Самсунг претставува ново Галакси А семејство за новите генерации корисници на “смартфони“

10/04/2019

Компанијата Самсунг прикажа три нови модели и официјално ја претстави целосно новата Галакси А серија

galaxy a телефони

Милано, Италија – 10 април 2019 година – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Ltd.) денес официјално го лансираше новото Галакси А (Galaxy A) семејство со претставувањето на три нови паметни телефони – моделите А20е, А40 и А80, кои се приклучуваат кон веќе најавените А10, А50 и А70, креирајќи ја досега најсилната серија уреди на Самсунг во овој сегмент. Целосно новата Галакси А серија носи возбудливи иновации од индустријата за новата генерација на потрошувачи, овозможувајќи им стилски премиум карактеристики и искуство по навистина пристапна ценовна точка.

“Галакси А серијата пристигнува со најсовремена технологија, најнови врвни иновации и напредни карактеристики, овозможувајќи и на денешната генерација корисници да го прави она што останатите не можат. Овој сегмент на уреди е редефиниран од новата генерација која гледа да го добие најдоброто од она што и е потребно. Како дел од Самсунг, навистина сме возбудени што можеме да го овозможиме токму тоа – да им дадеме на корисниците избор од уреди согласно нивниот буџет кои имаат најдобар екран, најдобра камера и најдобра батерија.“ – изјави Хардиан Бауман (Hadrian Baumann), Сениор Потпретседател и главен одговорен за Продажба во Бизнис секторот за Мобилни Комуникации, Самсунг Електроникс Европа.

Со палета од шест уреди, Галакси А семејството им овозможува на потрошувачите да одберат уред кој најдобро се вклопува во нивниот животен стил и буџет. Без разлика дали им е потребен поголем и посветол екран за да гледаат содржини, супер широко-аголна камера со три леќи за зачувување на секојдневните мигови, или пак интелигентна, доволно моќна батерија која ќе ги следи во секој чекор деноноќно, Галакси А е тука за нив поседувајќи го сето она што им е потребно.

Дизајнирана за Европскиот пазар

Серијата Галакси А беше развивана како директен одговор на континуираниот пораст во сегментот и зголемените очекувања на корисниците кои се во потрага по квалитет и иновација. За да им служи најдобро што може на Европските корисници, Самсунг претстави два нови уреди кои беа развиени специјално за овој регион – моделите А20е и А40. Двата уреди исто така поседуваат врвна иновација која е стандардна за Галакси А, додека помалата големина на екранот е рефлексија на потрошувачкиот тренд во Европа за компактен уред.

Галакси А20е (Galaxy A20e)

Галакси А20е поседува 5.8-инчен “Infinity-U“ екран, овозможувајќи долготрајни перформанси, дизајнирани во чекор да ги следат секојдневните побарувања на корисниците.
Опремен со моќна батерија од 3,000mAh, новиот A20e им овозможува на корисниците да ги гледаат нивните омилени филмови, да играат игри или пак истовремено да работат на различни задачи, притоа чувствувајќи сигурност дека нивната батерија навистина ќе го издржи сето тоа. Дополнително, со помош на технологијата за брзо полнење од 15W, корисниците со само едно кратко полнење повторно може да се вратат на своите активности.

Галакси А40 (Galaxy A40)

Галакси А40 е наменет за оние кои сакаат компактен уред, без притоа да мораат да направат компромис за квалитетот на нивното искуство при гледање содржини или перформанс. “Infinity-U“ екранот од 5.9-инчи кој се протега од едниот до другиот раб на уредот овозможува непрекинато визуелно искуство кое совршено удобно се вклопува во раката на корисникот. Без разлика дали корисникот онлајн ќе гледа ТВ или пак ќе игра игри, Супер АМОЛЕД (Super AMOLED) екранот со “Full HD+“ допринесува за неверојатен квалитет и јасност на сликата.

Новиот А40 е опремен со паметна технологија за камера, како двојна камера која овозможува креирање на фотографии со приказ до 123° и интелигентна функција “AI Scene Optimizer“ која го нагласува најдоброто во секоја фотографија. Овој уред исто така вклучува и моќна предна камера од 25MP која може да ги оптимизира премногу или премалку осветлените сцени, овозможувајќи му на корисникот секогаш да изгледа најдобро што може.

