Промоција на бела техника: 5 години гаранција

Mногу нешта можат да се случат за пет години, затоа Ви даваме 5 години гаранција на сите Samsung фрижидери, машини за перење на алишта и за одредени правосмукалки
Важи од 02/09/2019 до 01/12/2019
5 Години гаранција

Mногу нешта можат да се случат за пет години! Но, доколку купите некој од Samsung моделите на фрижидери, машини за перење на алишта или одредени правосмукалки од 02.09. дo 01.12.2019, со нив добивате и пет години безгрижност затоа што веруваме во квалитетот на нашите производи.

Samsung фрижидерите се карактеризираат со мноштво иновации, кои се дизајнирани за да Ви го олеснат животот. Продуктите ќе Ви бидат секогаш на дофат на рака, благодарение на напредните прегради и фиоки со максимален капацитет. Со револуционерниот Triple Cooling систем на ладење и независната контрола на температура нема да дојде до мешање на мирисите од различните продукти во фрижидерот. Исто така, со No Frost технологијата која овозможува повеќекратен проток на воздух и истовремено ладење на секој оддел во секоја преграда, вашите продукти подолго ќе ја задржат свежината, без создавање на мраз. Покрај тоа, фрижидерите на Samsung се карактеризираат со својата едноставност и елеганција, создавајќи од вашата кујна место во кое со задоволство ќе го поминувате времето и целосно ќе уживате.

Доколку се одлучите за купување на Samsung QuickDriveTM машините за алишта, ќе можете да го преполовите времето потребно за перење и двојно да го зголемите времето за себе! Покрај заштедата на времето (и дo 50%) помала е и потрошувачката на енергија (дo 20%), без да се загрози ефикасноста на перењето*. Исто така, QuickDriveTM машината за алишта, имa Q-Drum™ главен барабан и задна плоча кои се вртат независно, благодарение на што облеката се врти подинамично. Резултатот е брзо, моќно, а нежно перење. Но тоа не е сè! Samsung QuickDriveTM машините за алишта имаат AddWash™ врата која овозможува едноставно и брзо да ја додадете заборавената облека по покренување на циклусот. AddWashTM вратата се отвора само кога е температурата во барабанот под 50°C.

На промоција се и одредени Samsung правосмукалки, познати по напредната технологија, моќното вшмукување и едноставното користење.

По едноставното користење се издвојуваат Samsung POWERbot правосмукалките коишто можете да ги пуштите сами да чистат додека ги контролирате преку мобилен телефон. Благодарение на Visionary Mapping технологијата, правосмукалката сама ја пресметува најефикасната патека за чистење, избегнува препреки, а со моќното вшмукување овозможува извонредно чистење на домот.

Samsung POWERstick правосмукалките со елегантен, слим дизајн, штедат простор и времe.

На промоција се и правосмукалки со канистер, едноставни за користење и чистење од теписи до тврди подови.

Комплетната листа со производи побарајте ја на страницата samsung5godinigarancija.mk и изберете ги оние коишто најмногу недостасуваат во Вашиот дом.

За да остварите право на 5 години гаранција, уредот мора да биде регистриран на интернет страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна 60 дена од денот на купувањето.

Доколку Ви се потребни било какви дополнителни информации, можете да ги добиете преку корисничкиот сервис: 00389 23 207 777, по цена на локален повик за фиксна и мобилна мрежа.

 

Food Showcase фрижидер

Преку иновативниот систем со две врати, Samsung Food Showcase фрижидер е дизајниран
да го подобри начинот на кој ја чуваш храната.

QuickDrive™

Преполови го времетраењето на перење.

QuickDrive™ го скратува траењето на перење за 50% , потрошувачката на енергија за 20%, без промена на перформансите во перењето. Неговиот Q-Drum™ има "главен барабан" и "задна плоча" кои се вртат независно, со што се обезбедува подинамично вртење на алиштата со користење на двојните сили. Благодарејќи на тоа машината пере по брзо, посилно и понежно.

QuickDrive
Моќно вшмукување

Моќното, долготрајното вшмукување ни нуди неверојатно чистење додека smart технологијата овозможува контролирање на правосмукалката со паметниот телефон.

Робот правосмукалки

*Teстирано на моделот WW8800M во споредба со моделот WW8500K. Штеди и до 50% време во циклусот за перење на памук на 40°C со половина полнење, со ефект на перење внатре ±2%, врз основа на податоците од компанијата Intertek.

*Времетраењето на циклусот може да варира во зависност од снабдувањето со вода и тежината/видот на алишта