Истечен

Промоција на бела техника: 5 години гаранција за Вашата безгрижност

Многу нешта можe да се случат за 5 години, затоа Ви даваме 5 години гаранција на Samsung уредите!

Важи од 15/02/2020 до 30/06/2020

Добро е да знаете дека со купувањето на Samsung белата техника Ве очекуваат и пет години безгрижност. Веруваме во нашиот квалитет и затоа Ви даваме 5 години гаранција на одредени модели на Samsung фрижидери, машини за перење на алишта, правосмукалки и вградени кујнски уреди, купени во периодот од 15.02. дo 30.06.2020. и на одредени машини за сушење на алишта и комбинирани машини за перење и сушење на алишта купени oд 15.02. дo 31.03.2020.



Samsung фрижидерите се карактеризираат со мноштво иновации, кои се создадени за да Ви го олеснат животот. Со револуционерниот Triple Cooling систем на ладење и независната контрола на температурата нема да дојде до мешање на мирисите од различната храна во фрижидерот. Исто така, со No Frost технологијата која овозможува повеќекратен проток на воздух и истовремено ладење на секој оддел во секоја преграда, Вашите продукти подолго ќе ја задржат свежината, без создавање на мраз. И не само тоа, Samsung фрижидерите рефлектираат едноставност и елеганција, и Вашата кујна ја претвораат во место во кое со задоволство ќе го поминувате времето и целосно ќе уживате.


Во текот на готвењето Ве чека нов вид на уживање со индукциските плочи со Virtual Flame технологијата!Единствената Virtual Flame™ технологија Ви овозможува интуитивна визуелна контрола, покажувајќи го со бојата и виртуелниот LED пламен прецизното ниво на топлина на секоја зона на готвење. Со Flex Zone Plus добивате флексибилност да можете да готвите повеќе јадења одеднаш! А, ако за време на подготовката на специјалитети Ви недостасува уште една рерна, не грижете се тука е Dual Cook Flex технологијатa! Рерната со флексибилна врата Ви овозможува подготовка на две јадења на две температури, со можност за пристап само на горната половина, а без прекинување на печењето во долниот дел на рерната.


Со купување на Samsung QuickDriveTM машината за перење на алишта, ќе можете да го преполовите времето потребно за перење и двојно да го зголемите времето за себе! Покрај заштедата на време (и дo 50%) помала е и потрошувачката на енергија (до 20%), без да се загрози ефикасноста на перењето*. Исто така, QuickDriveTM машината за перење на алишта, имa Q-DrumTM главен барабан и позадинска плоча кои се вртат независно, благодарение на што алиштата се вртат подинамично. Резултатот е брзо, моќно, а нежно перење.



На промоција се и одредени Samsung правосмукалки, познати по напредната технологија, моќното вшмукување и лесното користење. Ви ги препорачуваме најмодерни Samsung POWERstick правосмукалки со елегантен слим дизајн, кои штедат простор и време, како и POWERbot правосмукалки кои можете да ги пуштите сами да чистат додека ги контролирате преку мобилен телефон.


Комплетната листа со производи побарајте ја на страницата samsung5godinigarancija.mk и изберете ги оние кои недостасуваат во Вашиот дом.



За да остварите право на 5 години гаранција, уредот мора да биде регистриран на интернет страницата  samsung5godinigarancija.mk најдоцна 30 дена од денот на купување.



Промоцијата 5 години гаранција на одредени фрижидери, машини за перење на алишта, вградени кујнски уреди и правосмукалки важи oд 15.02. дo 30.06.2020.

Промоцијата 5 години гаранција на одредени машини за сушење на алишта и комбинирани машини за перење и сушење на алишта важи oд 15.02. дo 31.03.2020.



Условите на промоцијата можете да ги најдете тука.



*Teстирано на моделот WW8800M во споредба со моделот WW8500K. Штеди и до 50% време во циклусот на перење на памук на 40°C со половина полнење, со ефективност на перење ±2%, врз основа на податоците на компанијата Intertek.

*Времетраењето на циклусот може да варира во зависност од снабдувањето со вода и тежината/видот на алишта.


