Грижа за животната средина

Услуга за зголемување на еколошката свест

Останете подолго со корисничката поддршка на Samsung

Еколошки поправки

Намалете го електронскиот отпад така што ќе ги замените
само оние делови што мора да се заменат.

● Секогаш кога е можно се обидуваме да ги поправиме телевизорите и паметните телефони на еколошки начин, така што заменуваме само одредени делови, а не го менуваме целиот склоп.

● Кога го заменуваме само дефектниот дел, на тој начин ги ачувуваме компонентите и придонесуваме кон намалување на јаглеродниот отпечаток и кон намалување на количеството електронски отпад.

● Посветени сме кон тоа да Ви овозможиме разни опции за да можете да ги поправате производите и да го продолжите нивниот век на траење.

Ве молиме имајте предвид: Ова е достапно само за одредени модели и видови дефекти на телевизори и паметни телефони. За повеќе информации контактирајте ги нашите канали за корисничка поддршка.

Еколошка амбалажа

Се трудиме да користиме подобри материјали за пакување на заменските делови за да ја заштитиме животната средина.

● Нашите фабрики коишто произведуваат заменски делови постојано бараат нови начини за пакување и испорака на заменските делови до глобалните подружници, со цел да ја зачуваат животната средина.

Нашиот проект „Услуга за зголемување на еколошката свест“

Дознајте повеќе за нашите проекти за зголемување на еколошката свест коишто ги реализираме во рамки на корисничката поддршка на Samsung.

Code to Open Chat Window