Welcome to the
!
Please enjoy our special offers for you

ДОДАТОЦИ

Слика со Galaxy Buds Live во мистично бронзена боја, Galaxy Watch3 во мистично бронзена боја, LED View футрола во црна боја, Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја гледан од задната страна со S Pen пенкало до него и Game Controller.

ЕКОСИСТЕМ

Поврзи се за да си го подобриш животот

*Додатоците се продаваат одделно. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Galaxy Buds Live во мистично бронзена боја наместени во нивниот држач и Galaxy Watch3 во мистично бронзена боја гледан од предната страна.

Galaxy Watch3

Земи го здравјето во свои раце со помош на најнапредното следење на здравствени параметри овозможено на модерен паметен часовник. Лесно води евиденција на твоите витални параметри за полесно да ги исполниш зацртаните цели.

Оди во Galaxy Watch3

Galaxy Buds Live

Овие елегантни слушалки, кои се дизајнирани да одговараат или да ги надополнат Galaxy Note20 и Note20 Ultra, лесно се синхронизираат со твоите уреди. Даваат чист и богат звук и ти овозможуваат да се препуштиш на стримањето и играњето, а се доволно удобни да можеш да ги носиш со часови.

Оди во Galaxy Buds Live

ЖИВОТЕН СТИЛ

Целосно нов начин на игра

*Додатоците се продаваат одделно. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Два MOGA XP5-X Plus Bluetooth Controllers, едниот се гледа од предната, другиот од задната страна, и двата под агол.

MOGA XP5-X+ Controller

Вклучи го или синхронизирај го овој џојстик со Galaxy Note20 и Note20 Ultra за да ја покажеш својата моќ во играњето како никогаш досега. Лесно го држи вашиот телефон исправен со приложената стега и се испорачува со батерија од 3000 mAh (номинално) за часови играње — или за да го дополни телефонот кога е потребно.

МОЌ

Моќ на Galaxy Note20 и Note20 Ultra на ново, повисоко ниво

*Додатоците се продаваат одделно. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Два Безжични конвертибилни полначи, едниот се гледа од предната, другиот од задната страна, и двата под агол.

Безжичен конвертибилен полнач

Избери како ќе го поставиш полначот: легнат или исправен. Во исправена положба, две спирали ти овозможуваат да го полниш во режим на пејзаж или портрет за да ти биде удобно додека разговараш или стримаш. Овозможено од Fast Wireless Charging 2.0 и Qi compatibility.1

МАСКИ

Врската помеѓу заштитата и стилот

*Додатоците се продаваат одделно. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Слика од две Smart LED View футроли во сребрена и две Smart Clear View футроли во црна боја, едната покажана од предната страна, другата од задната.

Smart LED View футрола

Поголем LED дисплеј ја зголемува видливоста на времето и иконите, а интеракцијата преку допир ти овозможува да ги прегледаш известувањата без да ја отвориш футролата. Го штити твојот телефон и напред и назад, додека антимикробната технологија те штити тебе, а тука е и внатрешниот џеб во кој може да чуваш картички.2, 3

Smart Clear View футрола

Оваа маска е со елегантен дизајн кој штити и напред и назад, а има и прозорче и наменет UX со кој имаш контрола врз телефонот без да го допираш екранот. А тебе те штити антимикробната технологија.2, 3

Kvadrat футрола

Kvadrat, познати по нивните висококвалитетни текстилни материјали, ги украси овие футроли со иновативен, еколошки материјал со едноставни бои кои одлично им прилегаат на Galaxy Note20 и Note20 Ultra.2

Кожна футрола

Додај нишка на луксуз кон твојот нов телефон со мазна, висококвалитетна кожа и копчиња од четкан алуминиум. Има тенок дизајн што ја прави удобна за држење, а микрофиберната постава го штити телефонот.2

Проѕирна заштитна футрола

Заштити го телефонот, а во исто време пофали се со мистичната нијанса што ќе ја избереш. Оваа проѕирна футрола има шаблон на страните кој штити од лизгање додека го држиш — но ако падне, не грижи се, затоа што е тестирана за паѓање и го штити телефонот од оштетување.2

Заштитна стоечка футрола

Два вградени потпирачи го држат телефонот под агол од 45 или 60 степени за удобно гледање без да ги користиш рацете.2

Силиконска футрола

Мазна како свила и нежна на допир, ги покрива задниот дел и страните на телефонот и има модерен мат-финиш во бои направени специјално за Galaxy Note20 и Note20 Ultra. Тенка е само 1,6 mm, удобна за држење, а сепак нуди заштита за телефонот.2

Проѕирна стоечка футрола

Постави ја омилената боја на дисплејот додека го местиш телефонот за удобно гледање. Потпирач кој може да се вади го држи телефонот, додека проѕирниот цврст материјал го одржува заштитен.2