Galaxy A9 (Dual SIM)

SM-A920FZIDSEE
Боја Мастика розеваМастика розева
Меморија 128 GB
Уреди

The item is in the cart.

Прва четирикратна камера за мобилни телефони во светот

Прва четирикратна камера во светот

Стил што ќе го засакаш

Стил што ќе го засакаш

Enjoy an expansive, immersive view

Уживај во проширениот и опкружувачки приказ

2.2GHz, 1.8GHz

CPU-брзина

4 пати повеќе забава со првата четирикратна камера во светот

.

4 пати повеќе забава со првата четирикратна камера во светот

Создадена за да постигнеш повеќе

Искористи го хипермобилниот животен стил со живописниот модел Galaxy A9. Снимај преубави фотографии со првата четрикратна камера во светот. Нурни во 6,3-инчниот дисплеј Infinity и во опкружувачкиот звук што го создава Dolby Atmos. Со атрактивниот и ергономски дизајн пријатен е за држење во рака и секогаш останува поврзан.

Создадена за да постигнеш повеќе

Прва четирикратна камера за мобилни телефони во светот

Откриј четирипати повеќе начини за снимање извонредни фотографии. Galaxy A9 има четири задни камери со кои го снима речиси секој миг. Без мака подобри ги твоите фотографии со интелигентните функции, како што се Оптимизација на кадар и Откривање грешки.

Прва четирикратна камера за мобилни телефони во светот

Обезбедува поширок поглед на светот

Ултра широката камера од 8МР има агол на видливо поле од 120º и гледа речиси исто колку и твоите очи. Тоа што го гледаш е тоа што го снимаш. Кога ќе посакаш да снимиш уште поширок кадар, ултра широката камера ќе ти го олесни снимањето панорама.

.
.
  • *19 режими достапни со Оптимизацијата на кадар: Храна, Портрети, Цвеќиња, Ентериер, Животни, Пејзажи, Зеленило, Дрвја, Небо, Планини, Плажи, Изгрејсонце и зајдисонце, Водни површини, Улици, Ноќ, Водопади, Снег, Птици, Текст. **Точностa на функцијата Оптимизација на кадарот зависи од условите на опкружувањето и на објектот на снимањето.
  • *Точноста на Откривањето грешки зависи од условите во околината и од објектот што се снима.** Откривањето грешки открива трепкање, заматување на лица и заднинско осветлување. ***Детекцијата на трепкање и заматување најдобро функционира кога на сликата се наоѓаат до три лица, на оддалеченост до 1,5 метри од камерата. ****Детекцијата на грешки во заднинското осветлување праќа известувања секои 24 часа по откривањето на грешката, а работи кога е исклучен режимот HDR.

Подобрен за да ја унапреди вештината за селфи

Никогаш не знаеш кога ќе биде вистинскиот момент за снимање селфи. Снимај остри и јасни селфи фотографии дење и ноќе со предната камера од 24МР на моделот Galaxy A9, користејќи ја иновативната технологија за работење при слабо осветлување што го зголемува осветлувањето и го намалува шумот. Функцијата Fokus на селфито става акцент на тебе и ја заматува заднината.

Подобрен за да ја унапреди вештината за селфи

Внеси забава во твоите фотографии

Претвори се во емотикон. На твоето лице додади забавни шапки или животински носови. Засили ги боите со прекрасниот филтер. Имагинацијата ќе создаде сѐ со помош на функциите на камерата, како што се печатите, етикетите, па дури и AR-емотиконите што може да ги додадеш на сликите и да им дадеш личен печат.

Внеси забава во твоите фотографии

Стил што ќе го засакаш

Galaxy A9 се приспособува на твојот вкус, без оглед дали сакаш да има класичен стил со светкава кавијар црна боја или сакаш монохроматското прикажување да го дополниш со силни и единствени премини на лимонада сина или гума за џвакање – во розова боја. Изгледа толку добро како што изгледа со ергономскиот дизајн и удобно ти лежи во раката.

