Samsung: Иноватор кој ја предводи технолошката индустрија

Корисничка доверба како гаранција за квалитет

Samsung партнери

Довербата на корисниците е нешто што се гради со години, а во нашата индустрија не е доволно новите производи да овозможуваат само поголема брзина, подобар квалитет на фотографиите или да бидат поефикасни. Новите уреди мора да бидат во чекор со времето и да носат вистински иновации кои ги трансформираат начините на кои се користат. Постојаното поместување на границите, од година в година, спојувајќи ги најновите научни откритија со креативност и елегантен, практичен дизајн, резултира во уреди кои во секој поглед ги оставаат корисниците без здив.

 

 

Мисијата на нашата компанија отсекогаш била да ги задоволи нивните потреби и со своите производи и услуги да придонесе кон општиот цивилизациски напредок. Иновациите кои ги развивме во текот на нашето постоење претставуваат автентичен придонес во оваа мисија. Без разлика дали се работи за паметни телефони кои овозможуваат фотографирање на професионално ниво, рерни со можност за истовремена подготовка на две јадења или паметни рачни часовници кои ја следат здравствената состојба на корисникот, никогаш не сме прифатиле компромис кога станува збор за квалитетот и перформансите на производот.

 

 

Токму затоа, нашата компанија е долгогодишен глобален предводник на индустријата. Една од клучните карактеристики кои нѐ прават омилен бренд е посветеноста при овозможување беспрекорно корисничко искуство, кое прави употребата на нашите производи да биде вистинско уживање. Без верните корисници кои го потврдуваат квалитетот и сигурноста на уредите, Samsung не би бил број еден во светот, а за да остане и во иднина на тоа место, нашата компанија продолжува да работи на иновации кои го менуваат светот. 

 

 

Најдобар показател за нашиот квалитет се личните искуства на корисниците и нашите партнери со кои, на заедничко задоволство, соработуваме веќе долги години. Во продолжение можете да ги погледнете видео снимките, во кои тие, преку нивните сведоштва, ја прикажуваат целината наречена Samsung Electronics.

Погледни што велат нашите партнери

Никола Љушев, извршниот директор на Македонски Телеком
Никола Љушев, извршниот директор на Македонски Телеком ни откри како гледа на идната соработка со компанијата Samsung, која на македонските корисници ќе им обезбеди најдобра технологија.

Никола Љушев, извршниот директор на Македонски Телеком