Kamepa

Револуционерна интелигентна камера.

Многу крупен кадар на објективот на камерата

Двојна бленда

Камера што прави преубави фотографии во различно осветлување

Нашиот објектив со двојна бленда, кој претставува класа сам по себе, интелигентно се приспособува на светлината како човечкото око - избирајќи еден од двата режима. Кога е мрак, леќата се отвора до F1.5 за да пушти светлина за посветла и појасна фотографија. На дневна светлина, леќата се префрлува во режимот F2.4 за да помогне фотографијата да изгледа поостро.

HDR при слабо осветлување

Фати ги боите дури и во мрак

Снимај остри и живописни фотографии со камера што не се плаши од мрак. Таа придонесува за зачувување на деталите кај фотографиите снимени не само дење и на добро осветлување, туку и ноќе, а можностите HDR на Galaxy Note9 го намалуваат шумот заради зачувување на деталите и живите бои без отстранување на изворот на светлина.

Камера со два објектива

Два објектива, бесконечни можности

Подобри го квалитетот на твоите фотографии со Galaxy Note9 двојната камера од 12 МР со двоен оптички зум. Телефото објективот и широкоаголниот објектив снимаат цел кадар дури и кога зумираш или правиш портрети со Live focus. Со двојната оптичка стабилизација на сликата, фотографиите се остри дури и кога камерата е нестабилна. Затоа можеш да го снимиш и она што другите не можат.

Крупен кадар на апаратот Galaxy Note9, каде се гледа задната камера со два објектива

Live focus при слабо осветлување

Портрети кои сјаат цела ноќ

Направи атрактивни портрети дури и во мрак со Live focus на задната камера. Ти овозможува семејството и пријателите да ги ставиш во преден план со заматување на заднината. Камерата Galaxy Note9 открива слабо осветлување, прави неколку снимки и ги спојува заради добивање исклучително остри фотографии. Потоа тие заднински светла може да ги претвориш во уметнички облици и да ја интензивираш живописноста на кадарот.

Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, со слабо осветлена слика Live focus на екранот
Заматување на заднината

Оптимизација на кадар

Твојата тајна за преубави снимки без мака

Направи ја посакуваната фотографија веќе со првата снимка. Оптимизацијата на кадарот на задната камера интелигентно го открива субјектот во рамката. Потоа избира еден од дваесеттина различни режими, како што се цвеќиња, храна и др. и ја подобрува фотографијата во согласност со субјектот на снимање.1

  • Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, прикажува на екранот како Оптимизацијата на кадар ја оптимизира фотографијата со храна
  • Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, прикажува на екранот како Оптимизацијата на кадар ја оптимизира фотографијата со цвеќиња
  • Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, прикажува на екранот како Оптимизацијата на кадар ја оптимизира фотографијата со зеленило
  • Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, прикажува на екранот како Оптимизацијата на кадар ја оптимизира фотографијата со дрва
  • Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, прикажува на екранот како Оптимизацијата на кадар ја оптимизира фотографијата со небо
  • Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, прикажува на екранот како Оптимизацијата на кадар ја оптимизира фотографијата со планини
  • Galaxy Note9 гледан под благ агол во хоризонтална положба, прикажува на екранот како Оптимизацијата на кадар ја оптимизира фотографијата со зајдисонце

    *Достапни се 20 режими: Храна, Портрети, Цвеќиња, Ентериер, Животни, Пејзажи, Зеленило, Дрвја, Небо, Планини, Плажи, Изгрејсонца и зајдисонца, Водени површини, Улици, Водопади, Снег, Птици, Заднинско осветлување, Текст.

    Откривање грешки

    Кажи им збогум на лошите фотографии

    Со функцијата Откривање грешки на телефонот Galaxy Note9, повеќе нема затворени очи и матни фотографии. Интелигентно открива трепкање, заматување, замаглени објективи и заднинско осветлување и те известува дека е потребна измена како и да сликаш повторно.2, 3, 4 Како да имаш интелигентен советник во џебот.

    Предна камера

    Прави селфи како никогаш досега

    Размисли како снимаш селфи со иновативниот S pen преку Bluetooth. Сѐ што е потребно е да притиснеш копче - дури и ако си оддалечен речиси 10 метри.5 Затоа што предната камера на телефонот Galaxy Note9 од 8 МР интелигентно детектира лица и настојува да ги фокусира, снимањето одлични фотографии е многу едноставно.

    Слика на луѓе што снимаат селфи со помош на телефонот Galaxy Note9 и S Pen

    Супер забавена снимка

    Нека секој момент биде епски

    Покажи ги твоите режисерски вештини со супер забавената снимка. Супер брзата камера на телефонот Galaxy Note9 снима видеоснимки што се репродуцираат за да го покажат секој неверојатен детаљ, а снимањето се одвива при неверојатна брзина: до 960 кадри во една секунда.6

    Galaxy Note9 во хоризонтална положба со супер забавена снимка на екранот

    Емотикони AR

    Покажи ја твојата анимирана страна

    Изрази се на сосема нов начин користејќи емотикони AR. Направи свој личен аватар користејќи опции за персонализација, како што се облека и дополнителна опрема. Потоа сними селфи или видео како нова личност - твоите емотикони внимателно го следат твојот израз на лицето и движењата.7 Како дополнителен вид забава, додади заднина или избери некоја од многуте анимирани етикети што може да им ги пратиш на пријателите.8

    Креирањето емотикони е во тек...Кога ќе се заврши тоа, можеш да ги приспособиш фризурата, облеката и дополнителната опрема.

    Видеоснимка на личност што прави емотикон AR со селфи, а потоа избира боја на кожата, фризура, дополнителна опрема, облека и чевли и заднина за да ја персонализира.
    Како да персонализираш емотикон AR.

    Дизни емотикони AR

    Зборувај како твоите омилени Дизни ликови

    Додади малку магија во селфито и во видеоснимките: влези во кожата на твојот омилен лик! Оживеј ги пораките со пријателите од филмовите Frozen, Zootopia и сѐ поголемиот број Дизни ликови со нивните единствени изрази на лицата.9

    *Постави го курсерот преку за да видиш како функционира.

    • ©Disney Елза
    • ©Disney Олаф
    • ©Disney Џуди

    Фотографии од телефонот Galaxy Note9

    Погледај во галеријата уште повеќе моменти снимени со телефонот Galaxy Note9.

    Фотографии од телефонот Galaxy Note9