Играј, зачувај и сподели моменти: Новиот Samsung Galaxy A30s

02/09/2019

Помоќен и со понапредни клучни спецификации

Новиот Galaxy A30s

Скопје, 02. септември, 2019. година – Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави новиот модел на телефони Galaxy A30s со современ изглед и напредни иновации. Покрај сестраната камера, Infinity Display и издржливата батерија, овој смартфон е создаден за корисниците кои сакаат од момент во момент да ги зачуваат и споделуваат своите искуства, овозможувајќи им сѐ што им е потребно за инстант секојдневност. 

„Станува сè потешко да го замислиме животот без паметни телефони. Истите нѐ спојуваат и ни овозможуваат да ги споделуваме нашите искуства со светот“, вели YeonJeong Kim, потпретседател и раководител на одделението Product Planning Group, Mobile Communications Business во Samsung Electronics. „Како што честото користење на овие уреди континуирано расте, нашата цел е непрестано да воведуваме иновации, обезбедувајќи им ги на корисниците нашите најдобри производи и искуство. Можностите кои ни се потребни од еден телефон на дневно ниво, Galaxy A30s ги подига на уште повисоко ниво.“ 

Моделот е достапен во четири нови бои – црна, бела, зелена и виолетова[1] и се одликува со иновативен, впечатлив дизајн со уникатни геометриски шари и футуристички холограм-ефект во позадина. 

Во комбинација со издржлива батерија од 4.000mAh и можност за брзо полнење, како и со Game Booster-от на база на вештачка интелигенција, овој модел го овозможува најдоброто гејминг искуство „за носење“. 

Покрај тоа уредот има и трикратна задна камера – напредна главна од 25MP, една со ултра-широк објектив од 8MP, како и длабочински објектив од 5MP. Со помош на Live Focus режимот на камерата од 5MP, корисниците можат да го користат боке ефектот на професионално ниво и на тој начин да создадат динамични портрети. Алатките на паметната камера подразбираат достапност на опциите Flaw Detector и Scene Optimizer благодарение на кои може многу лесно да се направи совршена фотографија. 

Скенерот за отпечатоци на прсти е вграден во самиот екран, со што се зачувува едноставниот дизајн и во исто време се овозможува интуитивна заштита на податоците. 

Корисниците на Galaxy A30s смартфоните ќе се вмрежани со Galaxy екосистемот и ја имаат можноста да користат различни сервиси како Samsung Health, Samsung Pay[2] и Knox.

За повеќе информации за Galaxy A серијата на смартфони посетете ги news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com/galaxy-a-2019 или www.samsung.com/galaxy.

 

Спецификации на производот[3] Samsung Galaxy A30s 

 

 

Galaxy A30s

Екран

Големина/резолуција

6,4 инчи HD+ (720x1560)

Super AMOLED4

Infinity Display

Infinity-V екран

Камера

Задна

25MP (F1.7) + 5MP + 8MP

(Ultra Wide)

Предна

16MP (F2.0)

Процесор

Dual 1,8GHz + Hexa 1,6Hz

Меморија

RAM

4GB2

Интерна меморија

64GB2                             

Micro SD

До 512GB

Батерија

Капацитет

4,000 mAh

Полнење

15W Брзо полнење

Димензии

158.5 x 74.7 x 7.8mm

Тежина

166g

Боја

Prism Crush црна, Prism Crush бела, Prism Crush зелена i Prism Crush виолетова2

Останато

Читач на отпечатоци на прсти кој е вграден во екранот,

USB C-type

 

 

 

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системи, меморијата, и LED технологијата. За дополнителни информации и вести ве замолуваме да ја посетите http://news.samsung.com.

 

 

[1] Достапноста на боите може да варира во зависност од државата.

[2] Достапноста може да варира во зависност од државата.

[3] Сите функционалности, одлики, спецификации и останатите информации за производот достапни во овој документ, вклучувајќи ги придобивките, дизајнот, цената, компонентите, перформансите, достапноста и можностите се подложни на промена без претходна најава.