Стил што ќе го засакаш

Уживај во проширениот и опкружувачки приказ

Нурни во секој кадар и фотографија на впечатливиот 6,3-инчен дисплеј Infinity на моделот Galaxy A9. Протегајќи се од раб до раб, овој широк екран обезбедува импресивно визуелно искуство што ти овозможува да видиш и да направиш повеќе, како во мултитаскингот, така и при стримувањето видеа.

*Екран измерен по дијагонала како целосен правоаголник, не сметајќи ги заоблените агли.**Дисплеј Infinity: речиси без рамка, целосно предно стакло, екран од раб до раб.
Уживај во проширениот и опкружувачки приказ

Сите информации веќе на прв поглед

Дознај што се случува без отклучување на телефонот. Функцијата Always On Display работи во согласност со нејзиното име и секогаш е подготвена на екранот да прикаже известувања, време, датум, па дури и ниво на батеријата.

Сите информации веќе на прв поглед

Создаден за поголема ефикасност

Поедностави го извршувањето на повеќе задачи одеднаш. Функцијата Пар на апликации овозможува истовремено стартување на две апликации што често ги користиш заедно. Функцијата Закачи прозорец поставува важен прозорец на врв на екранот за да може да следиш пренос на видео или да разговараш додека работиш на други работи прикажани под тоа.

*Достапно само кај одредени апликации што имаат поддршка за можност за отворање повеќе прозорци.

Создаден за поголема ефикасност

*Достапно само кај одредени апликации што имаат поддршка за можност за отворање повеќе прозорци.

Може побрзо да завршиш повеќе

Брзо и беспрекорно поврзување со Galaxy A9. Неговиот осмојадрен процесор и 6 или 8GB RAM овозможуваат брзи перформанси за стриминг и за мултитаскинг.

Може побрзо да завршиш повеќе

*Моделот со 8GB RAM е достапен во одредени земји.

Зачувај повеќе спомени

Внатрешната меморија на моделот Galaxy A9 од 128GB има простор за чување на твоите снимки - како и за филмови, музика и други важни датотеки што сакаш да ги имаш при рака. Освен тоа, меморијата може да се прошири со помош на картичката microSD за уште 512GB.

Зачувај повеќе спомени

* Картичката MicroSD се продава посебно. Достапноста на картичката microSD од 512GB зависи од земјата.*Вистинската големина на внатрешната меморија зависи од однапред инсталираниот софтвер.

Енергија во текот на целиот ден

Galaxy A9 има батерија од 3.800 mAh (типична) што овозможува подолг стримиг, разговори и играње, па не мора секогаш да се грижиш каде се наоѓа кабелот за напојување. Кабелот од видот С го олеснува вклучувањето и полнењето, а можноста за брзо полнење значи дека полнењето ќе биде готово за час.

Енергија во текот на целиот ден

*3.800 mAh (типично) се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата што е тестирано во независна лабораторија. Оценетиот (минимален) капацитет е помал. За повеќе информации погледни www.samsung.com

Опкруженост со звук

Нурни се во звуците на кадарот користејќи Dolby Atmos. Создава звучно доживување под 360 степени што може да го држиш в раце, а кое те опкружува со видеослика и музика.

Опкруженост со звук

*Dolby Atmos поддржува само стереослушалки и звучници Bluetooth.** Dolby Atmos е достапен само ско режимот Dolby Atmos се активира во Нагодувањата.

Соодветни начини за отклучување

  • *Сликите се симулирани за потребите на илустрирање.
  • *Сликите се симулирани за потребите на илустрирање.

Заштита на твојата приватност

Функцијата Безбедна папка обезбедува приватен и целосно шифриран простор на телефонот во кој само ти може да пристапиш, со лесно издвојување на работите што сакаш да ги чуваш заклучени. Твоите важни датотеки и апликации добиваат дополнителен слој на заштита со тоа што ги штити Samsung Knox.

*Достапноста на оваа функција зависи од природата на содржината што се шифрира. **Функцијата Безбедна папка одвојува складиште на ниво на софтверот без заземање дополнителен простор.

