Самсунг поставува нови стандарди со новиот Галакси С10 (Galaxy S10): Поголем екран, повеќе камери и повеќе можности

20/02/2019
Galaxy s10 поставува нови стандарди

Сеул / Лондон / Сан Франциско – 20 февруари 2019 година Одбележувајќи декада од претставувањето на првиот Галакси С уред, Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) претстави нова серија премиум смартфони: Галакси С10 (Galaxy S10). Со четири уникатни уреди, новата Галакси С10 серија е создадена да ги задоволи различните потреби на денешниот пазар на смартфони, овозможувајќи им на корисниците уште повеќе да ги прават работите во кои уживаат. Секој од уредите овозможува ново ниво на доживување во категориите за кои корисниците највеќе се грижат и се заинтересирани – неверојатни иновации за екранот, камерата и перформансите.

 

Сведоштво  за декада на иновации, Галакси С10 е дизајниран за оние кои сакаат премиум смартфон со моќни перформанси кој овозможува ново, напредно ниво на мобилно искуство. За потрошувачите кои сакаат уред со високи перформанси, Галаски С10+ (Galaxy S10+) ја носи секоја карактеристика на ново ниво - започнувајќи од екранот, камерата, па сѐ до перформансите. Галакси С10е (Galaxy S10e) е создаден за оние кои ги сакаат сите премиум основи во компактно пакување со рамен екран. За крај, Галакси С10 5Г (Galaxy S10 5G) е креиран за оние кои сакаат повеќе од сѐ и се подготвени за најголемите брзини достапни и најмоќните карактеристики. Вклучувајќи целосно нов Динамичен АМОЛЕД екран (Dynamic AMOLED display), нова генерација камера и интелигентен перформанс, Галакси С10 серијата им овозможува на корисниците повеќе можности и поставува нови стандарди за смартфоните. 

 

*Уште од претставувањето на првиот С уред пред десет години, Галакси С серијата е поим за премиум иновации, овозможувајќи им на корисниците неверојатно искуство и можност да го пронајдат уредот кој е вистински за нив. Галакси С10 го надградува ова извонредно наследство, носејќи неверојатни иновации кај екранот, камерата и перформансите. Со четири премиум уреди, секој создаден имајќи ги  предвид уникатните потрошувачи, Самсунг ја продолжува деценијата на лидерство во индустријата зачекорувајќи во нова ера на технологијата за паметни уреди“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и Мобилна Комуникација во компанијата Самсунг Електроникс.

 

Нов Динамичен АМОЛЕД екран (Dynamic AMOLED display): Искуство преку целосен екран со Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци (Ultrasonic Fingerprint Scanner)

 

Галакси С10 е направен со најдобриот Самсунг екран досега – првиот во свет, Динамичен АМОЛЕД (Dynamic AMOLED) екран. Како прв “HDR10+“ сертифициран смартфон, неговиот екран прикажува кристално јасна дигитална содржина, а со динамичното мапирање на тонови, корисниците ќе може да гледаат поголем опсег на бои за брилијантна, реална слика. Динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 е исто така “VDE“ сертифициран за живи светли бои[1] и за извонреден сооднос на контраст за уште подлабоки нијанси на црно и уште посветли нијанси на бело.[2]

 

Верифициран од страна на “ДисплејМејт“ (DisplayMate), корисниците ќе може да уживаат во исклучителни бои на нивниот мобилен уред[3]– дури и при услови на висока сончева светлина. Дополнително, Динамичкот АМОЛЕД екран исто така ја намалува сината светлина преку неговиот “TÜV Rheinland“ сертифициран екран за удобност на очите[4], без притоа да влијае на квалитетот на сликата или да додава филтер.

 

Резултат на неверојатниот инженерски процес, уникатниот “Infinity-O“ екран на Галакси С10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.

 

Динамичниот АМОЛЕД екран на Галакси С10 исто така го вклучува и првиот Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци[5] сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д контурите на физичкот отисок на корисникот, наместо 2Д сликата од отпечатокот, за подобрена технологија за одбрана од измами и напади на софтвер. Со првата во свет, “FIDO Alliance Biometric Component“ сертификација, ова ново ниво на биометриска проверка овозможува безбедност на ниво на трезор, допринесувајќи уредот да биде навистина безбеден.

