Истечен

Важи од 17/08/2020 до 30/09/2020

Обновете го своето доживување на гледањето телевизија ова лето и Samsung ќе Ве израдува со одличен подарок. Доколку изберете телевизор Samsung QLED 8K како подарок добивате Soundbar-звучник Q800T, а ако изберете од моделите QLED Q80 или повисоки, како изненадување Ви следува Samsung Soundbar-звучник Q60T.

Моделите Samsung QLED 8K секако се еден од непогрешливите избори кои може да ги направите. Гледањето од крај до крај на неговиот Infinity екран, ќе го прошири Вашето доживување. Црните рабови на телевизорот се толку намалени што речиси и не постојат, а ултратенката рамка Ви овозможува непречено уживање во впечатливо доживување на гледањето. Со вистинската 8K резолуција ќе зачекорите во свет на нова резолуција која во Вашиот простор ќе внесе нова димензија на реалноста. Почувствувајте ја моќта на секој од 33-те милиони пиксели по кадар, со скоро совршено јасна слика и резолуција четири пати поголема од 4K. Интелигентниот процесор на Samsung со извонредното 8K AI скалирање и приспособливата слика е „виновникот“ за неверојатно доживување при гледањето ТВ. Негова заслуга е што може да ја почувствувате целосната моќ на 8K во секој момент и за секој вид на содржина во која уживате.

Доколку пак, изберете QLED Q80 или повисоки модели, исто така ќе уживате во една од најмоќните слики кои Samsung QLED може да ги понуди. Quantum Processor 4K ќе го оптимизира квалитетот на сликата додека не постигне одлични услови за гледање, подобрувајќи ја секоја Ваша содржина. Овие телевизори активно се приспособуваат на опкружувањето во кое се наоѓате и автоматски го приспособуваат нивото на осветленост. Доживејте извонредна слика, без оглед на тоа кој дел од денот е или каков вид содржина гледате. Со технологијата Quantum Dot, светлината се претвора во прекрасни бои кои остануваат исти без оглед на нивото на осветленост.

Изберете го Вашиот идеален Samsung QLED ТВ и уживајте во дополнителните придобивки во текот на промотивниот период кој трае од 17.8. до 30.9.2020 или до истекот на залихите, а се однесува на купување модели QLED од 2020 година (од серија 8 па нагоре). За да остварите право на подарок потребно е да го регистрирате Вашето купување на ce.promotion@samsung.com најдоцна 15 дена од денот на купувањето, а детален список на уреди и повеќе информации може да најдете тукаs.

QLED 8K TV

Веќе од денес подготвени за иднината

Претворете сè што сакате во 8K со помош на 8K AI скалирање. Моќната интелигенција на процесорот Quantum 8K врши скалирање на повеќе различни извори и резолуции до 8K преку машинско учење. AI скалирањето овозможува прикажување на беспрекорна текстура и реалистични рабови, а неправилностите на сликата исчезнуваат, пиксел по пиксел. Пред Вас е само беспрекорна реалност.

HW-Q800T
3.1.2ch
Soundbar

Совршен спој со QLED телевизор

Напреден звук во сите правци. Истражете ја длабочината на звукот со форматите Dolby Atmos и DTS:X. Додека звукот се шири насекаде околу Вас, овие два формати Ви овозможуваат да ги слушнете и најмалите финеси на звукот, баш како што би звучел во реалноста. Soundbar-звучникот Q800T во синхронизација со Вашиот Samsung телевизор ќе создаде звук кој целосно ќе Ве обземе.

HW-Q60T 5.1ch
Soundbar

Звук што се обвиткува околу Вас

Не дозволувајте звукот да остане на едно место. Технологијата Samsung Acoustic Beam ги распоредува звучните бранови така што нивниот ефект во однос на она што се одвива на екранот е потполно реалистичен. Совршен за гледање филмови и гејминг. Ова е вистински 5.1 систем кој Ве обзема.

TV QLED 80

Почувствувајте ги деталите во секоја сцена

Прецизно контролираното заднинско осветлување паметно се приспособува за црната боја да биде уште побогата. Подгответе се за изострени детали со неспоредлив контраст.

Моќниот Samsung процесор го оптимизира квалитетот на сликата сè додека не постигне одлични услови за гледање, подобрувајќи ја секоја Ваша содржина.