Galaxy A30s

SM-A307FZGVSEE
Број на SIM картички Dual SIM
Боја ЗеленаЗелена
Уреди

The item is in the cart.

Гледај во живо на посветол, поширок екран

Infinity Display

Динамична шема и удобен дизајн

Удобен дизајн

Спремни за животот со тројната камера

Тројна камера

Твојот отпечаток на прст е клучот

Отпечаток на прст на екранот

ㅤㅤ

ㅤㅤ

Гледај во живо на посветол, поширок екран

Внеси се во големиот 6,4-инчен екран Infinity-V Display на Galaxy A30s. Широкиот формат на приказ го исполнува твојот екран со содржина од едниот до другиот раб на екранот. Гледај ги твоите омилени видеа, игри и преноси во живо на живописниот HD+ Super AMOLED.

Гледај во живо на посветол, поширок екран

*Сликите се симулирани за илустрација.**Екран Infinity Display: речиси без рамка, целиот преден дел од стакло, екран од раб до раб.***Мерено дијагонално, големината на екранот е 6,4" како цел правоаголник и 6,2" со заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и пресекот за камера.

Динамична шема и удобен дизајн

Galaxy A30s има привлечен призматичен изглед и елегантен дизајн. Удобен за држење и со елегантни облини, совршено се вклопува во твојата рака за лесна навигација на екранот. Холографската шема се истакнува со сјаен и динамичен променлив финиш достапен во Prism Crush црна, бела, виолетова или зелена боја.

Динамична шема и удобен дизајн

Спремни за животот со тројната камера

Подготви се за незаборавните моменти во животот со тројната камера на Galaxy A30s. Сними ги секојдневните детали со главната камера од 25MP или извонредна глетка со ултра широката камера од 8MP и видно поле од 123˚. Додај заматена позадина за да се фокусираш на она што ти е важно со камерата за длабочина од 5MP.

Спремни за животот со тројната камера

*Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Прошири ја рамката на една слика

Сними го светот околу тебе со поширокото видно поле на ултра широката камера. Главната камера од 25MP na Galaxy A30s ја осветлува и изострува твојата слика, и дење и ноќе.

ㅤㅤ

ㅤㅤ
*Сликите се симулирани за илустрација.

ㅤㅤ

ㅤㅤ
*Сликите се симулирани за илустрација.

Фокусирај се на она што ти е важно

Камерата за длабочина од 5 MP ти овозможува да ја контролираш позадината пред и по сликањето. Фокусирај се на работите што сакаш да ги истакнеш и замагли ги оние што не ти требаат за твоите фотографии да изгледаат попрофесионално.

ㅤㅤ

ㅤㅤ
*Сликите се симулирани за илустрација.

ㅤㅤ

ㅤㅤ
*Сликите се симулирани за илустрација.

Фантастично селфи со само еден обид

Сакаш твоето селфи да изгледа добро. За прекрасен дневен изглед, предната камера од 16MP на Galaxy A30s ти дава чисти фотографии со висока резолуција. А со фокусот за селфи со кој се прави благо заматување на позадината, твоето лице е во центарот на вниманието.

ㅤㅤ

ㅤㅤ
*Сликите се симулирани за илустрација.

ㅤㅤ

ㅤㅤ
*Сликите се симулирани за илустрација.

Брзо полнење за цел ден

Со батерија од 4,000mAh (типично)* што трае, можеш да го извлечеш максимумот од секој момент. И нема потреба да се грижиш за полнењето — Galaxy A30s има брзо полнење од 15W за да можеш да се вратиш на она што го работиш и да не пропуштиш ништо во животот.

Брзо полнење за цел ден

*Типична вредност тестирана под лабораториски услови на трети страни. Типичната вредност е проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 3,900mAh. Реалното време на траење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежното опкружување, начинот на употреба и други фактори.

Солидни перформанси, за да можеш да направиш повеќе

Galaxy A30s има брзо процесирање и голем простор за складирање за да можеш да се фокусираш на моментот. Напреден процесор со осум јадра и до 4GB RAM овозможуваат непречени и ефикасни перформанси. Преземај повеќе и бриши помалку со 128GB интерна меморија. И уште повеќе со microSD картичка од 512GB.

Солидни перформанси, за да можеш да направиш повеќе

* Капацитетот на RAM и интерната меморија може да се разликуваат во зависност од земјата.** Вистинскиот простор за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.*** MicroSD картичката се продава посебно.

Game Booster ти дава предност

Доведи ги перформансите на максимум со Game Booster. Исклучи ги работите што ти го одземаат вниманието и подобри ги игрите со наменет интерфејс и лесно достапно мени. Frame Booster обезбедува графиката да има непрекинато, вистинско движење. И играј најдобро што можеш затоа што Game Booster го учи твојот начин на употреба за оптимизација на батеријата, температурата и меморијата.

Game Booster ти дава предност

Врвна безбедност достапна за сите

Вграден во хардверот и софтверот на телефонот од самиот почеток, Samsung Knox го штити твојот телефон од моментот кога ќе се вклучи. За повеќеслојна безбедност, Knox ги штити твоите најчувствителни информации од злонамерни софтвери и закани.

Врвна безбедност достапна за сите

Твојот отпечаток на прст е клучот

Galaxy A30s доаѓа со високотехнолошка биометриска автентикација. Скенерот за отпечаток на прст на екранот го препознава твојот уникатен отпечаток, така што ти си единствениот што може да притисне и отклучи со еден лесен потег.

Твојот отпечаток на прст е клучот

*Ако користиш заштита на екранот, провери дали преку неа може да се користи сензорот за отпечаток на прст на екранот.

Направен за фокусирање

One UI ти помага да се фокусираш на она што ти е најважно. Хардверот и софтверот работат заедно, со лесно достапни содржина и карактеристики за да можеш да дојдеш до нив полесно. Користи го ноќниот режим за поудобно искуство во темница, а со јасниот и интуитивен екран користењето на твојот телефон ти станува навика.

Направен за фокусирање

*Достапноста на карактеристики, апликации и услуги на One UI може да се разликува во зависност од уредот, верзијата на оперативниот систем и земјата. **Сликите на уредот и екранот се симулирани за илустрација.

Со наша помош, одржувај го твојот уред во врвна состојба

Уживај во мирот кога ќе одлучиш да купиш Galaxy смартфон. Интерактивната дијагностика и оптимизацијата на апликацијата Samsung Members го олеснуваат прилагодувањето на перформансите на твојот уред, додека нашата корисничка поддршка ти овозможува да ги решиш проблемите кога ти е потребна дополнителна помош.

Со наша помош, одржувај го твојот уред во врвна состојба

*Достапните функции и карактеристики за апликацијата Samsung Members може да се разликуваат во зависност од земјата и уредот. **Уредот е симулиран за илустрација.

Погледни ја новата серија Galaxy A да го најдеш вистинскиот уред за тебе

Ти ја претставуваме новата серија на телефони што ѝ овозможуваат на денешната генерација да го прави она што другите не можат. Запознај го новиот Galaxy A. Направен за новата ера на пренос во живо.

Погледни ја новата серија Galaxy A да го најдеш вистинскиот уред за тебе

Надгради го твојот Galaxy Ј со нашиот нов

Ги земавме работите што ги сакаш кај Ј за да создадеме подобра понуда - новиот Galaxy A. Види како Ј е надграден за да се прилагоди на ерата на преносот во живо.

Надгради го твојот Galaxy Ј со нашиот нов
  • 1.8GHz, 1.6GHz CPU-брзина
  • 720 x 1560 (HD+) Резолуција (Главен дисплеј)
  • 169 Тежина (g)
  • До 77 Време на репродуцирање аудио (часови)

Како да користам мемориска картичка на мојот паметен телефон?

Како да користам мемориска картичка на мојот паметен телефон?погледни го одговорот

Како да управувате со апликации на вашиот паметен телефон Galaxy

Како да управувате со апликации на вашиот паметен телефон Galaxyпогледни го одговорот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање

Како се совпаѓа едно со друго

*Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.

*Времетраењето на батеријата е на основа на лабораториски мерења на компанијата и може да варира во зависност од прилагодувањето на уредот, начинот на користење и условите во кој уредот функционира.

*Екран Infinity Display: речиси без рамка, целиот преден дел од стакло, екран од раб до раб
*Мерено дијагонално, големината на екранот е 6,4" како цел правоаголник и 6,2" со заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и пресекот за камера.
*Типична вредност тестирана под лабораториски услови на трети страни. Типичната вредност е проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 3,900mAh. Реалното време на траење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежното опкружување, начинот на употреба и други фактори.
* Капацитетот на RAM и интерната меморија може да се разликуваат во зависност од земјата.
* Вистинскиот простор за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.
* Ако користиш заштита на екранот, провери дали преку неа може да се користи сензорот за отпечаток на прст на екранот.
*Достапноста на карактеристики, апликации и услуги на One UI може да се разликува во зависност од уредот, верзијата на оперативниот систем и земјата.
*Достапните функции и карактеристики за апликацијата Samsung Members може да се разликуваат во зависност од земјата и уредот.
* Корисничката меморија е помала од вкупната меморија на уредот заради оперативниот систем што се користи за работа и функционалност на уредот. Достапната меморија на корисниците ќе варира во зависност од вашиот оператор и надградбите на оперативниот систем