Играње игри

Секој дел на Note10 е инспириран од гејмери. Од напредни процесори и систем за ладење на база на парна комора, до динамичен AMOLED дисплеј, Note10 ја носи твојата страст на следно ниво.
Note10 создава ексклузивни партнерства со врвни креатори на игри, за да можеш да имаш огромни предности. На тој начин, сите добиваат.
Активирај Friends Saga за да добиеш Sweet Surprise Boxes, Hungry Yeti Quest AR режим и дополнителни награди. Плус, може да го користиш пенкалото S Pen и да направиш Yeti да ги тресе неговите тропалки и да танцува. Слатко!
За да му помогнеш на Yeti да се перчи, добиваш нов костум кога ја преземаш и активираш Candy Crush Friends Saga од Galaxy Store.
*Играј каде било со опцијата Exclusive AR Yeti Maracas.
Пенкалото Gyro Sensor S Pen е совршеното магично стапче за фрлање магии. Така, со еден замав или клик, можеш да контролираш и играш магични игри како вистински волшебник. Accio, S Pen!
Note10 го зголемува времето за играње видеоигри со огромна батерија и управување на енергијата преку вештачка интелигенција. И ако ти се намали батеријата, може да употребиш супер-брзо полнење за целосно да се наполни за 30 минути.
Играј без проблеми со графички процесор од следната генерација и 12GB РАМ меморија, одлична графика или 3D битки. И со ултра брз 5G* интернет и огромна меморија за игри, ти си опремен да се справиш со сите предизвици.
*модел Note10+5G
Infinity-O дисплејот со ултра-висока-резолуција овозможува изненадувачки реална слика за неверојатна акција.
Со своите HDR+10 AMOLED дисплеј и Dolby* звучници за surround звук, можеш целосно да се изгубиш и станеш дел од играта.
*CR Dolby лаборатории
Нашето ексклузивно партнерство со Call of Duty ти овозможува да играш на 60FPS за попрецизно лоцирање на целта. Исто така може да го посетиш квартермастерот за ексклузивни оружја и надградување на карактерот и да користиш одлични попусти* во играта кои ќе ја однесат играта на следно ниво.
*Земји учеснички
Game Launcher е совршен центар за контрола за врвно искуство во играњето.
Game Launcher ги спојува сите твои игри на едно место, а новите преземања автоматски се додаваат во твојата библиотека.
Сега може да ги приспособиш параметрите на играта, да го оптимизираш траењето на батеријата, да ја пренесуваш играта во живо и дури и да ги блокираш непотребните прекинувања. Резултат!
Заживеј ги преносите во живо со тоа што ќе пренесуваш акција преку екранот, додади реакции слика-во-слика, аудио коментари, или пак бележи сцени со пенкалото S Pen.
Со Galaxy PlayLink, можеш да пренесеш активна игра од Windows лаптоп или персонален компјутер на твојот Note10 (или обратно). Благодарение на стримингот во живо со ниско ниво на задоцнување можеш да продолжиш онаму каде што си застанал - без проблем. Стриминг како создаден за гејмери.