задната камера за да направи јасни фотографии без разлика на осветлувањето. Ако собата е премногу темна, честопати го поставувам ISO на поголем број и го прилагодувам балансот на белата боја.

Совет

Застани на стол или скала за да добиеш најдобри фотографии од целата глетка.

Фотографија од @allons.y

Додај движење на фотографијата

Додавањето движење во фотографијата од храна е извонреден начин да се додаде реализам во фотографијата и ви дава чувство како да сте таму во моментот на сликањето. Лесно ќе додадеш движење ако вклучиш раце во фотографијата. Едноставно побарај од некого да тура јаворов сируп врз пржено лепче или да ги меша кремот и шеќерот во кафето. Во таквите моменти, кликнувањето на блендата може да биде предизвик, па затоа сакам да го користам режимот Burst. Така успевам да го снимам точниот момент кога сирупот капе совршено, без какво било замаглување.

„Најдобар начин да создадете движење е да се движите. Храната не може да се движи, но вие можете.“

- Isabelle Cheng

Фотографија од @allons.y
Сесии за Samsung: Долови го моментот (Создавање атмосфера)
Сесии за Samsung: Долови го моментот (Создавање атмосфера)

Создај атмосфера

Погледни го видеото од моите сесии за Samsung за да дознаеш како ги создавам моите фотографии со користење на правилото за третини и негативен простор.

Сликај фотографии како декоратер на храна

Не е важно дали фотографираш тост со авокадо за забава или сакаш да станеш ѕвезда на Foodstagram, Galaxy Note 8 ги има сите алатки што ти се потребни за да бидеш најдобар во фотографирањето храна.

Isabelle Cheng

Напишано од

Isabelle Cheng

Изабел е самостоен декоратер, фотограф и креатор на дигитални содржини со специјалност за храна, производи и животен стил.

Прочитај ги овие приказни следно