Сè е подобро со
Galaxy

Оптимизиран на секој можен начин за да ти
овозможи брзина како на персонален компјутер,
подолготрајна батерија и живописен екран Infinity
Display; сето тоа во едно џебно пакување. На тој
начин, без разлика каде се наоѓаш во светот,
твоите игри се секогаш со тебе.

На површината на реката се рефлектира синкаст мост што свети. На површината на реката се рефлектира синкаст мост што свети.

Батерија која трае подолго од сите други

Со интелигентната батерија која трае и до 24 часа1, твојот телефон учи како и кога го користиш најчесто и се приспособува на тоа. Тоа значи повеќе батерија кога најмногу ти треба - среде тешка битка. А со Qi безжичното полнење2 можеш да го полниш телефонот без да го приклучуваш на струја и да споделуваш енергија со твојот пријател преку опцијата Wireless PowerShare3.

Супер неонска слика направена со следење и прилагодување на надворешната светлина. Супер неонска слика направена со следење и прилагодување на надворешната светлина.

Телефон што никогаш не сецка

Со Galaxy, дефектите при играњето видеоигри веќе се дел од минатото. Со RAM меморија до 12GB4, технологијата AI и моќниот процесор за брзина, може да се потпреш на својот телефон каде и да одиш.

Совршен екран за
твојата игра

Екранот Infinity-O на Galaxy6 ти овозможува непрекинато искуство
од моментот кога ќе ја вклучиш играта. Дома, додека патуваш,
внатре или надвор, со Dynamic AMOLED7 може да уживаш во
извонредна чистота, боја и контраст на секаква светлина и целосно да се внесеш во играта.

Повеќе простор за
повеќе игри

Големата внатрешна меморија на Galaxy4 ти овозможува да ги преземаш последните верзии без да ги бришеш старите. А со слотот за microSD8 картичка, никогаш нема да ти недостасуваат опции.

Избери играч

Задeн дел од телефон Galaxy S10 во бела боја која се прелева и преден дел од црн телефон Galaxy S10 кој малку го покрива на горниот дел. Задeн дел од телефон Galaxy S10 во бела боја која се прелева и преден дел од црн телефон Galaxy S10 кој малку го покрива на горниот дел.

Galaxy S10

Телефон Galaxy Note9 во Ocean Blue нијанса со пенкало S Pen. Телефон Galaxy Note9 во Ocean Blue нијанса со пенкало S Pen.

Galaxy Note10

Заден дел од црн телефон Galaxy А70 и преден дел од телефон Galaxy А70 кои малку се преклопуваат во горниот дел. Заден дел од црн телефон Galaxy А70 и преден дел од телефон Galaxy А70 кои малку се преклопуваат во горниот дел.

Galaxy A70

„Овој неверојатен телефон,
дизајниран од Samsung, е
иднината на видео игрите“

Гледај го видеото

Премини на Galaxy - Игри

Премини на Galaxy - Игри Премини на Galaxy - Игри

Направи паметен потег

Ние го олеснуваме преносот на важните работи од твојот стар телефон на новиот Galaxy. Со Smart Switch, сè што треба е еден брз чекор да префрлиш сè, дури и твоите поставки, за да можеш едноставно да го земеш и да си одиш.

Лого на Samsung Smart Switch. Лого на Samsung Smart Switch.

Секогаш вклучена поддршка за твојот уред

За уред што е секогаш тука за тебе, поддршката е секогаш овде. Ние нудиме грижа за корисниците на Galaxy, со поддршка преку нашиот центар за корисничка поддршка.

Симбол 24/7. Симбол 24/7.

1 Достапно на Galaxy S10+. Проценето според профилот на употреба на просечен/типичен корисник. Независно оценето од „Strategy Analytics“ во периодот помеѓу 7 и 25 јануари во САД и Обединетото Кралство со верзии за пред-издавање на моделите SM-G970, SM-G973, SM-G975 (128GB). Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените опции и апликации, фреквенцијата на повици и пораки, бројот на полнења на батеријата и многу други фактори.
2 Ограничено на Samsung или други брендови на смарт телефони со WPC Qi безжично полнење, како Galaxy S9, S9 +, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5 и носиви електронски уреди како Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да не работи со одредена дополнителна опрема, маски или уреди на други брендови. Може да влијае на приемот на повици или на податочните услуги, во зависност од мрежната средина.
3 Wireless PowerShare е ограничено на Samsung или други брендови на смарт телефони со WPC Qi безжично полнење, како Galaxy S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE, Note5 и носиви електронски уреди како Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да не работи со одредена дополнителна опрема, маски или уреди на други брендови. Може да влијае на приемот на повици или на податочните услуги, во зависност од мрежната средина. Потребно е батеријата да биде над 30% за користење на PowerShare додека си во движење, без да бидеш приклучен на струја.
4 До 12GB RAM достапни само на керамичките модели Galaxy S10+ Performance Edition (12GB RAM со 1TB внатрешна меморија). Капацитетот на RAM меморијата може да се разликува во зависност од моделот, бојата и земјата.
5 © 2019 Epic Games, Inc. Epic Games, Fortnite и нивните логоа се трговски марки или регистрирани трговски марки на Epic Games во САД (Reg. U.S. Pat & Tm. Off.) и на други места. Сите права се задржани.
6 Достапно на Galaxy S10e, S10, S10+ и S10 5G.
7 Екранот на Galaxy S10e, S10, S10+ и S10 5G доби сертификат од VDE Германија за Јачина на бои на мобилен телефон 100% од покриеноста со DCI-P3 (Иницијативи за дигитално кино) со сооднос на контраст од 2.000.000:1.
8 MicroSD картичката се продава посебно. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и производителот.