Одржлив синџир за набавка

Одржлив синџир за набавка

Се грижиме нашите
материјали да бидат
набавени етички и одговорно

Се грижиме нашите материјали да бидат набавени етички и одговорно

Ги поддржуваме нашите снабдувачи да изградат повисока конкурентска предност за да воспостават стабилен корпоративен екосистем и одржлив синџир за набавка

Ги поддржуваме нашите снабдувачи да изградат повисока конкурентска предност за да воспостават стабилен корпоративен екосистем и одржлив синџир за набавка

Во соработка со нашите снабдувачи од целиот свет, континуирано работиме кон одржлив деловен екосистем, заснован на филозофијата на праведност, отвореност и заеднички просперитет. Им даваме поддршка на нашите снабдувачи да работат придржувајќи се кон глобалните закони и стандарди за исполнување на нивните еколошки и социјални одговорности. Исто така, раководиме со систем за управување со ризици за да ја минимизираме повредата на човековите права и влијанието врз животната средина во процесот на рударство во високоризичните области.

Стратегија за управување со синџирот за набавка

Економска

Обезбедуваме сеопфатна економска предност во трошоците, испораката, квалитетот и човечките ресурси со цел да ја максимизираме синергијата, брзината и ефикасноста со нашите снабдувачи и да создадеме корпоративен екосистем кој овозможува одржлив развој.

Икона на графикон со ленти со стрелка над него што илустрира економски раст. Икона на графикон со ленти со стрелка над него што илустрира економски раст.

Социјална

Бараме придржување кон меѓународните стандарди и прописи во областите на управување со човековите права, работната средина, етиката и прашањата за конфликт околу минералите со цел да изградиме отворен и транспарентен систем за управување со отчетноста кој ги вклучува сите чинители по должината на синџирот за набавка.

Икона на глобус што илустрира социјално управување. Икона на глобус што илустрира социјално управување.

Еколошка

Работиме исклучиво со партнери со сертификација Eco Partner за да можеме да го процениме и да управуваме со влијанието врз животната средина што може да настане во нивните компоненти, суровини и процес на производство.

Икона на мал лист на корен што илустрира управување со животната средина. Икона на мал лист на корен што илустрира управување со животната средина.
  • Работење на
    снабдувачите

  • Соработка со
    партнерите

  • Работна средина кај
    снабдувачите

  • Управување со
    конфликт околу
    минералите

Работење на снабдувачите

Samsung Electronics настојува да изгради стратегиски партнерства со снабдувачите со најдобра изведба, засновани на меѓусебна доверба. Токму затоа усвојуваме праведен и транспарентен процес во работењето на нашиот систем за регистрирање снабдувачи за новите снабдувачи, извршувајќи годишни процени за да им помогнеме на нашите снабдувачи да ја зацврстат својата конкурентска предност и да ги минимизираат релевантните ризици. Секоја компанија која сака да го претстави својот разноврсен технолошки капацитет и сака да води бизнис со Samsung може да ги поднесе своите нови деловни предлози на нашиот Портал за снабдувачи (www.secbuy.com) во секое време. Нашиот Меѓународен центар за набавки (IPC) служи како централно место за набавки и ни овозможува да ги идентификуваме извонредните снабдувачи во стратегиски значајни региони во целиот свет.

Маж од Кореја и бел маж коишто носат деловни костуми стојат на отворено и се ракуваат. Белиот маж држи куфер во другата рака. Маж од Кореја и бел маж коишто носат деловни костуми стојат на отворено и се ракуваат. Белиот маж држи куфер во другата рака.

Услови за регистрирање нови снабдувачи

  • Животна средина и безбедност

    Барање од снабдувачите да ги исполнат критериумите наведени во 22 члена, кои опфаќаат безбедност на работното место, опрема за спречување пожар, професионално здравје, опасни супстанции и еколошки објекти. Девет задолжителни ставки за усогласеност: Опрема за спречување пожар, опасности и отпад, објект за третман на канализациска и отпадна вода итн.

  • Работни права

    Барање од снабдувачите да ги исполнат критериумите наведени во 20 члена, вклучувајќи доброволна работа, усогласување со прописите за работно време и забрана за дискриминација.
    Три задолжителни ставки за усогласување: забрана на
    детски труд, гарантирана минимална плата и забрана на нечовечки третман.

  • Eco-Partner

    Спроведување ревизии на еколошката политика за производите, едукација и обука и користење опасни супстанции. Водење бизнис исклучиво со снабдувачи со сертификација Eco-Partner.

Годишен процес на евалуација и критериуми за снабдувачи

  • 01

    Самопроцена во
    текот на целата година

    Снабдувачите извршуваат
    самопроценување врз основа
    на ставките за
    евалуација што е
    поврзано со деловната
    конкурентност и
    одржливост.

  • 02

    Само-
    подобрување

    Снабдувачите самите ги идентификуваат
    потребните подобрувања
    и ги спроведуваат.
    Samsung ги следи
    ризиците
    и нуди
    повратни информации

  • 03

    Евалуација

    Снабдувачите се известени за
    нивните резултати од
    конечната процена на
    крајот од секоја година

  • 04

    Пост-
    управување

    Снабдувачите развиваат
    и спроведуваат планови
    за подобрување, а
    Samsung обезбедува помош

Ставки за евалуација за деловната конкурентност

  • Технологија

    Сопственост на
    технолошките
    патенти и инвестиции во истражувањ
    е и развој

  • Квалитет

    Стапки на неуспех
    и сертификација
    на системот за управување
    со квалитет

  • Реакција

    Вклучување во нашите
    политики и активности
    за иновации

  • Испорака

    Испорака навреме и
    испраќање навреме

  • Трошок

    Зголемување на стапката
    во вредноста на
    трансакциите и
    конкурентноста
    во трошоците cost

