Истражи

Fotografija snimljena uređajem Galaxy Note9 – dvoje ljudi stoji u polju držeći ćebe na koje padaju njihove senke jer ih obasjava sunce iza njih

Фотографски совети

Погледни ја галеријата со инспиративни фотографии и видеоснимки, па кликни за да ги погледнеш изненадувачки едноставните чекори со кои може да креираш сопствени фотографии.

  • Дознај како да снимиш импресивни сенки користејќи декорирана чаша и
                                  функција за двоен отвор на блендата

    Пијалак со зајдисонце

    Двоен отвор на блендата: Јака светлина

  • Дознај како да постигнеш ефект на прекршување на светлината со помош на чаша во
                                  боја и функцијата за двоен отвор на блендата

    Сончев час

    Двоен отвор на блендата: Јака светлина

  • Дознај како да направиш динамична снимка на мртва природа користејќи го
                                  омилениот пијалак и функцијата за двоен отвор на блендата

    Освежителен пијалак

    Двоен отвор на блендата: Јака светлина

  • Дознај како да направиш снимка како да си на карпа, користејќи го режимот
                                  Зајдисонце во Оптимизација на кадар

    Крај на светот

    Оптимизација на кадар: Зајдисонце

  • Дознај како да снимиш селфи што не изгледа како она што го правиш
                                  со помош на функцијата Bluetooth на S Pen

    Силуета на лице осветлено од сонце

    S Pen: Активација на Bluetooth

  • Дознај како да снимиш ефект во магичен час користејќи статив и автоматски режим Рамноденица

    Ravnodnevica

    Автоматски режим

  • Дознај како да ја насочиш камерата кон небото и да ја пронајдеш убавината меѓу зградите, користејќи автоматски режим

    Метропола

    Автоматски режим: Фокус

  • Дознај како да направиш снимка во која градот изгледа сосема поинаку, користејќи автоматски режим

    Поглед оддолу

    Автоматско заклучување на експозицијата

  • Дознај како да снимиш од нов агол користејќи автоматски режим

    Снимање нагоре

    Автоматски режим: Фокус

  • Дознај како да снимиш импресивно селфи во рамка користејќи го Bluetooth активаторот на S Pen

    Почеток

    S Pen: Активација на Bluetooth

  • Дознај како на нов начин да ги ставиш во рамка пријателите, користејќи автоматски режим

    Тунелски вид

    Автоматско заклучување на експозицијата

  • Дознај како да претвориш интересна конструкција во преубава рамка користејќи автоматски режим

    Градба

    Автоматско заклучување на експозицијата

  • Дознај како да направиш импресивни фотографии, дури и додека седиш, користејќи го Bluetooth активаторот на S Pen

    Вртоглавица

    S Pen: Активација на Bluetooth

  • Дознај како да направиш нов вид селфи во огледало, користејќи го Bluetooth активаторот на S Pen

    Магичен портал

    S Pen: Активација на Bluetooth

  • Дознај како да направиш снимка што се спротивставува на гравитацијата користејќи рафално снимање

    Лебдење

    Автоматски режим: Рафално снимање

  • Дознај како да снимиш фотографија што ја истакнува убавината на дрвјата користејќи го режимот Дрвја во Оптимизација на кадар

    IИдила

    Оптимизација на кадар: Дрво

  • Дознај како да снимиш фотографија на храна од која ти течат лиги, користејќи го режимот Храна во Оптимизација на кадар

    Гозба

    Оптимизација на кадар: Храна

  • Дознај како да постигнеш ливчињата да излегуваат од фотографијата со цвеќиња, користејќи го режимот Цвеќе во Оптимизација на кадар

    Букет

    Оптимизација на кадар: Цвет

  • Дознај како твоето тело да го претвориш во платно за сенки, користејќи автоматски режим

    Линии на сенки

    Двоен отвор на блендата: Слаба светлина

  • Дознај како твојата сенка да стане објект на селфи, користејќи го Bluetooth активаторот на S Pen

    Хармоника

    S Pen: Активација на Bluetooth

  • Дознај како да претвориш интересна конструкција во преубава рамка користејќи автоматски режим

    Светкава тетоважа

    Автоматско заклучување на експозицијата

Избери своја боја #GalaxyNote9

Обој ги цртежите на Mr. Doodle, кои се достапни само во апликацијата PENUP, и сподели ги со другите. Креирај оригинални уметнички дела. Дај им сопствен уметнички печат.

