TВ Промоција: Непобедливa комбинацијa на сликa и игри

Купете Samsung TВ и добивате подарок Xbox!
Важи од 15/06/2019 до 15/08/2019 Изминато

Oва е вашата победничка комбинација, затоа што со купениот PUHD или QLED модел, добивате подарок Xbox! Во оваа врвна комбинација, очекувајте чисто совршенство на сликата со повеќе од милијарда бои, за сите неверојатни детали и живописни сцени во секоја игра.

Важи од 15.06.2019 дo 15.08.2019.

Со Samsung Premium UHD моделите ве очекува слика со повеќе детали и со повеќе уживање!

Ќе ве воодушеви неверојатниот квалитет на сликата кој доаѓа благодарение на UHD процесорот, кој управува со бојата, го оптимизира контрастот и го контролира HDR. Ќе доживеете поживописно искуство додека ги гледате вашите омилени содржини со природни бои кои ги прикажуваат деталите толку јасно како да ги гледате во живо.

Ќе уживате и во вистинската 4K UHD резолуција со јасни и остри слики кои имаат 4 пати повеќе пиксели од FHD телевизорите. Samsung UHD телевизорот ви овозможува јасно да го видите секој детал дури и во најтемните и најсветлите кадри.

Елегантен, тенок и стилизиран за секој животен простор, Samsung UHD телевизорот исто така, беспрекорно се поврзува со паметните звучници и мобилните уреди, како и со производите на другите производители, како што е и Xbox.

QLED моделите претставуваат голем чекор во новата реалност!

Спектакуларниот QLED квалитет го покренува неспоредливиот Q Engine, кој за миг ја анализира секоја сцена, за да ви ги прикаже одличните бои, контрасти и детали.

Со Q Color гледајте ги омилените емисии и филмови во најреалистични, најпрецизни и најживописни бои до сега. Погледнете ги сите детали на боите во секоја сцена, исто како да учествувате во акцијата.

QLED со текот на времето не ги губи карактеристиките, а неверојатните бои и детали кои ги гледате денес, ќе останат непроменети и по подолгиот временски период.

QLED прв во светот доаѓа со FreeSync поддршка за играње со помош на која е унапредена брзината на одзив на сликата, што значи дека ништо повеќе нема да ви го одвлече вниманието од акцијата. Со автоматскиот начин на играње, вашата конзола сама ги оптимизира поставките на телевизорот за подобрено играње со извонредно брзо освежување.

Xbox One S oбезбедува одличен графички приказ кој ќе им се допадне и на најпребирливите корисници и играчи.

За да добиете подарок Xbox One S, потребно е да го регистрирате вашето купување со испраќање на следните податоци на е-адресата ce.promotion@samsung.com и тоа во рок од 30 дена од датумот на издавање на сметка: име, презиме, е-адреса, домашна адреса (поради испорака на гаранцијата), приказ (скен) на фискалната сметка од продажното место, модел и сериски број на уредот.

Промоцијата важи од 15.06.2019 дo 15.08.2019 или до истекот на залихите и се однесува на купување на PUHD и QLED модели од 2018 и 2019 година.

Деталите и условите за промоција ќе ги најдете тука. Услови