Ставки за евалуација на одржливоста

  • Животна
    средина, здравје и
    безбедност

    Безбедност на работното место и меѓународна сертификација

  • Финансии

    Кредитен рејтинг и
    стапка на задолженост

  • Право
    (социјално)

    Работна сила и човекови права на работното место и борба против корупцијата

Поддржување на нашите партнери да бидат најдобри

За да живееме според нашата деловна филозофија дека „нашата конкурентска предност во Samsung Electronics доаѓа од конкурентската предност на нашите снабдувачи“, ние продолжуваме да ги поместуваме границите на нашите победнички иницијативи за управување вклучувајќи и домашни и меѓународни снабдувачи. Обезбедуваме широка низа програми за поддршка на финансирањето, образованието и иновациите за да гарантираме дека нашите снабдувачи стануваат глобално конкурентни.

  • милијарди

    974

    корејски вони

    Инвестирање во победнички фонд за
    соработка

    Финансирање

    Креирање фондови вредни 1 трилион корејски
    вони со комерцијалните банки

    >
  • 16,756

    лица

    Присутни на
    обуката за снабдувачи

    Градење на капацитетот за вработените

    Обезбедување лидерство, експертиза на работното место,
    глобални и други
    курсеви со користење средство за обука само за снабдувачи

  • 375

    компании

    Снабдувачи кои добија поддршка Smart Factory

    Иновациски иницијативи

    Поддржување на 1.000 снабдувачи и мали и
    средни претпријатија без
    деловни односи со Samsung
    низ целата земја за подобрување на нивниот
    производствен капацитет

[Резултати во 2020 година од нашите клучни победнички програми]

* Им помагаме на нашите првостепени и второстепени снабдувачи да ги изразат своите поплаки преку нашата директна телефонска линија (+82-80-200-3300), преку е-пошта (ssvoc@samsung.com), преку онлајн систем за „укажувачи“ на Порталот за снабдувачи (www.secbuy.com), со онлајн консултации со снабдувачите и преку разни состаноци за размена на информации.

Кодекс на однесување за cнабдувачи и водич

Го усогласуваме нашиот Кодекс на однесување за снабдувачи со оној на RBA и ги споделуваме ажурирањата со нашите снабдувачи. Исто така, обезбедуваме водич за да им помогне да се придржуваат кон кодексот и да го применат управувањето со усогласеноста во практика.

  • Кодекс на однесување за снабдувачи
  • Кодекс на однесување за снабдувачи и водич

Обезбедување безбедно работно место за сите

Редовно ги следиме сите наши снабдувачи во согласност со стандардите за верификација на RBA (Алијанса за одговорен бизнис) за идентификување на проблемите и спроведување на неопходните подобрувања. Иако ги поддржуваме првостепените снабдувачи да создаваат безбедно работно место, таквата обврска за безбедност на работното место се протега и на нашите второстепени снабдувачи преку првостепените снабдувачи.

Самопроцена

Годишна самопроцена на сите првостепени снабдувачи со користење листа за проверка заснована на 85 критериуми на RBA

Ревизии на терен

Ревизии на терен на високоризичните
снабдувачи за да се идентификуваат задачи
за подобрување.

Високоризични снабдувачи: Големо влијание
врз основа на деловниот обем или
зависност, лоцирани во област со висок геополитички
ризик, ниска оценка при самопроцената
или вмешани во наводи

Се извршува од страна на независен
специјален ревизорски персонал,
предводен од ревизори сертифицирани од RBA

Бројот на интервјуирани е еднаков
на квадратен корен од вкупниот број вработени
на снабдувачите

Ревизии од трети страни

Ревизорски фирми од трети страни сертифицирани
од RBA избираат снабдувачи по случаен избор и
спроведуваат внатрешни ревизии засновани
на критериумите на RBA

Се најавува само изборот на
целта и не се објавува специфичниот
распоред за да се обезбеди поточна ревизија
уште од 2015 година

Се презема итна активност за задачите кои
можат веднаш да бидат решени. Резултатите
се потврдуваат преку завршните ревизии

Нашите снабдувачи

Минерали од одговорни извори

Samsung Electronics користи систем за управување со минерали заснован на „OECD Due Diligence Guidance for Responsible Supply Chains of Minerals from Conflict-Affected and High-Risk Areas“ и управува со топилниците во синџирот за набавка преку снабдувачи со кои работиме. Активно го споделуваме списокот на топилници со различните чинители, вклучително и со нашите клиенти. Дополнително, ги поттикнуваме снабдувачите да соработуваат со топилници сертифицирани со RMAP (Процес за контрола на одговорни минерали) и бараме од топилниците без сертификат во нашиот синџир за набавка да бидат сертифицирани од RMAP. Извештајот за одговорни минерали кој вклучува листа на топилници и други информации ги истакнува напорите на Samsung Electronics да го минимизира негативното социјално и еколошко влијание на рударските операции, кои се чувствителни на повреда на човековите права и уништување на животната средина.

Процес на длабинска анализа на Samsung Electronics заснован на Насоките на OECD за длабинска анализа

Крупен кадар на човечки дланки со дебели ракавици, како држат купче сиви сурови минерали. Крупен кадар на човечки дланки со дебели ракавици, како држат купче сиви сурови минерали.
  • Извештај на Samsung Electronics за одговорни минерали

Список на топилници и рафинерии

(на крајот на декември 2020 година)

Завршена
cертификација
cертификација
во тек
Total
Тантал
(Ta)
38 - 38
Калај
(Sn)
53 - 53
Волфрам
(W)
42 - 42
Злато
(Au)
107 - 107
※ Кобалт
(Co)
- - 27