Исклучителни за работа и игра

Мониторите Samsung со висока резолуција се совршен избор за секоја пригода бидејќи прикажуваат повеќе содржина, даваат појасна слика и користат понапредни дисплеј-технологии. Високата резолуција ги зголемува твоите перформанси без оглед дали се работи за професионални апликации, мултитаскинг или играње игри.

На масата е монитор на чиј екран се гледа рагби натпревар. Човекот гледа во мониторот, а на масата има таблети, мобилни телефони, слушалки, глувци, тастатури, камери, саксии со цвеќиња и книги.

Зошто висока резолуција?

Повеќе содржини на екранот, појасен приказ

Резолуцијата на нашите монитори WQHD е 2,25 пати поголема од густината на пискелите на мониторот Full HD. Серијата UHD се одликува со густина на пиксели што е четирипати поголема од Full HD. Појасниот приказ не е единствената погодност на високата резолуција: на екранот на мониторот со поголема резолуција може да се прикажуваат повеќе содржини.

На екранот е фотографија на природно езеро. Резолуцијата на екранот се менува според редослед FHD-WQHD-UHD и овозможува гледање на поширок кадар на еден екран.
На екранот е фотографија на природно езеро. Резолуцијата на екранот се менува според редослед FHD-WQHD-UHD и овозможува гледање на поширок кадар на еден екран.

Поголема ефикасност

Високата резолуција не подразбира само остри слики туку и приказ на повеќе содржини истовремено. Колку што е поголема резолуцијата, толку повеќе содржини може целосно да се прикажат. Работи со датотеки Excel и прегледувај ги веб-содржините со помалку скролување. Photoshop и уредувањето стануваат полесни со помалку зумирање.

 На екранот се гледа графичка програма во која се уредува фотографија на дете во цветна градина. Резолуцијата на екранот се менува според редослед FHD-WQHD-UHD и овозможува гледање на поширок кадар на еден екран.
На екранот се гледа графичка програма во која се уредува фотографија на дете во цветна градина. Резолуцијата на екранот се менува според редослед FHD-WQHD-UHD и овозможува гледање на поширок кадар на еден екран.

Високата резолуција е нов минимум

Содржините на резолуцијата 4k се сеприсутни. Сите слики и видеоснимки снимени со мобилни телефони се во резолуцијата UHD, а интернет-услугите, како што е Netflix емитуваат филмови во резолуција UHD. Многу игри што ги играме ја користат резолуцијата UHD. Уживај во сите овие содржини на монитор со висока резолуција, а уште подобро на мониторот Samsung со висока резолуција.

Дознај како повеќе да уживаш во содржините 4K со помош на монитор Samsung со висока резолуција. Многу содржини се конфигурирани за приказ на таков монитор, како што се филмови и игри на мобилни уреди.

Исклучително иновативен

Мониторите Samsung со висока резолуција користат иновации, како што е новата технологија Quantum Dot. Екраните Samsung Quantum Dot поддржуваат поширок спектар на бои од класичните технологии на слики и ти овозможуваат да уживаш во поприродни слики и слики полни со живот.

Спој на висока резолуција и на квантни точки

Врвните монитори Samsung со висока резолуција имаат уште нешто освен самата резолуција. Во прашање е технологијата Quantum Dot. Боите се прикажуваат со квантни точки со нанометарска големина и исклучително се еластични и живописни, а деталите поостри.

На оваа фотографија се гледа огномет на ноќното небо над згради, каде што се гледа ефектот на технологијата на квантни точки. На неа се гледа текст што укажува на споредување на резолуцијата на вообичаената висока резолуција и високата резолуција QLED.
Ова видео ја претставува техниката Quantum Dot. Рабовите на мониторот се направени откако екранот е комбиниран со панел Quantum Dot. Екранот е поделен на дел „Висока резолуција“ со низок квалитет и на дел „Висока резолуција QLED“ со приказ со висок квалитет

Што значи сигурно име?

Водството на Samsung во изработката на екрани е засновано врз долготрајната доверба и искуство на нашите клиенти со нашите монитори. Реално е да се очекува врвниот монитор со висока резолуција што сакаш да го купиш да биде од марката Samsung.

Оваа слика ја покажува сигурноста на мониторот Samsung. Прикажана е сторијата за развојот на мониторите Samsung и на мониторите за одредени години, а сликата на мониторот за 2017 година е прикажана малку зголемена. 1981 година, прва генерација на монохроматски адаптерски монитори. 1997 година, прв монитор TFT-LCD во светот. 2002 година, прв монитор со две шарки во светот. 2003 година, прв монитор Touch of Color (ToC) во светот. 2011 година, прв безжичен централен монитор во светот. 2012 година, професионален монитор. 2014 година, прв заоблен монитор во светот. 2017 година, 49-инчен супер ултраширок професионален монитор со размер 32:9.