 

Професионално ниво на Камера

 

Надополнувајќи го лидерството на Самсунг во областа на камерите за првите “Dual Pixel“ и “Dual Aperture“, Галакси С10 претставува нова технологија на камери и напредна интелигенција која го поедноставува начинот на креирање врвни фотографии и видеа:

  • Ултра-Широки Леќи: За прв пат во рамки на С серијата, Галакси С10 овозможува Ултра-Широки Леќи со 123 степени поле на гледање, како човековото око, односно она што го гледате е она што е во рамка. Совршен за импресивни пејсажни фотографии, големи панорами, па дури и семејни портрети од поширокото семејство, Ултра-Широката Леќа овозможува секогаш да ја фотографирате целосната сцена.

  • Супер стабилно видео снимање со висок квалитет: Галакси С10 овозможува супер стабилно снимање со помош на технологијата за дигитална стабилизација на сликата. Без разлика дали корисникот танцува во екот на неверојатен концерт или пак сака да го сними секој детаљ при велосипедско возење на нерамна површина, функцијата за супер стабилност овозможува да го зачувате секој миг. И предната и задната камера може да креираат снимки со квалитет до “UHD“, а за прв пат во индустријата, задната камера овозможува флексибилност за креирање снимки во “HDR10+“.[6]

  • Камера со Вештачка Интелигенција: Галакси С10 ги прави веќе паметните карактеристики уште попрецизни со единиците за неврална обработка (Neural Processing Unit - NPU) што допринесува за креирање на фотографии на професионално ниво кои се вредни за споделување без притоа корисникот мануелно да ги селектира напредните поставки на камерата. Оптимизаторот на сцена сега може да препознае и уште попрецизно да ги процесира дополнителните сцени благодарение на единиците за неврална обработка. Дополнително, со функцијата за сугерирање при фотографирање, Галакси С10 овозможува автоматски препораки за композицијата, за подобро врамување на сликата.

 

Функции за интелигентен перформанс кои овозможуваат максимална употреба на вашиот смартфон

 

Галакси С10 е создаден со премиум хардвер и софтвер базиран на машинско учење, кој работи наместо вас. Од целосно нови можности за споделување на енергија до зголемување на перформансите овозможено од вештачка интелигенција, па сѐ до интелигентна безжична конекција, Галакси С10 е најинтелигентниот уред на Самсунг досега на секое поле.

  • Безжично споделување на енергија[1]: Самсунг го претставува безжичното споделување на енергија (Wireless PowerShare) на Галакси С10, овозможувајќи едноставно полнење на “Qi“ сертифицирани паметни телефони и на компатабилни уреди за носење. Дополнително, Галакси С10 е способен истовремено да се полни самиот себеси и да полни и втор уред, преку ова безжично споделување на енергија[2], додека е поврзан со обичен полнач, овозможувајќи им на корисниците со нив да понесат само еден полнач кога патуваат.

  • Интелигентен перформанс: Новиот софтвер на Галакси С10 со вештачка интелигенција автоматски ја оптимизира батеријата, процесорот, работната меморија, па дури и температурата на уредот, врз основа на тоа како се користи телефонот, продолжувајќи да ги учи навиките на корисникот и подобрувајќи се со текот на времето. Користејќи ги способностите на вештачката интелигенција, Галакси С10 преку учењето на начинот на користење на уредот, побрзо ги вклучува апликациите кои се најчесто користени. 

  • Интелигентна безжична поврзаност: Галакси С10 пристигнува со интелигентна безжична поврзаност која овозможува непрекината и безбедна конекција со беспрекорен премин од “Wi-Fi“ кон “LTE“ и обратно, воедно известувајќи го корисникот за потенцијално ризични безжични конекции. Галакси С10 го поддржува и новиот “Wi-Fi 6“ стандард, овозможувајќи подобри “Wi-Fi“ перформанси кога е конектиран на компатабилен рутер. 

