SDC19: Samsung и IBM претставуваат 5G и AI-фокусирани мобилни решенија за IBM Cloud за бизниси

29/10/2019

Заедничките иновации им помагаат на владите и бизнисите да ја подобрат безбедноста на итните служби, на премисите во фабриките како и на фабричките работници во одделите за производство.

Samsung и IBM

САН ХОЗЕ, САД / СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА – октомври 29, 2019 – Samsung Electronics Co., Ltd. и IBM денес, за време на Samsung Developer Conference, најавија нова заедничка платформа за засилување на можностите на IMB Cloud и вештачката интелигенција (AI), како и понудите за мобилни уреди на Samsung. Соработката помеѓу двете компании ги спојува способностите на IBM со екосистемот на Samsung Galaxy токму за бизнис корисниците на денешницата. 

„Мобилната индустрија искусува драматична трансформација и креирање на нови начини за бизнис со претставување на иновативни технологии како 5G, вештачка интелигенција (AI) и IoT за претпријатијата,“ изјави DJ Koh, Претседател и CEO на Одделот за Информациски технологии и Мобилни комуникации, Samsung Electronics. „Веруваме дека отворената соработка е фокална за отклучување и овозможување на овие можности и согласно, насочени сме да ја придвижиме дигиталната трансформација за нашите бизнис клиенти во ерата на 5G, со мобилните уреди и конектираните услуги на IBM и Samsung.“

 

Сигурносна Платформа поддржана од IBM Cloud, AI и 5G 

Денешната изјава е осмислена да ги приближи иновациите на IBM Cloud и екосистемите на уредите на Samsung Galaxy, вклучувајќи ги Galaxy Tabs, смартфоните и Galaxy часовниците. Истото е дизајнирано да го потпомогне подобрувањето на работната атмосфера за полицајците, пожарникарите и другите членови на итните служби. 

Според Интернационалната Трудова Организација (International Labour Organization), скоро 3 милиони смртни случаи се случуваат секоја година поради незгоди на работното место. Владите и корпорациите имаат зголемена потреба да создадат системи кои го следат статусот на виталните органи на работниците во рурални, недостапни или стресни опкружувања. 

Креирано на IBM Cloud, новата платформа ќе им овозможи на клиентите да го следат статусот на виталните органи на работниците, вклучувајќи го ритамот на срцето и физичката активност, со цел да се востанови доколку личноста се наоѓа во опасност или некомфорност, според кое автоматски би му/ѝ била испратена помош. 

На пример, опремени со часовниците на Samsung Galaxy со биометриски сензори и Galaxy 5G смартфоните, членовите на итните служби и работниците ќе ја имаат потребната безбедност и ќе имаат индикатори за својата здравствена состојба споделени на оваа платформа во реално време. Ова решение и алатка константно ги следи знаците на нивните витални органи и други клучни индикатори, со цел инстантно аларамирање на менаџерите за итни случаи доколку има промена во било кој од овие параметри, нешто кое може да укаже дека работникот можеби е во опасност од срцев напад, исцрпување од топлина, или било какви други ситуации кои се опасни по живот и кои подразбираат итна постапка и внимание. Платформата пренесува податоци до менаџерите за итни случаи со цел да овозможат увид за и при носењето на одлуки. 

На оваа нова платформа, брзите Galaxy-уреди на Samsung сега можат да се користат во големи размери скоро секаде. Овие уреди можат да бидат прилагодени да се отпорни на опасни опкружувања, како оние во кои се наоѓа војник на поле, работници во фабрика кои работат во сурови временски услови, работник во итна служба, кој одговара на повик за незгода или работник на минско поле. 

Со оглед на тоа што моментално се испробува од страна на неколку полициски служби, ова ново решение овозможува увид во реално време за здравстената и моменталната состојба на лицата кои работат во итни служби или опасни услови, со цел намалување на оперативните ризици на работните места од овој вид. 

„IBM продолжува да претставува водечки cloud и AI можности со длабока индустриска експертиза за нашите бизнис клиенти,“ изјави Martin Schroeter, Сениор Потпретседател на глобалните пазари од IBM. „Заедно, IBM и Samsung ќе ја употребат моќта на IBM Cloud, 5G, вештачката интелигенција (AI) и edge-компјутеризирањето, за да им овозможиме на нашите клиенти да ги засилат овие напредни технологии да имаат поголемо влијание на начинот на којшто луѓето работат, купуваат и ги заштитуваат своето здравје и семејства.“

 

Samsung и IBM го водат патот кон бизнис иновацијата, со 5G и врвното компјутеризирање   

Дизајнерскиот пристап на Samsung, ‘наменет-за-одредена-цел’ и IBM Garage методологијата, креираат отворена соработка, забрзувајќи го процесот како двете компании ги тестираат и лансираат новите бизнис идеи со напредни cloud услуги. Овој пристап ги интегрира практиките всадени во длабоката индустриска експертиза на глобално ниво, преку културна промена во единечен пристап и охрабрување на претприемачки начин на размислување. 

Двете компании исто така соработуваат низ неколку индустрии, зголемуваjќи ја моќта на IBM и Samsung, вклучувајќи ги и финансиските услуги, енергетиката и здравството. Дополнително, со дигитализацијата на преработувачката и производна индустрија, ова партнерство го создава темелот за автоматизација на фабриките за да станат ефикасни и продуктивни со напредни мрежни услуги и 5G. 

Програмерите можат да пристапат и да ја искористат технологијата зад платформата и да создадат понатамошни врвни способности кои би влијаеле и на други вертикални индустрии како производство, одбрана и малопродажба.

 

За Samsung Developer Conference

SDC приближува и спојува илјадници програмери и креатори за да ја истражат технологијата на денешницата и да визуелизираат што би било можно во иднина. Дводневната конференција ќе има возбудливи главни најави, технички сесии и вредни и корисни вмрежувања. Дополнително, тимовите за производи на Samsung и партнерите за технологија ќе ги претстават најновите технолошки достигнувања и алатки.

 

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја оформува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, смартфоните, носечките уреди, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморијата, LSI системите, леењето и LED решенијата. За најновите новости, ве замолуваме да ја посетите Samsung Newsroom http://news.samsung.com.

 

За IBM Cloud

Со над 20 милијарди долари годишен cloud приход, IBM има изградено водечки хибриден cloud бизнис. Ова вклучува широк спектар на понуди за услуги, услуги за софтвер, хардвер и професионални услуги кои овозможуваат IBM да советуваат, да се движат, градат и менаџираат cloud решенија во јавните, приватните околини и опкружувањата на самите локации. Преку својата глобална мрежа од над 60 дата-центри низ 19 земји и 19 достапни зони низ 6 региони, јавниот IBM cloud им помага на бизнисите во сите индустрии да имаат безбедност, флексибилност, успех и глобални услови за распоредување. Креиран на отворен извор и мултиетатна околина, клиентите имаат безбеден пристап до бизнис ниво на IaaS и водечки PaaS, кое им ги овозможува најновите програмерски можности и подготвени иновациски машини. Ова вклучува повеќе од 190 cloud-базирани API-си, како вештачка интелигенција (AI), IoT, безжично и квантум-компјутеризирање и конзистентно функционирање сè до edge компјутеризирање.

За повеќе информации, посетете ја https://www.ibm.com/cloud/public.