Промоција на мобилни телефони: Уживај во 4 месеци без YouTube реклами!

Слушајте ги омилените хитови и непречено уживајте во YouTube Premium музиката со Вашиот Samsung Galaxy уред. Доволно е да купите и активирате некој од Galaxy S10 или Note10 уредите и можете да му се препуштите на ритамот од Вашата play листа!
Важи од 20/02/2019 до 29/02/2020
Промоција на мобилни телефони: Уживај во 4 месеци без YouTube реклами!

Oткријте го врвниот дел од Galaxy понудата и дознајте зошто се S10 и Note10 моќни зa 10!

Прегрнете ја моќта на создавање со Galaxy S10 и Note10 уредите и влезете во Новата година во весело расположение со YouTube Music Premium кој Ви носи уживање во музиката без реклами.

 

Новата генерација Galaxy S10 телефони не само што се истакнува со дизајнот, туку со своите перформанси и иновации се издвојува од останатите!

Комплетно редизајнирани со најновиот Galaxy infinity eкран до сега Ви овозможуваат доживување без застој и пречки. Сега на располагање имате професионална камера со која, фотографиите, селфи фотографиите и видео снимките ќе бидат врвни. Интелигентната камера Ви помага така што ќе предложи композиции на слики и автоматски ќе го оптимизира прилагодувањето на камерата. Со Wireless PowerShare функцијата имате можност да го делите своето напојување со другите уреди. Паметната технологија и напредниот хардвер Ве учат како да го користите телефонот, се прилагодуваат да траат подолго и да работат поефикасно, овозможувајќи Ви врвни перформанси во текот на денот. Со Galaxy S10 серијата телефони постојано сте чекор пред другите!

 

Со Galaxy Note10 и Note10+ доживејте ново ниво на моќ! 

 

Ве чекаат поголема сила, поголема брзина и поголема меморија и мобилно искуство кое во еден уред обединува компјутер, играчка конзола, филмска камера и интелигентно пенкало.

 

Најнапредното S Pen пенкало до сега го дефинира искуството од користење на телефонот од Note серијата. S Pen пенкалото ги следи Вашите движења и може подолго да пишува, црта и управува, а дизајнирано е така да Ви овозможи да ја искажете својата креативност. Запишете ги своите мисли и потоа едноставно допрете ги своите белешки и претворете ги во читлив текст кој можете да го копирате, лепите и споделувате. Samsung Notes aпликацијата Ви овозможува да ги менувате прилагодувањата на S Pen пенкалото како што се боја и дебелина на мастилото и да ги сочувате омилените прилагодувања.

 

Со Galaxy Note10 чувајте ги податоците како на лап топ без купување на лап топ, затоа што имате половина терабајт меморија на дланка, a имате и можност за проширување до 1 терабајт, да имате доволно место за Вашите музика, фотографии и филмови. Тука е и до сега најголемата батерија на моделите Note. Galaxy Note10 уредите создадени се да ги испратат сите Ваши бројни дневни активности и Вашиот динамичен живот!

 

Купете го и активирајте го Galaxy S10 или Note10 уредот и ќе добиете 4 месеци бесплатно уживање во YouTube Music Premium сервисот, кој овозможува слушање на музика во позадина, преземање и комплетно искуство без реклами!

 

Промоцијата трае од 20.02. 2019 дo 29.02.2020 

 

Постојат услови и ограничувања:

 

Оваа 4-месечна бесплатна промоција за YouTube Premium е отворена само за учесниците од Северна Македонија кои ќе купат и ќе активираат Samsung Galaxy S10/S10e/S10+, S10 5G, Galaxy Fold, Note10, Note10+, Note10 5G, Note10+ 5G, Tab 6 или Tab S5e помеѓу 20. февруари 2019. година и 29. февруари 2020. година. Понудата е достапна само за корисници кои не се тековни претплатници на YouTube Premium, YouTube Music Premium или Google Play Music, кои не биле претплатници на YouTube Premium, YouTube Music Premium, YouTube Red или Google Play Music и претходно не учествувале во пробен период на YouTube Premium, YouTube Music Premium, YouTube Red или Google Play Music. Понудата мора да се искористи до 31. март 2020. година. При регистрирањето потребен е важечки начин на плаќање, но нема да ви биде наплатено додека не истече пробниот период. На крајот на пробниот период автоматски ќе ви се наплати стандардната цена за претплатата, што во моментов изнесува 8,49 $ (со вклучен ДДВ) месечно. Пред да заврши, пробниот период може да го откажете бесплатно во секое време. За понудата е потребна сметка на Google.

Целосните услови може да ги најдете овде: https://www.youtube.com/t/premium_restrictions?gl=MK. Промотор: Samsung Electronics Co., Ltd., 129 Samsung-ro, Yeongtong-gu, Suwon-si, Gyeonggi-do, Korea.

Уживајте во 4 месеци без YouTube реклами!

Издвојте се!

Galaxy S10e, S10 и S10+

Новата генерација Galaxy S10 телефони овозможува перформанси од повисоко ниво за генерацијата која не може да чека. Телефонот е подготвен да биде во акција цел ден, со 24-часовната паметна батерија. Galaxy S10 уредите ги помнат и Вашите дневни навики и не ги вклучуваат апликациите кои не ги користите. Прецизниот ласерски пресек и Dynamic AMOLED пријатен за очи го прават Infinity-O екранот најиновативен Galaxy eкран до сега, кој сега се отклучува со едноставен допир на прстот.

Galaxy S10e, S10 и S10+

Ново ниво на сила!

Galaxy Note10 и Note10+

Во еден уред имате компјутер, играчка конзола, филмска камера и интелигентно пенкало. За прв пат можете да ја изберете големината која најмногу Ви одговара, затоа што Note10 доаѓа во две големини. Лесното куќиште со ергономски дизајн за удобно држење во рака поставува нов стандард во дизајнот на мобилни телефони. Ултразвучниот скенер за отпечаток на прст скриен во екранот, пулсира за да ги детектира 3D браздите и нерамнините на Вашиот отпечаток од прст за невидлива безбедност.

Galaxy Note10 и Note10+