  • Бигзби Рутини: Преку Галакси С10, Бигзби ги автоматизира рутините на корисникот и обезбедува персонализирани препораки олеснувајќи го корисничкото секојдневие. Со претходно поставени и персонализирани рутини, како рутини при “Возење“ и “Пред Спиење“, кои се прилагодени на навиките на корисникот, Галакси С10 ги прави нештата поедноставни автоматски намалувајќи го допирањето на уредот или пак броењето на чекорите во рамки на денот на корисникот. [3]

 

Нова ера на 5Г поврзаност

 

Токму онака како што направи и со 2Г, 3Г и 4Г, Самсунг го води патот и со 5Г технологијата – работејќи со најголемите добавувачи на развивање и распоредување на 5Г мрежната технологија. Сега, Самсунг ја носи моќта на 5Г технологијата во рацете на корисниците преку својот Галакси С10 5Г уред – првиот Самсунг “флегшип“ 5Г паметен телефон. Со Галакси С10 5Г, корисниците преку 5Г мрежа можат да симнат цела сезона од ТВ шоу во неколку минути, да играат “cloud“ игри со богата графика речиси без заостанување, да уживаат во подобрени искуства со виртуелна и аугументирана реалност и да останат во контакт со пријателите и семејството преку 4К видео повици во реално време. За максимално уживање во предностите на 5Г поврзаноста, Галакси С10 5Г пристигнува со најголемиот досега екран во Галакси С серијата – 6,7 инчниот “Infinity-O“ екран. Воедно, Галакси С10 5Г поседува и тридимензионална Самсунг длабинска камера за креирање 3Д фотографии преку функциите “Video Live focus“ и “Quick Measure“, а е напојуван од 4,500mAh батерија со супер брзо полнење од 25W.

 

Најдоброто сега е стандард: Галакси основи и екосистем на ново ниво

 

Галакси С10 серијата овозможува сѐ што досега беше очекувано од неа и повеќе – вклучувајќи Брзо Безжично Полнење 2.0, “IP68“ отпорност на вода и прашина[4], процесор од нова генерација и Самсунг услуги како Бигзби, Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Плаќање (Samsung Pay) и Самсунг Декс (Samsung DeX).


Воедно, корисниците може да користат највисок капацитет за зачувување на податоци – Галакси С10+ пристигнува со 1 терабајт вградена меморија[1] и можност за зголемување на истата преку 512 GB микроСД картичка до 1.5TB.[2]

  • Брзина: Галакси С10 овозможува пристап до новата генерација “Wi-Fi 6“[3], која овозможува приоритетен и четири пати побрз пристап[4] за разлика на оној на другите корисници во оптоварените предели, како аеродроми. На овој начин корисниците може да искусат молскавично брза “LTE“ поврзаност за зачувување на податоци и датотеки од интернет, или пак за пребарување со способност до 2.0 Gbps за прв пат до сега[5].

  • Играње игри: Создаден за најдобро до сега “гејминг“ искуство, Галакси С10 има вграден софтвер за оптимизација на перформансите при играње кој се базира на вештачка интелигенција. Воедно, пристигнува со премиум хардвер кој вклучува “Dolby Atmos“ за режим на играње и систем за ладење со комора за пареа. Галакси С10 е исто така и првиот мобилен уред кој е оптимизиран за игри креирани на “Unity“ платформата.

  • Безбедност: Галакси С10 е создаден со безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), како и безбеден простор за зачувување податоци, поддржан од хардвер, каде се зачувани корисничките приватни “клучеви“ за мобилните услуги овозможени со “blockchain“ технологија.

 

Достапност и нарачки на Галакси С10

 

Новите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е ќе бидат достапни во Призма Бела, Призма Црна, Призма Зелена, Призма Сина, Канаринско Жолта и Фламинго Розева боја.[6] Галакси С10+ исто така ќе биде достапен и во два, целосно нови, премиум керамички модели со Керамичко Црна и Керамичко Бела боја.[7]

Новите Галакси С10, Галакси С10+ и Галаски С10е ќе бидат достапни за продажба започнувајќи од 8. Март 2019 година во рамки на селектирани пазари, со препорачани продажни цени започнувајќи од 54.999 денари за Галакси С10 (128GB) односно 69.999 денари за Галакси С10 (512GB) , 60.999 денари за Галакси С10+ (128GB), 75.999 денари за Галакси С10+ (512GB), 97.999 денари за Галакси С10+ (1TB) и 44.999 денари за Галакси С10е. Можноста за нарачка на моделите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е започнува од утре, 21 февруари 2019 година. Сите оние кои во однапред определен временски период ќе го нарачаат својот Галакси С10 или Галакси С10+ ќе добијат пар Галакси слушалки (Galaxy Buds), целосно бесплатно. На овој начин, корисниците ќе може да ја слушаат својата омилена музика додека се во движење и додека вежбаат, притоа уживајќи во својот Галакси С10 пред сите останати.

За повеќе информации за Галакси С10 посете ги следните страни http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

Продуктни спецификации на линијата производи Галакси С10

 

Galaxy S10e

Galaxy S10

Galaxy S10+

Galaxy S10 5G

Екран

5.8-инчи, Full HD+ Flat Dynamic AMOLED, 19:9 (522ppi)

 

 6.1-инчи Quad HD+ Curved Dynamic AMOLED, 19:9 (550ppi)

 

*Основната резолуција е “Full HD+“ и може да биде променета во “Quad HD+“ (WQHD+) во Поставки.

 6.4-инчи Quad HD+ Curved Dynamic AMOLED, 19:9 (438ppi)

* Основната резолуција е “Full HD+“ и може да биде променета во “Quad HD+“ (WQHD+) во Поставки.

6.7-инчи Quad HD+ Curved Dynamic AMOLED, 19:9 (505ppi)

 

* Основната резолуција е “Full HD+“ и може да биде променета во “Quad HD+“ (WQHD+) во Поставки.

*Екранот е мерен по дијагонала како целосен четириаголник, без да бидат земени предвид заоблените агли.

Камера

Задна: Двојна камера со оптичка стабилизација на сликата
- Широк-агол: 12MP 2PD AF, F1.5/F2.4, Оптичка стабилизација на слика (77°)
- Ултра широка: 16MP FF, F2.2 (123°)
- 0.5X оптички зум, до 8X дигитален зум

Предна:
-“Selfie“: 10MP 2PD AF,  F1.9 (80°)

Задна: Тројна камера со двојна оптичка стабилизација на сликата
- Телефото: 12MP PDAF, F2.4, Оптичка стабилизација на слика (45°)
- Широк агол: 12MP Dual Pixel AF, F1.5/F2.4, Оптичка стабилизација на слика (77°)
- Ултра широка: 16MP FF, F2.2 (123°)
- 0.5X/2X оптички зум, до 10X дигитален зум

Предна:
-“Selfie“: 10MP Dual Pixel AF,  F1.9 (80°)

Задна: Тројна камера со оптичка стабилизација на сликата
- Телефото: 12MP PDAF, F2.4, Оптичка стабилизација на слика (45°)
- Широк-агол: 12MP Dual Pixel AF, F1.5/F2.4, Оптичка стабилизација на слика (77°)
- Ултра широка: 16MP FF, F2.2 (123°)
- 0.5X/2X оптички зум, до 10X дигитален зум

Предна: Двојна камера
- “Selfie“: 10MP Dual Pixel AF, F1.9 (80°)
- “RGB“ Длабочина: 8MP FF, F2.2 (90°)

Задна: “Quadruple“ Камера со двојна оптичка стабилизација на сликата

- Телефото: 12MP PDAF, F2.4, OIS (45°)

- Широк-агол: 12MP Dual Pixel AF, F1.5/F2.4, OIS (77°)

- Ултра широка: 16MP FF, F2.2 (123°)

- 0.5X/2X оптички зум, до 10X дигитален зум

- три-димензионална длабочина: hQVGA

 Предна:

- “Selfie“: 10MP Dual Pixel AF, F1.9 (80°)

- три-димензионална длабочина: hQVGA 

Куќиште

69.9 x 142.2 x 7.9mm, 150g

70.4 x 149.9 x 7.8mm, 157g

74.1 x 157.6 x 7.8mm, 175g (Керамичка: 198g)

77.1 x 162.6 x 7.94mm

198g

Процесор на апликација (AP)

7nm 64-bit Осум-јадрен процесор (Максимум 2.8 GHz + 2.4 GHz + 1.7 GHz)

8nm 64-bit Осум-јадрен процесор (Максимум 2.7 GHz + 2.3 GHz + 1.9 GHz)

*Може да се разликува во зависност од пазарот и мобилниот оператор.