Галакси А80 (Galaxy A80)

Дизајниран имајќи ги на ум оние кои се дел од “дигиталната ера“ од своето раѓање и создаден со првата ротирачка камера на Самсунг, новиот Галакси А80 им овозможува на корисниците беспрекорно да го доловат светот околу нив. Автоматската “поп-ап“ ротирачка камера покрај тоа што овозможува несекојдневно, неверојатно искуство и за предната и за задната камера, истовремено овозможува целосна, непречена искористеност на екранот. Новиот “sAMOLED 6.7” FHD+ Infinity“ екран ја прикажува содржината во кристално јасни детали, во комбинација со Долби Атмос (Dolby Atmos) звук, креирајќи целосно неверојатно искуство.
Галакси А80 исто така вклучува и интелигентна батерија од 3,700 mAh која ги “учи“ корисничките навики и секојдневни рутини, како и шаблоните на користење на апликациите, се со цел да ја оптимизира потрошувачката на батеријата на телефонот. Со помош на можноста за Супер Брзо полнење од 25W, корисниците на новиот А80 ќе минуваат уште помалку време поврзани за полнач.
За повеќе информации за Галакси А серијата, посетете ги страните www.samsungmobilepress.com, www.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

 

Галакси А Серија – Спецификации на новите модели

 

A80

A70

A50

A40

A20e

A10

Екран

 

6.7”FHD+ (1080x2400) Super AMOLED

6.7” FHD+ (1080x2400) sAMOLED

6.4” FHD+ (1080x2340) sAMOLED

5.9” FHD+ (1080x2220)    sAMOLED

5.8” HD+

(720x1,560) TFT

6.2-inch, HD+ (720 x 1520)

“New Infinity“ екран

Infinity-U

Infinity-U

Infinity-U

Infinity V

Infinity V

Димензии

165.2 x 76.5 x 9.3 mm

164.3 x 76.7 x 7.9mm

158.5 x 74.7 x 7.7mm

144.3 x 69.0 x 7.9mm

147.2 x 69.5 x 8.3mm

155.6 x 75.6 x 7.9mm

Дизајн

3D Glass + Metal Frame

3D Glasstic

3D Glasstic

3D Glasstic

Plastic Unibody

Plastic unibody  (Glossy)

Процесор

Octa Core (2.2GHz Dual + 1.7GHz Hexa)

Octa Core, (Dual 2.0GHz + Hexa 1.7GHz)

Ramen Quad 2.3GHz + Quad 1.7GHz

Lassen O+ Octa Core 1.8GHz

Lassen-P+ Octa

Dual 1.6GHz+Hexa 1.35GHz

Lassen-P+ (Dual 1.6GHz+Hexa 1.35GHz)

Предна Камера

Ротирачка камера

32MP, F2.0

25MP FF (F2.0)

25MP FF (F2.0)

8MP (F2.0)

5MP (F2.0)

Задна Камера

Главна: 48MP(F2.0)+8MP

Ултра Широка: 8MP, F2.2 (123°)

3D Длабочина

Главна: 32MP, F1.7
Ултра Широка: 8MP, F2.2 (123°)
Длабочина: 5MP, F2.2

25MP AF (F1.7) + 5MP FF (F2.2) + 8MP FF (F2.2

16MP (F1.7) + 5MP (F2.2)

13MP (F1.9)

+5MP(W) (F2.2)

13MP (F1.9)

Меморија

8 GB RAM

128 GB Внатрешна Меморија

6 GB / 8 GB RAM

128 GB Внатрешна Меморија

До 512 GB Микро СД картичка

4 / 6 GB RAM

64 / 128 GB Внатрешна Меморија

До 512 GB Микро СД картичка

4 GB RAM

64 GB Внатрешна Меморија

До 512 GB Микро СД картичка

3 GB RAM

32 GB Внатрешна Меморија

 

2 GB RAM

32 GB Внатрешна Меморија

Батерија

3,700mAh

4,500 mAh

4,000 mAh

3,100 mAh

3,000mAh

3,400 mAh

Останати карактеристики

Скенер за отпечатоци на екранот, 25W Супер- Брзо Полнење1

Скенер за отпечатоци на екранот, Препознавање на лице

Скенер за отпечатоци на екранот, Брзо Полнење1, Самсунг Плаќање2, Бигзби3

Скенер за отпечатоци, 15W Брзо Полнење1, Самсунг Плаќање2, Бигзби3

Двојна Камера, Скенер за отпечатоци, Брзо Полнење1, Самсунг Плаќање2, Бигзби3

 

 

1 Достапност на функцијата за Брзо Полнење (преку Near-Field Communication) ќе варира во зависност од достапноста на пазарите

2 Достапноста на апликацијата “Самсунг Плаќање“ варира во зависност од пазарот.

3 Функцијата “Bixby Voice“ и “Bixby Vision“ не се поддржани

**Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за продуктот претставени во овој документ, вклучувајќи ги и, но не ограничувајќи се на бенефитите, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на продуктот се предмет на промена без претходно известување.

 

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd
Samsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигиталните домашни уреди, медицинската опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED- уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и сѐ ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom“