Welcome to the
!
Please enjoy our special offers for you

S PEN ПЕНКАЛО

*Сликата е симулирана за илустрација.

Крупен кадар од бронзено S Pen пенкало како поминува преку екранот на Galaxy Note20 Ultra, оставајќи бронзена трага од врвот. Дисплејот и пенкалото се вртат додека телефонот не се види во целост, со повеќе S Pen пенкала кои се движат околу него.

Ова е најмоќното S Pen пенкало во светот

S Pen пенкало

Функционира како вистинско пенкало. Но е многу повеќе од тоа.

Infinity-O Display од 120 Hz е брз, што ги прави допирањата со S Pen пенкалото уште попрецизни, за да може да пишуваш најнормално.1 И не само тоа, S Pen пенкалото има опција за Bluetooth која го претвора во корисен безжичен управувач за твојот телефон.2

Крупен кадар од копчето на бронзеното S Pen пенкало. S Pen пенкалото се свртува за да го покаже својот врв и се наведнува настрана додека пишува. Се појавува рендгенска снимка од внатрешноста на S Pen пенкалото за да го покаже неговиот хардвер, а по врвот следува бронзена трага.
  • Screen off memo

    само извади го S Pen пенкалото

    Дополни ја листата на обврски или запиши ги твоите соништа без да го отклучуваш телефонот, потоа прикачи го на екранот или најди го во Samsung Notes.

  • Пишување по екранот

    екрански снимки со обележување

    Брзо додај белешка на написот што го читаш или украси ја фотографијата што ја најде.

Попаметен од просечен нотес

Пишување Samsung Notes

Запис кој гласи „Најди локален добавувач на палисандрово дрво“ е запишан во аголот. Бронзеното S Pen пенкало го допира и го порамнува со Auto straighten. Потоа го трансформира записот во текст со помош на функцијата handwriting-to-text (од ракопис во текст). Се појавува Galaxy Note20 Ultra, а белешката со порамнет текст се гледа на екранот покрај сликите од мебел за инспирација.
Од краснопис до текст со само еден допир

Со допир со S Pen пенкалото, твоите обележувања и белешки можат самите да се претворат во текст кој можеш да го копираш и залепиш. А ако пишуваш под агол или излегуваш од линијата, Auto straighten го порамнува пишувањето за белешките да ти бидат уредни и организирани.

  • Audio Bookmark

    белешки со регистрирано време

    Додека снимаш аудиозапис и фаќаш белешки, Audio Bookmark ги синхронизира за полесно да се снаоѓаш при повторно пуштање.

Синхронизација на Samsung Notes

Телефонот, таблетот и лаптопот нека ти бидат усогласени

Започни да фаќаш белешки на телефонот и тие автоматски ќе се зачуваат — потоа лесно може да ги синхронизираш и да ги отвориш на другите уреди.3 Samsung Notes ја има истата функционалност и на PC, со оптимизиран кориснички интерфејс.4

Galaxy Note20 Ultra со апликацијата Samsung Notes на екранот и скица на стол.
Започни тука...
Таблет со апликацијата Samsung Notes на екранот и истата скица на стол кој се гледа и на Galaxy Note20 Ultra и иста масата која сега е видлива од страната.
Tweak it here...
Лаптоп со апликацијата Samsung Notes на екранот и истата скица на стол кој се гледа и на Galaxy Note20 Ultra и иста масата која сега е видлива од страната.
Finish it here.

Твојот телефон и PC работат заедно како никогаш досега

Синхронизација со Microsoft OneNote

Сега твоите Samsung Notes може да се синхронизираат со OneNote на твојот PC и со Outlook

Ова паметно искуство ти овозможува да правиш многу повеќе работи. Тоа што го запишувате во Samsung Notes автоматски се појавува во OneNote на вашиот компјутер.

*Услугата ќе биде достапна започнувајќи од ноември 2020 година во OneNote, OneNote на интернет и OneNote за Windows 10.

*Услугата ќе биде достапна започнувајќи од ноември 2020 година во Outlook на интернет.

Лого на Microsoft
Galaxy Note20 Ultra гледан од предната страна со апликацијата Samsung Notes на екранот. Има четири белешки: едната гласи „Концепт за стол“. Клиентот сака удобно и модерно. Следната гласи „Синхронизација со MS Video за барање локации: плажа, тркачка патека, паркинг, рурални патишта?? Предалеку?“ Следната гласи „Референци за бои, златен час, нијанси на зајдисонце.“ Последната гласи „Листа за земање BT изнајмување микрофон.“
Лаптоп гледан од предната страна, отворен, со Microsoft OneNote на екранот. Ги покажува истите белешки кои се гледаат и на Galaxy Note20 Ultra за да ги покаже способностите за синхронизација помеѓу апликацијата Samsung Notes и Outlook.  Три мобилни апликации — Music, Gallery и Messages — се појавуваат за да ја покажат опцијата за користење на мобилните апликации на PC преку Link to Windows.

Link to Windows

Link to Windows - Апликации на твојот телефон

Пушти ги мобилните апликации на твојот PC

Поседувајте го секој екран. Отворајте повеќе апликации директно на вашиот компјутер преку менито Старт или лентата со задачи. Уживај во најдоброто од друштвените мрежи, поврзи се со пријателите, па дури нарачај и вечера – лесно е како песна кога ги имаш апликациите.

*Корисниците мора да ги поврзат своите Galaxy уреди со нивните Windows PC преку Link to Windows на телефоните и апликацијата Your Phone на нивните PC, да ги следат упатствата за поставување, како и да бидат најавени на истата Microsoft корисничка сметка. Link to Windows е претходно вчитана на избрани Galaxy уреди. За телефонот е потребно последниот Windows 10 Update на PC. Galaxy уредот мора да биде вклучен и поврзан на истата Wi-Fi мрежа како PC.

*Некои мобилни апликации може да го ограничат споделувањето на содржината на други екрани или може да има потреба од екран на допир за да може да има интеракција помеѓу нив.

*Можноста за користење повеќе апликации истовремено ќе биде достапна подоцна годинава.

PENUP

Сподели ја твојата уметност со Samsung заедницата

PENUP е платформа на која можеш да ги споделуваш твоите уметнички дела. Прикачи ги твоите ремек-дела и инспирирај се од другите автори.

лого на penup
Цртеж од маж кој седи на истиот стол од скицата на апликацијата Samsung Notes.