5 години гаранција за Вашата безгрижност

Посвежо и повкусно

RS8000 SBS фрижидер со Twin Cooling Plus™ технологија

Twin Cooling Plus™ технологијата ги оптимизира температурата и влажноста во фрижидерот и замрзнувачот со помош на независно ладење. Подобро ја чува храната и го штити нејзиниот вкус спречувајќи мешање на мириси и при тоа обезбедува храната да остане сочна и свежа двојно повеќе. Исто така, Samsung RS8000 фрижидерот нуди повеќе простор за складирање без зголемување на надворешните димензии (100 l повеќе од конвенционалните модели) благодарение на технологијата SpaceMax Technology™.

Преполовете го времето за перење

WW7800M Maшина за перење на алишта со QuickDrive технологија, 9kg

QuickDrive™ машината за перење на алишта ги скратува времето потребно за перење и до 50% и потрошувачката на енергија до 20%, без загрозување на ефикасноста на перењето. Q-Drum™ има главен барабан и позадинска плоча кои се вртат независно, благодарение на што алиштата се вртат подинамично. Резултатот е брзо, моќно, а сепак нежно перење. Tука се и Add Wash™ вратата за да може лесно и брзо да се додаде заборавената облека по стартувањето на циклусот, како и Eco Bubble™ за моќно чистење, дури и на ниски температури.

Заштедете и побрзо сушете

DV8800N Maшина за сушење алишта со OptimalDry систем, 9 kg

Заштедете пари со помала потрошувачка на електрична енергија, со технологијата на топлинска пумпа која нуди енергетски поефикасен, поекономичен и нежен начин на сушење на алиштата и на машината ги обезбедува ознака за врвна енергетска класа A+++. Благодарение на OptimalDry системот кој користи 3 сензори поради постигнување на најдобри резултати, облеката брзо се суши со минимална потрошувачка на електрична енергија.

Полесно со голем екран

DW5500MM Машина за садови со LED екран

Миењето садови е поедноставно со интуитивното следење, лесно читање и прилагодување на статусот, што Ви ги овозможува големиот и широк LED eкран, видлив и од далеку. Флексибилната внатрешност прилагодлива е по висина така да горната решетка може брзо да се подигне или да се спушти за 5cm. Со создавањето на дополнителен простор во долната решетка можат да се стават и поголеми садови. Тука е и флексибилната трета решетка на врвот, за мали и лесни предмети, како што е приборот за јадење.

Една врата, две зони

NV7000N Вградена рерна со флексибилна врата

Уживајте во готвењето на различните јадења со користење на флексибилната врата со горна и долна зона на печење и отворање. Dual Cook Flex™ технологијата Ви овозможува подготовка на две јадења во две зони, на две температури, со можност на пристап на целата рерна или само на горната половина, а без прекинување на печењето во долниот дел. Со Dual Cook Flex™ штедите време и енергија (20%), затоа што нема загревање на целата рерна.

Повеќе јадења одеднаш!

NZ6000K SMART Вградена плоча со Virtual Flame технологија

Уживајте во готвењето со интуитивната и јасна контрола на температура. Единствената Virtual Flame™ технологија Ви овозможува интуитивна визуелна контрола со јасна и безбедна видливост на интензитетот на температурата на индукциската плоча. Во Flex Plus зоната гответе лесно повеќе јадења, со користење на повеќе садови. Оваа широка, отворена површина може да ги детектира бројот на садови, големината и формата, со минимално користење на енергија и без „мртви зони“.

Лесно до чистота

VS9000E Правосмукалка со Jet Cyclone технологија, Tурбо четка и Z-станица

Сега можете лесно и едноставно да ги исчистите подовите со моќната, а лесна стап правосмукалка, која има дигитален инвертер мотор со моќ на вшмукување до 150 W. Истовремено ќе имате можност да дишете чист и свеж воздух благодарение на петослојниот HEPA филтрирачки систем, чиј главен циклон ги фаќа големите, млазниот циклон малите ситни честички, а ултрафиниот филтер за прашина на крајот собира околу 99,999% најситна прашина и алергени.