Заштита на твојата приватност

*Достапноста на оваа функција зависи од природата на содржината што се шифрира. **Функцијата Безбедна папка одвојува складиште на ниво на софтверот без заземање дополнителен простор.

Две сметки за разговор во една апликација

Со моделот Galaxy A9 може да ги одвоиш бизнисот и приватните пораки. Dual Messenger овозможува две стартувања на иста апликација за размена на пораки и нивно поврзување со два различни сметки.

Две сметки за разговор во една апликација

*Поддржаните апликации зависат од земјата.**Можеби функцијата Dual Messenger нема да биде поддржана во апликациите што не овозможуваат користење повеќе кориснички имиња на една сметка.***Сите слики и функции се подложни на промени.

Направи повеќе со Bixby

Добиваш помош кога и каде и да ти треба благодарејќи на интелигентниот помошник Bixby. Ја учи твојата секојдневна рутина, ги разбира твоите потреби, те води низ денот. За негов старт притисни на копчето Bixby или речи „Hi Bixby”.

Направи повеќе со Bixby

*Bixby препознава само неколку акценти и дијалекти на англиски (американски), корејски и кинески (мандарински) јазик. Другите јазици ќе бидат поддржани дополнително.**Употребата на Bixby може да биде ограничена во одредени ситуации, на пример, за време на снимање медиуми (видео/игра/говор), за време на повици (вклучително и појдовни), режим за максимална заштеда на енергија, режим за случај на потреба, режим на работа за деца и MirrorLink™.***Достапноста на услугата зависи од земјата.****Bixby контролира одредени апликации, а другите апликации ќе бидат поддржани дополнително.*****Потребно е пријавување на налог Samsung и мрежна врска за пренос на податоци (Wi-Fi или мрежа за пренос на податоци).

  • 2.2GHz, 1.8GHz CPU-брзина
  • 2220 x 1080 (FHD+) Резолуција (Главен дисплеј)
  • 183 Тежина (g)
  • До 59 Време на репродуцирање аудио (часови)

Како да користам мемориска картичка на мојот паметен телефон?

Како да користам мемориска картичка на мојот паметен телефон?погледни го одговорот

Како да управувате со апликации на вашиот паметен телефон Galaxy

Како да управувате со апликации на вашиот паметен телефон Galaxyпогледни го одговорот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање

Како се совпаѓа едно со друго

*Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.

*Времетраењето на батеријата е на основа на лабораториски мерења на компанијата и може да варира во зависност од прилагодувањето на уредот, начинот на користење и условите во кој уредот функционира.

*Мрежите што го поддржуваат уредот може да се разликуваат во зависност од регионот и од операторот.

*Поврзувањето со Wi-Fi (мод) и брзината може да се разликуваат во зависност од условите за користење

*Корисничката меморија е помала од вкупната корисничка меморија на уредот поради просторот окупиран од оперативниот систем и програмите потребни за нормално функционирање на уредот. Количината на меморија достапна за корисникот може да варира во зависност од мобилниот оператор и може да се промени по ажурирањата на софтверот

*Типичната вредност се тестира во лабораториски услови на трето лице. Типична вредност е проценетата просечна вредност земајќи го во предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата помеѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Проценетиот (минимален) капацитет е 3.720 mAh. Вистинската издржливост на батеријата може да варира во зависност од мрежната околина, навиките за употреба и други фактори

*Сите наведени спецификации и описи можат да се разликуваат од вистинските спецификации и опис на производите. Samsung го задржува правото да го модифицира овој документ и опишаните производите во секое време без обврска да извести за таквите промени. Содржините на екранот и сликата се симулирани за илустрација. Сите функционалности, карактеристики, спецификации, елементи на екранот и други информации во овој документ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и функциите на производот, може да се променат без известување или друга обврска.

*Измерено дијагонално, големината на екранот изнесува 6,3 инчи кога се мери како целосен правоаголник и 6,2 инчи кога се земаат во обзир заоблените агли.