Меморија

6GB/8GB RAM (LPDDR4X), 128GB/256GB
+ Влез за микроСД картичка (до 512GB)

8GB RAM (LPDDR4X), 128GB/512GB

+ Влез за микроСД картичка (до 512GB)

8GB/12GB RAM (LPDDR4X), 128GB/512GB/1TB

+ Влез за микроСД картичка (до 512GB)

8GB + 

256GB

(нема микроСД )

* Може да се разликува во зависност од пазарот и мобилниот оператор.
* Меморијата достапна за корисникот е помала од вкупната меморија како резултат на просторот кој го завзема оперативниот систем и софтверот потребен за работа на уредот. Вистински достапната меморија може да варира во зависност од операторот и може да се промени ажурирање на софтверските надградби.

СИМ Картичка

Единечна: Влез за една Нано СИМ картичка и за една МикроСД картичка (до 512GB)

Двојна (Хибрид): Влез за една Нано СИМ картичка и за уште една Нано СИМ или една МикроСД картичка (до 512GB)

*Може да варира во зависност од пазарот и мобилниот оператор.
*МикроСД картичките се продаваат засебно.

1 SIM

Батерија[1]

3,100mAh (типична

3,400mAh (типична)

4,100mAh (типична

4,500mAh (типична)

 

Брзо Полнење преку кабел или безжично.

Подобрена брзина на безжично полнење на батерија преку фунција “Брзо Безжично Полнење“ (Fast Wireless Charging 2.0)

Безжично споделување на енергија[2]

 


*Полнење со жичен полнач компатибилно со QC2.0 и “AFC“
*Безжично полнење компатибилно со WPC и PMA
*Може да варира во зависност од пазарот и мобилниот оператор.

Супер Брзо Полнење преку кабел со QC2.0, AFC и PD3.0

Брзо Полнење преку безжична конекција
Подобрени брзини на безжично полнење со функцијата “Брзо Безжично Полнење“ (Fast        Wireless Charging 2.0)

Безжично споделување на енергија

Оперативен систем

Android 9.0 (Pie)

Мрежа

Подобрено 4x4 MIMO, До 7CA, LAA, LTE Cat.20
- 2.0Gbps брзина на симнување на податоци, 150Mbps брзина на прикачување на податоци

* Може да варира во зависност од пазарот и мобилниот оператор.

Подобрено 4x4 MIMO, До 7CA, LAA, LTE Cat.20

- 2.0Gbps брзина на симнување на податоци, 150Mbps брзина на прикачување +“None Standalone“ (NSA), Sub6 / mmWave (28G, 39G)

*Може да варира во зависност од пазарот и мобилниот оператор.

Поврзаност

Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac/ax (2.4/5GHz), VHT80 MU-MIMO, 1024QAM

- 1.2Gbps брзина на симнување на податоци / 1.2Gbps брзина на прикачување на податоци

* Може да варира во зависност од пазарот и мобилниот оператор.

Bluetooth® v 5.0, ANT+, USB Type-C, NFC, Location (GPS, Galileo*, Glonass, BeiDou*)

*“Galileo“ и “BeiDou“ покриеноста може да биде ограничена.

Можности за плаќања

NFC, MST

* Може да варира во зависност од пазарот и мобилниот оператор.

Сензори

Акцелерометар, Барометар, Капацитетен сензор за отпечатоци, “Жиро“ Сензор, Геомагнетски сензор, “Хал“ сензор, Сензор за  Проксимитет, Сензор за “RGB“ Светлина

Акцелерометар, Барометар, Ултрасоничен сензор за отпечатоци, “Жиро“ Сензор, Геомагнетски сензор, “Хал“ сензор, Сензор за мерење на срцевите отчукувања, Сензор за Проксимитет, Сензор за “RGB“ Светлина

Автентикација

Начин на заклучување: Со повлекување, со шаблон, со ПИН, со лозинка
Биометриски начини на заклучување: Со отпечаток, со лице

Аудио

Стерео звучници и слушалки од АКГ

Опкружувачки (сараунд) звук со Долби Атмос (Dolby Atmos) технологија (Dolby Digital, Dolby Digital Plus вклучени)

 

Аудио формат на емитување:

MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, DSF, DFF, APE

Видео

MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM

*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и останати продуктни информации претставени во овој документ, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на продуктот се предмет на промени без претходна најава. 

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd
Samsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигиталните домашни уреди, медицинската опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED- уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и сѐ ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал Samsung Newsroom

 

 

* Според “DisplayMate“, највисока стапка на осветленост до 1200 нити.