  • Црно-бела илустрација на Mr. Doodle во облик на лице

    Mr.Doodle's design

  • Обоената верзија на цртежот на лице на Mr. Doodle ја изработи корисникот
                                  @SheenaNoelle

    @SheenaNoelle

  • Обоената верзија на цртежот на лице на Mr. Doodle на сина подлога ја
                                  изработи корисникот @jamkkanman100

    @jamkkanman100

  • Црно-бела илустрација на Mr. Doodle во облик на зајак

    Mr.Doodle's design

  • Обоената верзија на цртежот на зајак на Mr. Doodle на сина подлога ја
                                  изработи корисникот @Alan

    @Alan

  • Обоената верзија на цртежот на зајак на Mr. Doodle ја изработи корисникот
                                  @AleeArtist

    @AleeArtist

  • Црно-бела илустрација на Mr. Doodle во облик на вселенски брод од
                                  чие дно паѓаат работи

    Mr.Doodle's design

  • Обоената верзија на цртежот на вселенски брод на Mr. Doodle на црна подлога ја изработи корисникот @MarcoRocha

    @MarcoRocha

  • Обоената верзија на цртежот на вселенски брод на Mr. Doodle на црвена
                                  подлога ја изработи корисникот @Tommy420247

    @Tommy420247

  • Црно-бела илустрација на Mr. Doodle во облик на човече со рака

    Mr.Doodle's design

  • Обоената верзија на цртежот на човече на Mr. Doodle ја изработи корисникот                           @Eric

    @Eric

  • Обоената верзија на цртежот на лице на Mr. Doodle на црна подлога ја изработи корисникот @trigger01

    @trigger01

  • Црно-бела илустрација на Mr. Doodle во облик на заблеста свиња

    Mr.Doodle's design

  • Обоената верзија на цртежот на свиња на Mr. Doodle ја изработи корисникот @BlackUnicorn

    @BlackUnicorn

  • Обоената верзија на цртежот на свиња на Mr. Doodle ја изработи корисникот @justcallhoward

    @justcallhoward

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - кристалната чаша со розова течност и испружената рака што ја фаќа чашата прават сенка на белата површина

    Пијалак со зајдисонце

    Сипи омилен пијалак и стави го на некое сончево место. Колку што чашата е подекоративна, толку подобро. Наведни ја чашата за да направиш интересна сенка.

    Нагоди ја камерата на pro режим, допри ја иконата за режим на блендата и намести на F2,4. Потоа повлечи ја брзината на блендата лево или десно, допри го екранот за да биде фокусот на чашата и фотографирај.

  • Фотографијата што ја снимил Galaxy Note9 - сини чаши опкружени со лимони, прават сенки на масата

    Сончев час

    Сипи пијалак во шарена чаша и изнеси ја надвор кога е сончев ден. Намести ја чашата на сонце за да направи атрактивна сенка.

    Нагоди ја камерата на pro режим, допри ја иконата за режим на блендата и намести на F2,4. Потоа повлечи ја брзината на блендата лев десно, допри го екранот за да биде фокусот на чашата и фотографирај.

  • Фотографијата што ја снимил Galaxy Note9 - сини чаши опкружени со лимони, прават сенки на масата

    Освежителен пијалак

    Сипи пијалак по свој избор и стави го на некое сончево место. Намести ја чашата за да прави специфична сенка. Префрли ја камерата на pro режим, допри ја иконата за режим на блендата и намести на F2,4. Потоа повлечи ја брзината на блендата лево или десно и фотографирај.

