Samsung Within / #TeamGalaxy

Лет по
соништата со Стив Аоки

Пропусница за зад сцената во светот на Стив Аоки исполнет со фрлање торти, тренинзи со сопствена телесна тежина и грижа за себе.

Фотографија на цело тело на Стив Аоки како стои топлес врз крилото на неговиот бел приватен џет-авион додека ги става своите пилотски очила

Нема два исти дена за диџејот и продуцент двапати номиниран за Греми, Стив Аоки, додека жонглира со своите многубројни идентитети: сопственик на продуцентска куќа, ловец на таленти, гуру за фитнес, филантроп, самопрогласен професионалец за пица, крал на фрлањето торти и сега член на екипата #TeamGalaxy. Откриј како снима музика, ја води продуцентската куќа, се инспирира и останува во форма и фокусиран, а притоа постојано патува како еден од најзафатените диџеи во светот.

Портрет на Стив Аоки како сериозно гледа низ отворот на оградата од бодликава жица во двор во урбано опкружување

Зад популарноста

"Аоки можеше да се задоволи со славата што ја имаше како светски познат диџеј и продуцент. Но, како што се зголемуваше неговата популарност, се зголемуваа и неговите приватни џет-авиони. Неговата мотивација? „Мојот татко.“ – открива тој. „Најважното нешто што го научив од него беше да бидам претприемач и да имам натпреварувачки дух. Тој во мене всади мотивација што е движечка сила за сѐ што правам.“

Освен сопствената музичка кариера, Аоки ги унапредува кариерите на изведувачите во кои верува преку својата издавачка куќа, Dim Mak – којашто оттогаш еволуираше за да ја вклучи линијата за улична облека на Аоки, колекцијата Dim Mak, како и продукциската куќа за настани за некои од најголемите имиња во музиката денес."

Стив Аоки користи две столчиња за да го прикрепи своето тело при правењето склекови со цело тело во неговата хотелска соба со палми низ прозорецот како заднина за неговите тренинзи со отпор

Екстремна посветеност кон здравјето

Аоки не ја запоставува грижата за себе додека патува, всушност, тој го сугерира спротивното, бидејќи гледа на медитацијата и „убавата шолја мача“ како најважни за неговата утринска рутина. „Лично, сметам дека сте она што го внесувате во вашето тело.“ – објаснува тој. „Храната што ја јадете, одморот што го добивате, тренинзите што ги извршувате – сето тоа заедно има влијание врз вашето ментално и физичко здравје.“

Освен очигледните здравствени придобивки што му ги носи (како неговите бујни локни), вежбањето е клучно тоа му помага и да се носи со животниот стил што го изградил. „Кога ќе стигнете на ново место и ќе си легнете или ќе каснете нешто, тогаш почнувате да ја губите мотивацијата за тренинг. Затоа, само треба да станете и да го направите тоа.“

„Ти си она што го внесуваш во твоето тело.“

Немањето сала за вежбање не е проблем

Но, како наоѓа време? „Моите рутински тренинзи се вежбите од Полигонот за обука на Аоки што ги развив.“ – одговара тој. „Тоа се тренинзи со висок интензитет што ја користат тежината на телото како отпор и може да се прават секаде и во секое време. Може да се направат за пет минути или за 30 минути... Овие вежби јас ги имам правено покрај патот, на пистата покрај нашиот авион што се спрема да полета; секаде каде што сум можел да ги направам, ги имам направено.“

Стив Аоки свири на неговиот синтисајзер додека е свртен нанапред, во процес на продуцирање нова музика од неговото слабо осветлено студио, „Неонската пештера на иднината“
Апликација Samsung Notes
Samsung Notes

Начкртај ги или запиши ги твоите креативни идеи секогаш кога ќе се појават.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Апликација Samsung Notes
Samsung Notes

Начкртај ги или запиши ги твоите креативни идеи секогаш кога ќе се појават.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Неговата најголема инспирација

Како дигитален номад низ светот, Аоки инспирацијата за музика ја црпи од неговото постојано променливо опкружување: „Бидејќи постојано сум на пат, тоа значи дека постојано сум инспириран од културите и звуците околу мене. Ги снимам овие звуци и мелодиите инспирирани од нив како гласовни белешки во мојот телефон, а кога ќе најдам слободно време дома, сакам да влезам во моето студио и навистина да се задлабочам во тие идеи.“ А кога станува збор за неговиот креативен процес? „Не постои само еден начин за мене.“ - признава тој. „Имам среќа што секогаш чувствувам инспирација и подготвеност да создавам. Мислам дека ја избрав вистинската кариера. Или можеби таа ме избра мене?“

„Имам среќа што секогаш чувствувам инспирација и подготвеност да создавам. Мислам дека ја избрав вистинската кариера. Или можеби таа ме избра мене?“

Портрет на Стив Аоки со испружена рака со зборовите „Јас сум промената“ испишани на неговата дланка

Ја користи неговата пларформа за позитивна промена

Зад неговата надворешност на рок-ѕвезда, Аоки е исто толку благороден колку што е мултиталентиран. Во 2012 година, тој ја основаше Фондацијата Аоки за финансирање на истражувањето и зачувувањето на мозокот, истовремено поддржувајќи и други хуманитарни каузи. „Нема ништо друго поважно за мене од мозокот.“ – коментира Аоки. „Сакам да живеам во свет во кој никој нема да страда од дегенеративни заболувања на мозокот. Свет во кој науката и технологијата играат клучна улога во долговечноста на животите на нашите најблиски.“

Стив прави фотографија од публиката од сцената за време на неговото шоу во Германија со паметен телефон Samsung Galaxy S10+ додека сите во публиката ги креваат своите телефони со вклучени блицови за да создадат атмосфера

Организирање незаборавно шоу

Аоки никогаш не пропушта да им овозможи незаборавно доживување на своите обожаватели на неговите шоуа – од фрлање торти до негово носење на рацете на публиката. „Идејата за фрлањето торти потекнува од музичкото видео кое го направи Autoerotique, изведувач од мојата продуцентска куќа Dim Mak, при што тортите експлодираат со бавно движење во лицата на луѓето по дувањето на свеќите. Видеото стана навистина популарно, па јас започнав да фрлам торти врз луѓето за да го промовирам видеото. До ден денес, тоа е суштински дел од моето шоу за којшто секогаш има побарувачка.“ – објаснува тој. Неговата гледна точка? „Мора да размислувате надвор од вообичаените рамки ако сакате да се истакнете и да успеете, а тоа е суштината на #TeamGalaxy.“

Стив Аоки држи Galaxy S10+ во призма бела боја и зјапа во екранот
Стив Аоки покажува како го користи Galaxy S10+ за да се изрази музички и на други креативни начини со надеж дека ќе ги инспирира луѓето и ќе им пркоси на препреките.

Опремата што му е секогаш при рака на Стив

Од времето за настап до времето за спиење, функциите како 24-часовната интелигентна батерија на Galaxy S10+ на Стив му помагаат да ги заврши сите обврски во текот на денот без да му снема батерија додека е на турнеја.

Задната страна на телефон Galaxy S10+ во призма црна боја со телефон Galaxy S10+ во црна боја поставен до него

Galaxy S10e | S10 | S10+

Студиски портрет на Стив Аоки

ИЗДВОЈУВАМЕ

Steve Aoki

Диџеј и продуцент од Њупорт Бич, Калифорнија.

Прочитај ги и овие приказни