Разнобоен начин за воспитување на децата
Поттикни ја креативноста на своето дете со помош на терапија со бои.
Децата навистина брзо растат - бебињата одеднаш одат во градинка, а пред да се свестиш започнуваат да одат и на училиште. Во тој краток период тие постојано учат и го впиваат светот кој ги опкружува. Терапијата со бои е одличен начин да се стимулира детската креативност и да се развијат нивните когнитивни способности. Одамна се верува дека боите имаат моќ позитивно да влијаат на нашите емоции, расположенија, па дури и на однесувањето. Твоите деца постојано нека бидат инспирирани и среќни со тоа што ќе ги изложуваат нивните разнобојни уметнички дела низ целиот дом. Или пробај ги овие забавни, смирувачки активности со боење за да го извлечеш максимумот од бесценетото време поминато со своите малечки.
Направи големо платно за големи идеи
Создади катче за играње со многу работи за цртање за децата да бидат потполно ангажирани. Постели големо парче бела хартија и остави ги да цртаат со дланките и стапалата. Или испечати забавни страници за боење за своите деца и дозволи им да експериментираат со широката палета на различни нијанси. Откако ќе завршат, направи фотографија од нивните слики и изложи ги на голем екран како што има 2019 QLED.
Вклопи се во домот со QLED
Како да сликаш со Ultra Wide камери
Играј со пигментите во кујната
Вклучи ги сите пет сетила подготвувајќи слатки задоволства со своите малечки. Ова е исклучително добро за оние кои се пребирливи во јадењето, бидејќи готвењето со децата им дава можност да се запознаат со различните состојки. Додај свежи овошја во рецептот за експлозија на бои. Портокалите имаат многу весел, повикувачки тон, додека жолтата боја во мангото поттикнува самодоверба и позитивност. Гозба за сите сетила.
Негувај врска која ќе трае
Активностите со бои се ефективен начин на комуникација помеѓу родителот и детето. Повлечи се и дај им на своите деца потполна слобода при избирањето бои и создавањето сопствени креации. Остани вклучен со тоа што ќе им поставуваш прашања и ќе ги фалиш нивните избори. Позитивното охрабрување ја поттикнува самодовербата, им дава на децата чувство на успех и поттикнува независност.
Вметни боја во секојдневната рутина
Наместо активностите со бои да бидат специјален настан, најди начин да ја вметнеш терапијата со бои во секојдневниот живот. Украсувањето на ѕидовите со уметнички дела ги воведува децата во различни култури и го поттикнува нивниот креативен и емоционален развој. Користи го Уметничкиот режим во The Frame за лесно да наоѓаш и прикажуваш уметнички дела кои ќе ги возбудуваат и едуцираат твоите деца и кои ќе внесат радост во домот за само еден момент.
* Сликите се симулирани и служат само за илустрација. Спецификациите на изгледот, дизајнот и GUI (Графички кориснички интерфејс), кои не влијаат на перформансот на производот, подлежат на промени без известување.
* Производот може да се разликува од прикажаниот на сликата.
* Спецификациите, услугата Smart и GUI (Графички кориснички интерфејс) може да се разликуваат во зависност од моделот и регионот.
* Art Store карактеристиката може да не биде достапна во некои земји.
* Уметничките дела во Art Store подлежат на промена без претходно известување.
* Личните фотографии поставени во Frame ќе бидат изложени во оригиналната резолуција. Се препорачува прикажување на фотографии од 4К (3840*2160 пиксели) или поголеми.
* Некои опции за мат изглед се достапни само преку мобилната апликација.
* Мат: Празниот простор кој служи за да го истакне уметничкото дело вотелевизорот The Frame.
* iOS и уредите кои не се Galaxy Android треба да ја преземат апликацијата SmartThings за да имаат поставка за Амбиентален режим на мобилниот телефон.
* За Smart функциите, потребни се компатибилни уреди или телефони.