    Менувај ја композицијата на слики со додавање на повеќе чаши и други објекти.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - два пара стапала што се наѕираат под ќебето при зајдисонце изгледаат како да висат на карпа

    Крај на светот

    Пронајди убав пејзаж, седни на земја и истегни ги нозете. Држи го Galaxy Note9 ниско (таканаречена „жаба” перспектива), избери автоматски режим и спој ги стапалата. Почекај да се појави иконата за зајдисонце и потоа фотографирај.

    За да бидат фотографиите уште поинтересни, во преден план додај реквизити, како што се ќебе или книга.

  • Фотографија снимена со апаратот Galaxy Note9 - две лица стојат во поле држејќи ќебе на кое паѓаат нивните сенки затоа што ги осветлува сонцето зад нив

    Силуета на лице осветлено од сонце

    Твојот партнер нека застане пред зајдисонцето држејќи пред себе раширено ќебе. Стави го Galaxy Note9 на статив или на некоја друга стабилна површина и сврти го кон себе, избери pro режим и нагоди го отворот на блендата на F2,4. Потоа придружи му се на партнерот, наместете се за сликање и со клик активирај Bluetooth на S Pen за да направиш селфи од далечина.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - дрвја над водена површина и сонце што се пробива за време на зајдисонцето

    Рамноденица

    Оди на омиленото место за време на магичниот час - во зората или на крајот на денот - кога сонцето е најцрвено. Стави го апаратот на држач или на некоја друга стабилна површина, нагоди ја камерата на автоматски режим и чукни на сонцето кога ќе ги допре дрвјата. Потоа фотографирај.

    Слободно експериментирај со движење на кадарот за да се види повеќе земјата или небото.

  • Fotografija koju je snimio Galaxy Note9 – pogled ka nebu između dve staklene zgrade, gledano pod velikim uglom, sa pticom koja proleće između njih

    Метропола

    Застани меѓу две згради и насочи ја камерата нагоре. Нагоди ја снимката со допирање на иконата на запченик во горниот десен агол и избери Grid lines > 3x3.

    Потоа стави го прстот на ниво на приземјето на една зграда за да се заклучи вредноста на експозицијата и потоа фотографирај.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - градски згради со темна долна страна на мостот што поминува низ средината на фотографијата

    Поглед оддолу

    Прошетај пред долгиот мост и застани така што ќе гледаш кон спротивната страна. Сврти ја камерата нагоре за да изгледа како мостот да е споен со врвот на кадарот.

    Префрли ја камерата во автоматски режим, чукни на долната страна на мостот за да се видат деталите и потоа фотографирај.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - поглед нагоре кон разнобојно големо тркало и сино небо без облаци

    Снимање нагоре

    Застани под некоја конструкција и пронајди поинаква перспектива.На пример, под големо тркало во забавен парк. Префрли го телефонот во автоматски режим, урами го кадарот со помош на небото, фокусирај се и потоа фотографирај.

  • Fotografija koju je snimio Galaxy Note9 – žena u beloj haljini stoji na balkonu, uokvirena belim vratima

    Почеток

    Стави го Galaxy Note9 на статив или на некоја друга стабилна површина и насочи го кон прозорецот низ кој има преубав поглед. Нагоди го осветлувањето повлекувајќи ја вредноста на блендата лево или десно. Потоа заклучи го фокусот на оградата, влези во кадарот и со клик активирај Bluetooth на S Pen за да фотографираш.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 – маж што носи очила за сонце се гледа низ тркалезна цевка

    Тунелски вид

    Постави пријател така што да стои пред голем шуплив предмет. Намести го апаратот од другата страна така што пријателот ќе биде во средина на кадарот. Држејќи го прстот на екранот една секунда, заклучи го фокусот така што пријателот да биде во кадар, а потоа фотографирај.

  • Fotografija koju je snimio Galaxy Note9 – žena u dugačkoj haljini stoji u plavo-crvenom paviljonu okruženom zelenilom

    Градба

    Си пронашол некој интересен објект или градба? Пробај да го вметнеш во кадар.