Прв избор

Samsung е најпопуларен производител на монитори UHD во светот четири години, почнувајќи од 2014 година.

Слика на која се прикажани мониторите Samsung UE590 и UD590, најпопуларни на пазарот на ултрависока дефиниција (UHD) четири години, текст „Бр. 1“ со крупни букви и два големи монитора. 2014 година, UD590. 2015 година, UD590 и UE590. 2016 година, UD590 и UE590. 2017 година, UD590 и UE590

* Извор: gfk, август 2017, во смисла на поединична продажба и приход

Исклучително комфорен

Нашиот режим на работа Eye Saver Mode (режим што ги штеди очите) го намалува заморот на очите и овозможува попријатно доживување на гледањето. Подлога со приспособување на висината, на вертикалното и на бочното вртење и на наклонот овозможува оптимално поставување на мониторот заради помало напрегнување на вратот во случај на подолго седење пред екранот.

Исклучително брз

Мониторите Samsung со висока резолуција имаат брз одѕив од 1 ms (MPRT, одѕив кај подвижната слика) и брзина на освежување на екранот од 144 Hz, со цел да се постигне минимално заматување при движење и при мазни премини меѓу кадрите. Освен тоа, сосема сигурно ќе уживаш во мазниот преглед на веб и видеосодржини.

Супербрзиот одѕив обезбедува непречено движење и премини.

Брзината на одѕивот на мониторот Samsung од 1 ms е прикажана во споредба со екран на обичен монитор. Соодветното време е прикажано со помош на слика на велосипедист. Прикажани се текстуални ознаки „Класичен монитор“ и „Монитор Samsung CHG70”.
* Некои монитори ги немаат сите наведените функции.

Исклучително функционален

Монитори Samsung со висока резолуција што имаат приклучоци USB тип C се мултифункционални. Може да функционираат како јазли поставени на маса што прикажуваат слика и ги полнат уредите, а покрај тоа имаат DP, Mini DP и приклучоци USB.

Со помош на универзалниот приклучок USB тип C може да пренесуваш електрично напојување, податоци и видеосигнали меѓу уредите.

На оваа слика е прикажан е приклучок USB тип C, каде што водот на USB тип C оди од мониторот до влезот во лаптопот заради пренос на податоци, на сигналот DP и на напојувањето, а покрај тоа прикажан е и текст.
* Некои монитори ги немаат сите наведените функции.

Исклучителен за мултитаскинг

Мониторите со висока резолуција имаат повеќе простор на екранот од екран со Full HD и претставуваат идеален избор за мултитаскинг.
Функција Samsung Picture-By-Picture (слика покрај слика), Picture-In-Picture (слика во слика) и Easy Setting Box (лесно нагодување) овозможуваат приказ и управување со поголем број работни површини за момент.

Широк екран со размери 21:9

Ултраширокиот заоблен екран овозможува повеќе простор за големи идеи и не е потребно поставување дополнителен монитор. Може да оствари вистински беспрекорен мултитаскинг со помош на само еден монитор.

Прикажан е опис на многу широк монитор што ти дава доживување како да стојат два монитора еден до друг. Лево се два обични монитора и текстуална ознака „Класични удвоени монитори“, а десно слика и текст „Monitor Samsung CH89”.

Picture-By-Picture

Твојот мултитаскинг станува уште потечен со функцијата Picture-By-Picture (слика покрај слика) што спојува две различни влезни слики.

Слика што ја прикажува функцијата Picture-by-Picture (слика покрај слика), каде што се споени два различни извора на сликата. Лево е текстот што ја означува врската HDMI со лаптопот, а десно текст што ја означува врската DP со компјутерот.

Easy
Setting Box

Распореди ги прозорците користејќи ја функцијата Easy Setting Box (лесно нагодување) со делење на екранот на помали делови.

На сликата е прикажана функцијата Easy Setting Box (лесно нагодување) што може да се користи за поделба на екранот на повеќе помали. Лево стои натписот „Easy Setting Box”.

Палета на монитори
со висока резолуција

На оваа слика се дадени прикази и оценки на монитор Samsung. Trusted Reviews го оцени моделот UE850 со 4,5 ѕвездички, Digital Trends Educational's Choice го оцени моделот CF791 со 4,5 ѕвездички, a ExpertReviews моделот CF791 со четири ѕвездички.

Преглед

„Samsung се надмина себеси со моделот CF791, монитор што не сакаш да го пропуштиш“ – Digital Trends

На сликата се гледа победничката технологија на мониторите Samsung со висока дефиниција. Ознака на сертификатот TUV 1500R и награда за финалистот на натпреварот IDEA 2017 година.

Награди

Заоблените монитори Samsung со висока резолуција се познати по својата иновативна заоблена конструкција и технологија на опкружувачкиот приказ.