*Екраните на Галакси С10е, С10 и С10+ беа наградени со сертификација за 100% волумен на боја на мобилен уред со сооднос на контраст од 2,000,000:1 од “VDE“ Германија.

*Според “DisplayMate“, 0.4 JNCD колорна прецизност на DCI-P3 спектар на бои.

*“TÜV Rheinland“, глобално признаен институт за сертификација, ги награди екраните на Галакси С10, С10+ и С10е  со сертификат за удобност на очите, базиран на нивната способност драстично да ги намалат штетните ефекти од сината светлина. Оваа сертификација можете да ја пронајдете на www.tuv.com со број за идентификација - ID 1419064785.

*Достапно на Галаски С10 и С10+. Галакси С10е има скенер за отпечатоци лоциран на копчето за вклучување на мобилниот уред.

*HDR10+ квалитетот за снимање може да варира во зависност од платформата за споделување и средината на емитување; HDR10+ бојата е достапна само на уреди и платформи кои поддржуваат вакво емитување.

* Безжичното споделување на енергија е лимитирано на Самсунг или други компатибилни паметни телефони со “WPC Qi“ безжично полнење, како Галакси С9, С9+, С8, С8+, С8+ Актив, С7, С7 еџ, С7 Актив, С6, С6 ЕЏ, С6 Актив, А6 еџ, Ноут9, Ноут8, Ноут ФЕ, Ноут5, како и уреди за носење од Самсунг како Галакси Часовник Актив (Galaxy Watch Active), Гиар Спорт (Gear Sport), Гиар С3 (Gear S3), Галакси Часовник (46/42 mm) и Галакси Бадс безжични слушалки (Galaxy Bads), кои може да се полнат преку оваа функција на моделите Самсунг Галакси С10, С10+, С10e. Може да не функционира со додатоци или футроли кои не се од Самсунг. Може да влијае на приемот на повикот или на интернет услугите, во зависност од мрежното опкружување.

*Ако полните два уреди истовремено, Брзо Безжично Полнење 2.0 за Галакси С10е, С10 и С10+ може да не биде достапно. 

*Функцијата “Бигзби Рутина“ при возење е достапна само во автомобили кои имаат можност за блутут поврзување.

*Отпорен на вода до длабочина од 1,5 метри во времетрање до 30 минути. Доколку се натопи исплакнете го и исушете го уредот. Не се препорачува за користење на плажа или во базен.

*До 512GB дополнителен простор за зачувување податоци со надворешна микроСД картичка за максимум 1.5TB капацитет за зачувување, достапно само на Galaxy S10+.

*МикроСД картичката се продава поединечно. Достапноста може да варира во зависност на земјата и производителот.

*Побрзо од претходните Wi-Fi протоколи. WI-FI 6 поддршката може да не биде достапна во зависност од земјата или регионот во кој живее корисникот.

*Реалната, вистинска брзина може да варира во зависност од земјата, добавувачот и корисничкото опкружување.

*Може да варира во зависност од земјата и добавувачот.

*Достапноста на моделите и боите може да варира во зависност од земјата или добавувачот.

[1] Керамичката верзија е достапна само на 8GB/512GB и 12GB/1TB Галакси С10+ модели.

*Типична вредност тестирана од трета страна во лабораториски услови. Оценетиот (минимален) капацитет е помал. Вистинскиот “век“ на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори. За повеќе информации посетете ја страната www.samsung.com.

*Безжичното споделување на енергија е лимитирано на Самсунг или други компатибилни паметни телефони со “WPC Qi“ безжично полнење, како Галакси С9, С9+, С8, С8+, С8+ Актив, С7, С7 еџ, С7 Актив, С6, С6 ЕЏ, С6 Актив, А6 еџ, Ноут9, Ноут8, Ноут ФЕ, Ноут5, како и уреди за носење од Самсунг како Галакси Часовник Актив (Galaxy Watch Active), Гиар Спорт (Gear Sport), Гиар С3 (Gear S3), Галакси Часовник (46/42 mm) и Галакси Бадс безжични слушалки (Galaxy Bads), кои може да се полнат преку оваа функција на моделите Самсунг Галакси С10, С10+, С10e. Може да не функционира со додатоци или футроли кои не се од Самсунг. Може да влијае на приемот на повикот или на интернет услугите, во зависност од мрежното опкружување.