    Најнапред погледни околу себе за да видиш што може да влезе во кадарот и намести се така што тоа што сакаш да го сликаш да биде точно во средина на кадарот. Користејќи го автоматскиот режим, држи го палецот на предметот на фотографијата додека не се појави кружен знак за заклучување AF/AE. Потоа фотографирај.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - жена во целосно црна облека седи на црвен стол што изгледа како да излегува од ѕидот

    Вртоглавица

    Во просторијата внеси два стола: едниот постави го нормално, а другиот со ногалките насочени кон ѕидот. Стави го Galaxy Note9 на статив или на некоја друга стабилна површина, сврти го кон столовите и седни на нормално поставениот стол како да паѓаш од него.

  • Fotografija koju je snimio Galaxy Note9 – žena nosi crni šešir i vidi se u ogledalu koje leži na kamenju

    Магичен портал

    Изнеси го огледалото надвор и стави го на трева. Може да употребиш огледалце од несесерот или кое било друго - не се важни големината и обликот.

    Стави го Galaxy Note9 на земја, сврти го под агол кон огледалото и застани на местото каде што се гледа одблесокот. Држејќи ги рацете зад грб, со клик активирај Bluetooth на S Pen за да фотографираш.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - маж во црвена кошула стои пред црвен ѕид и фрла сина хартиена чаша со црн капак во воздух

    Лебдење

    Како модел нека ти послужи пријател или пријателка. Дај му/и некој лесен предмет, на пример, тениско топче или празна шолја со капак.

    Нагоди ја камерата на автоматски режим и испробај го рафалното снимање сликајќи го/ја како го фрла тој предмет во воздух. Притисни и држи го копчето за активација. Потоа од Галеријата избери фотографија на која најдобро се гледа предметот.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - дрво што се истакнува во зелено поле, пред сино небо без облаци

    Идила

    Сакаш да снимиш некое уникатно дрво? Постави го Galaxy Note9 во автоматски режим, намести го дрвото во средина на кадарот и фотографирај кога ќе се појави иконата дрво.

    Note9 автоматски ги препознава дрвјата и ги подигнува твоите фотографии со природа на сосема ново ниво.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - син сад со зелен смути и црвено овошје

    Градба

    Си пронашол некој интересен објект или градба? Пробај да го вметнеш во кадар.

    Note9 автоматски ја препознава храната и ја претставува во најдобра светлина.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - букет со црвени, бели розови и сини цвеќиња на сива површина, со растурени ливчиња

    Букет

    Аранжирај го букетот цвеќе на масата така што ќе заземе најмалку 1⁄4 од кадарот. Избери автоматски режим, почекај да се појави иконата цвет, а потоа фотографирај.

    Galaxy Note9 автоматски го препознава цвеќето и прави преубави фотографии со цвеќиња.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - жена носи маичка на риги и прекриена е со ригести сенки

    Линии на сенки

    Ноќе влези во соба низ чиј прозорец навлегува улично осветлување. Постави пријател пред ролетната - венецијанерот и отворај ја/го и затворај -ќе видиш остри сенки.

    Избери pro режим, нагоди го отворот на блендата на F1,5 и со повлекување низ брзината на блендата направи остри сенки. Потоа фотографирај.

  • Fotografija koju je snimio Galaxy Note9 – plave stepenice sa ljudskom senkom na njima

    Хармоника

    На сончев ден најди скали или трибина и стави го Galaxy Note9 на статив или на некоја друга стабилна површина. Застани така што сенката ќе ти паѓа на скалите и експериментирај правејќи различни положби со телото. Додека го правиш тоа, со клик активирај Bluetooth на S Pen за да фотографираш.

  • Фотографија што ја снимил Galaxy Note9 - сини скали со човечка сенка на нив

    Светкава тетоважа

    Влези во сончева соба со завеса од тантела. Постави го пријателот така што да го осветлува сонцето и помрдни ја завесата така што да се гледа светлинската тетоважа на телото. Потоа чукни на најсветлиот дел на сликата за да направиш остри сенки и фотографирај.