Samsung Within / #TeamGalaxy

Размислувањето на Нинџа за
Развојот на играњето

Легендата на Fortnite разговара со нас за играњето игри од аспект на заедницата и кариерата.

Тајлер „Нинџа“ Блевинс клекнува за да позира за фотографија во нашиот простор за доживувања Samsung 837

Се сретнавме со легендата на Fortnite, Тајлер „Нинџа“ Блевинс за да разговараме за играњето игри како хоби, како кариера и како заедница. Прочитајте го неговото лично размислување за иднината на играњето игри.

Се сретнавме со Тајлер „Нинџа“ Блевинс во нашиот простор за доживувања Samsung 837 и го интервјуиравме за иднината на играњето игри

Членот на #TeamGalaxy, Нинџа неодамна дојде во нашиот простор за доживувања Samsung 837 во Њујорк за битка со iKON и други предизвикувачи во . Ја искористивме можноста да ги добиеме неговите размислувања за тековната состојба на играњето игри и за тоа на што би требало да се фокусира некој што сака да го следи неговиот пат.

Четири гејмери на различна возраст се натпреваруваат на нивните Samsung Galaxy мобилни уреди за играње игри на Samsung 837

Која е најголемата разлика што ја забележуваш помеѓу играчката култура пред 10 години наспроти денес и во иднина?

Заедницата е многу погласна во искажувањето на своето вредно мислење за тоа како играта да се преработи и да се објави. Голем број игри денес се издаваат во бета и алфа верзии бидејќи програмерите сакаат да добијат повратни информации од луѓето. Пред десет години, повеќето програмери велеа: „Ова е играта, ова ќе го добиете. Ако не ви се допаѓа, купете друга игра.“

Навистина мислам дека игрите што не успеваат сега се оние што едноставно потполно ги игнорираат повратните информации од нивните играчи, пренесувачи, создавачи на содржини и јутјубери.

„Она што најмногу се истакнува, за еден милион проценти, се повратните информации од заедницата.“

Внатрешноста на просторот за доживувања Samsung 837, полн со гејмери, а Нинџа и членовите на iKON водат битка во Fortnite

Како можат младите играчи да ги убедат нивните родители дека играњето игри е многу повеќе од високите резултати?

Нека поминат уште една или две години, но сè уште не се споредува со: „О, син ми е најдобриот фудбалер во екипата, но учењето не му оди баш многу.“ Нека поминат уште неколку години. Ако сакате да сте пренесувач, јутјубер, гејмер (и тоа добар професионален гејмер), треба да ви оди учењето. Додека растев, цело време се спогодував: „Мамо, ќе чистам два часа, ќе ги завршам сите обврски што ќе ми ги дадеш, ако ми дозволиш да играм игри два часа.“

Тајлер „Нинџа“ Блевинс зборува на сцената во просторот за доживувања Samsung 837

Кој е твојот совет за тоа како се станува професионален гејмер?

Бидете забавни. Бидете посмешни од другите. Изберете некој на кој се огледувате и ако мислите дека сте смешни и подобри од него, направете го тој чекор. И бидете гејмер. Направете ги вашите содржини подобри од оние на вашиот идол или на кој било друг.

„5G е огромен дел од мојата иднина во моментов. Многу сум возбуден да видам како ќе се развива.“

Galaxy S10+ прикажува Fortnite, со маска iKONIC

Како мислиш дека 5G ќе ја промени сцената?

Батка, едвај чекам. Всушност, разговараме за доживувањата со мобилни игри на 5G додека патуваме на настани со Нинџа и слични работи. 5G е огромен дел од мојата иднина во моментов, па едвај чекам да видам како ќе се одвива. Сè уште не сум го искусил, па нетрпението е огромно и едвај чекам. Кога ќе стигне, јас сум спремен.

Играњето игри нема да исчезне. Сега е на врвот и ќе станува само подобро.

Бидете како Нинџа

Серијата Galaxy S10 ви овозможува неспоредливи доживувања при играњето игри од вашиот џеб, дома, во автобус и насекаде во светот.

Задната страна од призма бел телефон Galaxy S10+ и предната страна од црн телефон Galaxy S10+ над него

Galaxy S10e | S10 | S10+

Прочитајте ги и овие приказни