How to connect your Galaxy smartphone to a car using Android Auto
Никогаш нема да треба да ги тргнете рацете од воланот со целосната поддршка што ви ја обезбедува Android Auto. Android Auto овозможува контрола над екранот на автомобилот со реконструкција на екранот и прикажување на сите информации што ви требаат пред вас. Искористете ги неговите предности и побарајте корисни совети како да ги поврзете вашиот автомобил и мобилниот уред со Android Auto.
Пред да ги испробате следниве препораки за да го решите овој проблем, проверете дали софтверот на вашиот уред и потребните апликации се ажурирани. Проверете како да го ажурирате софтверот на уредот според следните чекори.
Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.
Чекор 2. Допрете Преземање и инсталација.
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Што сѐ може Android Auto
- Поврзете го вашиот телефон со екранот на автомобилот. Апликацијата Андроид веднаш се прикажува. Со гласовни команди можете да ги прикажете насоките за возење или пораките. Можете и да се јавите на пријател без да ги користите рацете. Android Auto ви помага да се концентрирате на возењето и да уживате во возењето. Поврзете го телефонот и започнете.
- Што поддржува Android Auto
- Навигација
- Апликација за музика
- Телефонски повици и СМС-пораки
- Google Assistant
Како да се поврзат Galaxy телефон и автомобил
Чекор 1. Проверете го возилото.
- Проверете дали возилото или стерео уредот се компатибилни со Android Auto.
- Проверете дали Android Auto е вклучен во поставките на вашето возило. Ако ви треба помош со ова, погледнете во упатството за возилото или контактирајте го производителот.
- Во некои возила Android Auto е додаден како надградба. Ако вашето возило е на списокот на возила што го поддржуваат, но Android Auto сепак не работи, обидете се да го ажурирате системот за информирање и забава или контактирајте го продавачот. Ако ви треба помош со ова, погледнете во упатството за возилото или контактирајте го производителот.
Чекор 2. Проверете го телефонот.
- Ако вашиот телефон има Android 10, не треба посебно да го преземате Android Auto.
- Ако вашиот телефон има Android 9 или постара верзија, мора да го преземете Android Auto од Play Store.
- За да работи Android Auto, вашата телефонска линија мора да овозможува пренос на податоци. Ако вашиот телефон е поврзан со USB кабел, повлечете со прст надолу од врвот на екранот и допрете го известувањето на системот Android. Изберете ја опцијата што овозможува пренос на фајлови.
Чекор 3. Поврзете се и започнете.
- Можно е да ги поврзете Android Auto и возилото преку Bluetooth или USB кабел, а начинот на поврзување може да се разликува во зависност од возилото и производителот.
- Проверете дали Android Auto е прикажан на екранот.
- Иако повеќето USB кабли изгледаат слично, меѓу нив има многу разлики во однос на квалитетот и брзината на полнење. За Android Auto потребен е квалитетен USB кабел кој поддржува пренос на податоци. Ako je moguće koristite originalni kabel koji ste dobili s uređajem.
Android Auto работи само со одредени уреди, возила и USB кабли. Ако имате потешкотии при поврзување на вашиот телефон, проверете го следниот список за да го решите проблемот.
Контролен список ако не можете да се поврзете
- Android Auto препорачува Android 6.0 или понова верзија.
- Проверете дали има ажурирања за Android Auto и апликацијата секогаш нека биде ажурирана.
- Од безбедносни причини, првото поврзување е можно само кога возилото е запрено.
- Можно е да ги поврзете Android Auto и возилото преку Bluetooth или USB кабел, а начинот на поврзување може да се разликува во зависност од возилото и производителот. Проверете со производителот на возилото за правилно поврзување на возилото со Android Auto.
- Користете оригинален USB кабел на Samsung (во зависност од возилото, дури и оригиналниот кабел можеби не е компатибилен). Понатаму, се препорачува да користите краток USB кабел, долг до еден метар.
- Проверете дали сте поврзани со друго возило.
Како да проверите дали е отежнато поврзувањето од друго возило
Чекор 1. Исклучете го телефонот од автомобилот.
Чекор 2. Отворете ја апликацијата Android Auto на вашиот телефон.
Чекор 3. Изберете Мени > Поставки > Поврзани автомобили.
Чекор 4. Отштиклирајте ја поставката Додај нови автомобили во Android Auto.
Чекор 5. Обидете се повторно да го вклучите телефонот во автомобилот.
Забелешка: Проверете дали вашиот автомобил е компатибилен со Android Auto и дали Android Auto е вклучен.
Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Ако забележите невообичаено однесување на мобилните телефони, таблети или носиви уреди на Samsung, можете да ни поставите прашање преку апликацијата Samsung Members. Така ќе можеме подобро да видиме што се случува. Податоците се анонимни и се чуваат само додека трае истрагата. Дознајте повеќе за тоа како да поднесете извештај за грешка во упатството Kako koristiti aplikaciju Samsung Members.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window